Реалноста и идеалот

  • Креатор на темата Креатор на темата Natural-girl
  • Време на започнување Време на започнување
Идеалист...се надевам на подобра иднина,на подобра слика од оваа што денес ја гледаме...

Реалноста е таа...неможам само туку така...да седам цврсто на земја и да бидам реалиста...
 
Себеси се сметам за реалист, не летам во облаци, зашо сватив дека е само залажување кога постојано мечтаеш, можеби звучи многу роботски,ама такови ми се околностите, па шо почна да ме плаши во последно време е што ме мава анксиозност лоша работа било тоа....
 
Дали цврсто стоите на земја или пак сонувате за подобро време? Дали сте реалисти или пак, идеалисти? Дали идеализирањето на работите ви помага? Може ли да се направи некаква спојка меѓу она што го имаме и она што го посакуваме? Очекувам размислувања, а и јас ќе се произнесам на подолго:helou:

И од едното и од другото. Сонувам за убав, подобар свет, сонувам за свет каде што ќе доминира љубовта, почитувањето и мирот, но во исто време сум со нозете на земја, знам каде е реалноста и каде се границите. Во главата замислувам, идеализирам, фантазирам да направам многу работи, но во реалноста знам до каде одат моите можности. Најубаво е кога ќе се поклопи реалноста со идеалот, што многу ретко се случува.

Сепак никогаш не би се откажала од идеализирањето, од она летање и сонување, тоа е нешто кое мислам дека ме движи напред, а реалистичкиот дел служи само за да не одлетам предалеку, па да не се повредам од премногу идеализирање.

Како и да е, во мојот живот прво место заземаат идеалите, идеализирањето, а потоа доаѓа реалноста, која сепак е потребна.

Goddess of Chaos напиша:
Идеалист по природа, а реалист во борбата со другите идеалисти!!

Донекаде се пронајдов во реченицава.:)
 
Цел живот се трудам да бидам сонувач, ама премногу сум рационална за тоа. Понекогаш за момент ќе забегам во идеали, ама веќе следниот момент се штрекнувам и се проектирам назад у реалноста; природата не ми дозволува да си живеам во моите замислени светови. :)
 
Фак,ако не постоеше идеалот,веројатно ќе бев мртов досега.
Едноставно,мора да постојат нашите замоци и планети,нашите замисли,бидејќи тие се одраз на нашето Его(а со тоа и на нас самите).
И нормално,мора да го прифатиме фактот дека нашите идеали на останатите можеби воопшто нема да им изгледаат реално(рационално?),но и покрај тоа,тие се наши и не би требало да се срамиме и да ги криеме,само за да постигнеме некоја глупо-површно-материјална амбиција.
Каква би била една индивидуа без идеал?!?
Неможам ни да замислам.
Не ни сакам.
А ги гледам секојдневно околу мене...тоа е тажно.
 
Донекаде се пронајдов во реченицава.:)

Мислам дека сите сме такви кога ќе дојде време за пресметка надвор од нашата сопствена идеална замисла. Така мора да биде, секој што поседува нормална количина самодоверба се обидува да го избутка во светот своето идеално.
Ама што се случува кога треба да си изградиме колективно идеално...охохо.
 
Фак,ако не постоеше идеалот,веројатно ќе бев мртов досега.
Едноставно,мора да постојат нашите замоци и планети,нашите замисли,бидејќи тие се одраз на нашето Его(а со тоа и на нас самите).
И нормално,мора да го прифатиме фактот дека нашите идеали на останатите можеби воопшто нема да им изгледаат реално(рационално?),но и покрај тоа,тие се наши и не би требало да се срамиме и да ги криеме,само за да постигнеме некоја глупо-површно-материјална амбиција.
Каква би била една индивидуа без идеал?!?
Неможам ни да замислам.
Не ни сакам.
А ги гледам секојдневно околу мене...тоа е тажно.
Добра поента, во право си, тоа е тажно. Не дека не ги имаат идеалите, но доволно внатре ги потиснале, така што веќе не можат ни самите да си ги ископаат. Дали општеството е криво што не дозволува да сонуваме, што бара помирување со некоја површна реалност, што бара држење до сега и овде, што осудува луѓе кои размислуваат со своја глава - кои ја креваат главата високо кога размислуваат за иднината зошто веруваат дека би требало целиов живот да има повозвишена нота?
Дури и да е заблуда, слатка е и зошто да не ја живееме истата кога всушност се`, светот, животот, луѓето, се` е прашање на наша лична перцепција?!
На пример, никој нема да ме убеди дека за да се изборам за положба во општествово треба да се служам со лицемерност и лаги. Никој нема да ме убеди дека љубов е поим што го измислиле партизаните за да ебат без пари. Никој нема да ме убеди дека секое пријателство е заради корист. У превод, сакам да ги почитувам животните вредности, сакам да верувам во некој идеал...
 
Наспроти идеалите и сомнежите нашата реалност е сосема поинаква.Нема реалност на идеали, ниту избор без последици, одговори без прашања...Идеалот е врела илузија која не потикнува да се бориме, близок сегмент на феноменот "човечки мозок".Реалноста е одраз на сегасноста која ја перципираме оставајки плитки траги во иднината, го креираме идеалот се стемиме кон него, други го порекнуваат...потребна ни е моќ за да живееме со идеалите во реалноста.
 
Реалноста е далеку од идеалот. Идеалот постои само во фантазијата па за мене можам да кажам дека сум голем идеалист во себе. Но секогаш некои работи пред да ги направам им ја гледам каква им е реалноста, што во суштина се пред да ги направам. Живеејќи во идеалот ништо не добивам плус само една замисла за подобар живот. Човекот ретко ги меша идеалот со реалноста. Да, сите сакаме да се споено во една идеална реалност ама тоа мора да бидеме свесни дека не постои такво нешто. Можеме само да се доближиме до идеалот но да го имаме не... секогаш нешто ќе ни фали.Така да лично јас правам разлика, но сепак потсвесно знам дек сум човек идеалист што сака работите да се идеални, ама не е тоа тоа... свеса сум и дека животот не е идила и дека мора да го живееме на начин на кој што не води судбината.
 
Сонувам за подобро време и идеалист сум претежно, реалист сум само тогаш кога мислам дека нема потреба и смисла да идеализирам :) А идеализирањето ми помага во добар дел на пример во моето расположение и во психичката сила, за да можам подобро да се справам со некои работи, да издржам нешто и супер ми е вака :) :wink:
 
Дали цврсто стоите на земја или пак сонувате за подобро време? Дали сте реалисти или пак, идеалисти? Дали идеализирањето на работите ви помага? Може ли да се направи некаква спојка меѓу она што го имаме и она што го посакуваме? Очекувам размислувања, а и јас ќе се произнесам на подолго:helou:

Дефинитивно сонувам..ЗАтоа што ако не сонувам, нема ни да имам што да остварам:helou:..Значи, идеалист сум:)
Секако дека може да се направи спојка, можеме тоа што го имаме да посакаме да го прошириме, доусовршиме, како би направиле да бидеме посреќни и позадоволни, во зависност од целите кои ги имаме зацртано..

Реалноста и идеалот - она што не опкружува и она што го посакуваме се прекрасни кога се сплотуваат во едно. Во едно нешто што го сакаме и го имаме. Звучи добро, но човечиот дух е тешко задоволлив и немирен, тој е обележан со постојаната замисла и потрага по нов идеал.


Секако дека постојат и такви моменти кога реалноста и идеалот се сплотени во едно. Но, да, човекот е ненаситен и во потрага по уште поголемо совршенство, а таа ненаситност нема граници, затоа што секогаш се бара повеќе и повеќе.. Но , сепак и таа може да се достигне ако луѓето се малку поскромни во барањата, но ретко се наоѓаат такви.. Сепак, од друга страна, ако не била таа амбициозност и потрага по нови идеали, и науката не би напреднала, не би го достигнале ова ниво на кое сме сега.. Но, лошиот момент е што не знаеме да нправиме пауза за да уживаме во она што веќе го имаме, туку штом сме го стекнале веќе не ни е интересно, поинтересен е начинот на кој сме дошле до него..Па затоа и ја продолжуваме потрагата..

