Редовна војска повторно?

  • Креатор на темата Креатор на темата SmokeTooMuch
  • Време на започнување Време на започнување
Дај боже да има, ама не ми се верува да спроведат.Иначе убаво ќе биде малце да се едуцираме, ќе не нападнат не знаеме пушка да држиме :confused:
 
Дај боже да има,ама треба инцијатива да се даде кон Влада,колку е само добро 9 месеци,дружба онака со луге од цела Македонија,таму се станува маж,а не со маус во рака секој ден :D
 
Дај боже да има, ама не ми се верува да спроведат.Иначе убаво ќе биде малце да се едуцираме, ќе не нападнат не знаеме пушка да држиме :confused:

Да пошо нели за секој е пушка...
--- надополнето: Sep 24, 2011 12:32 AM ---
Дај боже да има,ама треба инцијатива да се даде кон Влада,колку е само добро 9 месеци,дружба онака со луге од цела Македонија,таму се станува маж,а не со маус во рака секој ден :D

Да, гледам све мажишта по војска... да се запраша човек кој има повеќе секс... регрут или затвореник....
Е сега со кој пол...
 
Да пошо нели за секој е пушка...
--- надополнето: Sep 24, 2011 12:32 AM ---

Да, гледам све мажишта по војска... да се запраша човек кој има повеќе секс... регрут или затвореник....
Е сега со кој пол...

Чоек таму има стручни лица, нема тебе да ти дадат пушка и да правиш што сакаш.Ако се правиш мангуп ќе чистиш вециња ;)
 
Зошто ќе ви е редовна кога кој сака може доброволно да се пријави?

И не е само дружење 9 месеци и излежување. Јас бев (за жал) само 10 дена, и морав да одложам заради здравствени проблеми, воопшто не е така лесно како што изгледа. Првин е повеќе психички тешко него ли физички.
Навика е да станеш во 5 ипол сабајле и да си на нога цел ден, со тек на време се навикнуваш, ама психички те малтретираат, дисциплина многу се бара...
Сума сумарум од тоа јас што го видов додека бев таму е навика, рано легнуваш-рано стануваш, лошо е што ќе го трпиш авторитетот на некој си старешина таму во поголем процент што уште убаво не н знае македонски да зборува :)

И немаат регрутите секс, во јадењето ставаат нешто, незнам што, мислам Бром дека беше, но во мали количини и од тоа не им се дигало:D Не зборувам од искуство скраја да е, само слушав муабети меѓу машките :pos:
--- надополнето: Sep 24, 2011 1:42 AM ---
Еве јас лично сакам а отидам за да научам да ракувам со оружје но и за да зајакнам малку а не да седам до 3-4 часот по форум и по фејсбук.Дајте некоја инофрмација, знам дека се служи во Велес, дали ке ме примат со моите 19 години?Каде се пријавува?
Ќе се пријавиш во министерство за одбрана на ниво на град, зависно од кој град си, се служи во Велес, Штип и Охрид (мислам). Ќе те примат на 19 години, имаш право да служиш од 18 до 23 години. :) И да, оружје ќе ти дадат само 2-3 пати, како што веќе рече Неон.
 
Да пошо нели за секој е пушка...
--- надополнето: Sep 24, 2011 12:32 AM ---

Да, гледам све мажишта по војска... да се запраша човек кој има повеќе секс... регрут или затвореник....
Е сега со кој пол...

Епа затоа што нема војска,ке гледаш луѓе како фифи,бојан13 и ред компанија низ Македонија,војската е најголема школа во животот,таму ке научиш многу работи,јас се кладам да пукне некоја војна и да отидеме ние,нема да знаеме пушка да држиме,нема да знаме бомба да фрлиме,самите ке се убиеме меѓу себе,јас лично сакам да се воведе закон,верувај ако идеш ке научиш што е дисциплина,а не како што реков кантер да играме секој ден пред компјутер ;)
 
Немора да се оди во војска за да се стане "маж". Физички се зајакнува и со доброволен тренинг, дисплицина се стекнува и без некој старешина да ти труби над глава. Ако сакате стрелаштво, имате курсеви и клубови. Има кај Кале мислам. Е сега, стравот не се губи така лесно, па ако си како што викаат "пичка у душа" тешко дека војската ќе ти помогне. Што знам, земете читајте некои инспиративни книги за self-improvement.

Имам служено војска, така да знам што зборувам. Во Пожаревац, тогашна ЈНА, бев артилерец. Иако интересно беше кога не носеа на полигон каде гаѓавме дрвја со југословенски катјуши (Огањ) добри искуства од војска тешко некој да има: постојано станување рано на кое се навикнуваш, викање и казни од страшенините за секоја направена грешка, десетар кој мислеше дека го фатил Господ за муда зошто имал повисок ранг, стража т.е мрзнење а ти се спие, лупење компири и чистење вециња, никаква храна, но и повремено дигање на адреналин со пукање ракети или стрелање со пушка. Без разлика што ова било пред повеќе од 20 години, не верувам дека многу нешта се сменети во армијата. Затоа велам, не е мала работа служење на војска, макар и само неколку месеци, поради тоа сметам дека сите тие што сакаат да одат во војска само за да се "исчеличат психички и физички" големи се шансите дека веднаш ќе се покаат.

А вие што одите од патриотски причини, на вас не знам што да ви кажам. Секое добро...
 
Се согласувам со нихилист, кој сака да оди му треба многу добар психо-физички тренинг, јас затоа што не се `исчеличив` ме вратија дома. Мислев на шала е, што ми можат бре, ама доволно е еднаш да ти се искења над глава со повисок тон за да се покакаш. Мачно е, јас сакав да завршам, ама не биваше, паѓав во несвест два пати и од таму ми рекоа фино лепо - ти не си за тука :) Уште кога ќе земеме во обзир дека со 47 кг отидов, а 50 треба минимум да имаш:eek:

Така да, пак ќе речам, не ви треба редовна да е ако сакате да одите, кој сака да оди доброволно нека си се пријави, ама нека вежба многу, не е воопшто лесно како што изгледа. Првин психички нека се среди, не е лесно да трпиш авторитет а притоа да немаш право на глас, и изживување, особено ако сте по темпераментни по природа.:)
 
треба да воведат од повеќе причини :
прво да видиш како е сам да се снаоѓаш во животот ( таму по правило нема мама тато или и да има е во занемралив број), мислам на нормална војска како ЈНА (за дисциплина), и ке видиш како е да живееш со непознати и да не си одиш дома полагодина а и повеќе. овде се лекува од синдромот мамин син.
второ основно познавање на оружје и војување.
трето психичко и физичко созревање
четврто дисциплина и здрав начин на живот
петто ке запознаеш мноогу нови пријатели
шесто ке имаш време да си го премоташ животот неколку пати и да видиш каде тоа си згрешил, и нормално кога ке се вратиш ке бидеш нов човек кој спремен да почне одново.
и седмо и не така битно ти е анти рогови терапија( ке видиш колку ти вреди женската или жената ).
 
сум за да има редновна војска зошто од од кога се прекина оваа војска сите машки да ми простите станавте педери во друга смисла
 
сум за да има редновна војска зошто од од кога се прекина оваа војска сите машки да ми простите станавте педери во друга смисла

значи ти НАВИВАШ да машките одат и си го губат времето по ридој и патишта,додека вие го чекате војничето везејки гоблени и плетејки му чорапи кои ќе ги топлат во долгите зимски ноќи на стражи.......убо,убоооо
 
да за тоа сум
значи ти НАВИВАШ да машките одат и си го губат времето по ридој и патишта,додека вие го чекате војничето везејки гоблени и плетејки му чорапи кои ќе ги топлат во долгите зимски ноќи на стражи.......убо,убоооо[/quote
да барем ке имам кој да чекам ке се надевам и ке знам дека не ме изневерил со некоја инаку не сте бре мажи ако не одите во војска според мене маж не признавам што одел во теретана
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom