Значи се зачленив на форумов само заради темава... повелете.
“ Австралиските експерти утврдија дека само една испиена лименка Ред Бул може да го зголеме ризикот од срцев удар и дека може да биде смртоносен во комбинација со стрес и висок притисок.
Напитокот кој е со зголемено количество на кофеин е популарен кај студентите и приврзаниците на адреналинските спортови поради тоа што, го прикрива заморот и го лаже организмот.
Но, исто така овој напиток ја прави крвта „леплива“, што е предуслов за кардиоваскуларни проблеми како што е на пример срцевиот удар, тврдат експертите.
„Еден час откако ќе го испијат Ред Бул нивниот крвоток веќе не е нормален. Се однесува исто како болен со кардиоваскуларни проблеми“, изјави Скот Вилоугби, шеф на истражувањето од Кардиоваскуларниот истражувачки центар на Кралската болница во Аделаида.
Портпаролката на Ред Бул од Австралија, Линда Рихтер вели дека извештајот ќе го проценат во централниот уред на компанијата во Австрија.
Вилоугби и неговиот тим ги тестираа крвотоците на 30 млади луѓе пред и по консумирањето на една лименка Ред Бул од 250мл, без шеќер.
Резултатите покажале дека по конзумирањето „нормалните луѓе развиваат симптоми обично поврзани со кардиоваскуларните болести“, тврди австралискиот научник.
Ред Бул е забранет во Норвешка, Уругвај и Данска, поради здравствен ризик, но истовремено во минатата година се продадени околу 3.5 милијарди лименки во 143 земји.
Австриската компанија спонзорира спортски настани ширум светот и ги предупредува потрошувачите да не конзумираат повеќе од две лименки дневно.
Рихтер вели дека Ред Бул се продава толку добро, само затоа што лекарите заклучиле дека пијалокот е сигурен за конзумација. Од друга страна, Вилоугби тврди дека напитокот може да биде смртоносен во комбинација со стрес или висок притисок.
„Ако имате предиспозиции за кардоваскуларна болест, треба двапати да размислите пред да го испиете“, вели тој. “