Човекот е талкач. Талкач кој напати бега од реалноста и скита по патишта барајќи го идеалот. Човекот живее меѓу два света, реалноста го ранува, идеалот го лечи. Тој нема дом. На земјата ја насетува минливоста, а небото му е недостижно.
Човекот се обидува да го пронајде својот космос и место во универзумот. Човекот бара се додека не открие дека идеалот треба да го вметне во реалноста. Идеалот го носиме во разумот и ако научиме да го вклопуваме во сегментите од реалноста, ако научиме да ги отфрламе негативните мисли во главата, ако бар малку ги гледаме порозово нештата, на крајот ќе се вчудоневидиме кога ќе сфатиме дека - и кога ќе ги тргнеме очилата, сликата ќе биде истата, веќе видената и замислената.


Точно е ова, но кога го читам ме потсетува на луѓе песимисти. Затоа што тоа е навистина така. Тие се тие кои во се знаат да го препознаат само негативното, и на него да му се посветат. Наспроти тоа, токму позитивните и оптимистички настроени луѓе се оние кои знаат да сонуваат, но за убави работи, и кои светот го гледаат со розови очила, токму поради тоа што се свесни дека и во најголемата несреќа секогаш може да има и малку среќа... Таквиот начин на гледање на работите е начин кој треба сите да го применуваат, затоа што животот е еден и не вреди да пројде залудно. Токму таквите луѓе знаат да сонуваат, и имаат што да остварат.. Токму тие соништа создаваат новии идеали..Гледано поинаку, целиот наш живот е остварување на соништа... кога тоа ќе се земе предвид, не би рекла дека идеалите не се споени со реалноста, туку напротив.. Но, тоа зависи од самиот човек, и од неговиот пристап кон работите, кој секако треба да е позитивен...!!! :helou:
 
Реалист сум бидејќи низ животот одам со двете нозе стабилно застаната на земја, но од друга страна сонувам, и во состојба сум и газејќи по жива жар да си ги реализирам соништата. Ова повторно говори во прилог на тоа дека сум реалист-си поставувам реални цели кои можам, полесно или потешко, да ги достигнам.
 
Јас сум ти невиден идеалист, кој што сепак реално гледа на работите.
 
Точно е ова, но кога го читам ме потсетува на луѓе песимисти. Затоа што тоа е навистина така. Тие се тие кои во се знаат да го препознаат само негативното, и на него да му се посветат. Наспроти тоа, токму позитивните и оптимистички настроени луѓе се оние кои знаат да сонуваат, но за убави работи, и кои светот го гледаат со розови очила, токму поради тоа што се свесни дека и во најголемата несреќа секогаш може да има и малку среќа... Таквиот начин на гледање на работите е начин кој треба сите да го применуваат, затоа што животот е еден и не вреди да пројде залудно. Токму таквите луѓе знаат да сонуваат, и имаат што да остварат.. Токму тие соништа создаваат новии идеали..Гледано поинаку, целиот наш живот е остварување на соништа... кога тоа ќе се земе предвид, не би рекла дека идеалите не се споени со реалноста, туку напротив.. Но, тоа зависи од самиот човек, и од неговиот пристап кон работите, кој секако треба да е позитивен...!!! :helou:
Ова баш беше оптимистичко. :) Ако прочиташ пак, ќе видиш дека го мислиме истото, само поинаку кажано.:) Посебно болдираното.
И уште нешто, ти спомна розеви очила...Јас само реков дека светот треба да се гледа порозево, додека изразот 'гледање со розеви очила' веќе значи дека човек бега од реалноста и живее во некој свој розев свет во кој се` е добро.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom