Член сум веќе година дена на Кајгана и АРАМ да ми е шо не ми текна да ги побарам низ форумиве и да влезам за да едноставно си ги истурам емоциите за Ред Хот шо ги имам и продискутирам за нив.
Како прво изиритиран сум од првите коментари ама бидеќи се многу стари и луѓево веќе заборавиле шо коментирале пред 7-8 години нема смисла да реплицирам
Сакам само да кажам дека мене лично Ред Хот длабоко ми ги прочепкаа ушите и ми го подобрија слухот во музиката, ми го проширија видикот и ми помогнаа да најдам и да се вклопам во добра музика.
Почнуваат како локален Фанк-Рок бенд во Калифорнија во 80-тите и се страшно добро прифатени, нема многу да трујам со нивната биографија само за тие што не знаат ќе потенцирам дека Ред Хот се меѓу првите кои почнуваат да свират Фанк-Рок музика и денес како главно алтернативен рок бенд сеуште не ја забораваат и продолжуваат да подпикнуваат по некое фанк- рок парче во албумчињата.
КОМЕРЦИЈАЛА- Можеби нивнава музика моментално има елементи на комерцијала но ќе се претера ако отсечно се изговори "комерцијала" како реакција на нивното спомнување

Главната цел и филозофија на бендов не е комерцијална музика, кој што знае повеќе за нив знае за што правам муабет, значи првите 6 албуми немаа никаква врска со комерцијална музика, се работи за чиста андерграунд музика со одлична филозофија, станува збор за следниве албуми (RHCP-84, Freaky Styley- 85, The uplift mofo party plan-87, Mother's milk-89, Blood sugar sex magik-91 и One hot minute-95), ова ти се албуми со доминантна фанк-рок/метал музика од која поред мене нема поандерграунд музика (производ од вистинска љубов кон музиката)- МОЈ СТАВ.
Е веќе од 99-та година со "Californication" почниваат да невлегуваат во комерцијални води, исклучок го правам последниов проект шо го спремаат кој е далеку поразличен, НО! и во комерцијалната музика ако смеам тоа да го речам се снаоѓаат многу добро и како што реков успеваат да ја потпикнат и по некое фанк-рок парче и да останат успешни и популарни, е тоа пријатели заслушува да се нарече легендарност пошо сметам дека имаат многу допринесено во музиката и претставуваат основа за многу други бендови!