Дали цврсто стоите на земја или пак сонувате за подобро време? Дали сте реалисти или пак, идеалисти? Дали идеализирањето на работите ви помага? Може ли да се направи некаква спојка меѓу она што го имаме и она што го посакуваме? Очекувам размислувања, а и јас ќе се произнесам на подолго:helou:
Дефинитивно сонувам..ЗАтоа што ако не сонувам, нема ни да имам што да остварам:helou:..Значи, идеалист сум

Секако дека може да се направи спојка, можеме тоа што го имаме да посакаме да го прошириме, доусовршиме, како би направиле да бидеме посреќни и позадоволни, во зависност од целите кои ги имаме зацртано..
Реалноста и идеалот - она што не опкружува и она што го посакуваме се прекрасни кога се сплотуваат во едно. Во едно нешто што го сакаме и го имаме. Звучи добро, но човечиот дух е тешко задоволлив и немирен, тој е обележан со постојаната замисла и потрага по нов идеал.
Секако дека постојат и такви моменти кога реалноста и идеалот се сплотени во едно. Но, да, човекот е ненаситен и во потрага по уште поголемо совршенство, а таа ненаситност нема граници, затоа што секогаш се бара повеќе и повеќе.. Но , сепак и таа може да се достигне ако луѓето се малку поскромни во барањата, но ретко се наоѓаат такви.. Сепак, од друга страна, ако не била таа амбициозност и потрага по нови идеали, и науката не би напреднала, не би го достигнале ова ниво на кое сме сега.. Но, лошиот момент е што не знаеме да нправиме пауза за да уживаме во она што веќе го имаме, туку штом сме го стекнале веќе не ни е интересно, поинтересен е начинот на кој сме дошле до него..Па затоа и ја продолжуваме потрагата..
Човекот е талкач. Талкач кој напати бега од реалноста и скита по патишта барајќи го идеалот. Човекот живее меѓу два света, реалноста го ранува, идеалот го лечи. Тој нема дом. На земјата ја насетува минливоста, а небото му е недостижно.
Човекот се обидува да го пронајде својот космос и место во универзумот. Човекот бара се додека не открие дека идеалот треба да го вметне во реалноста. Идеалот го носиме во разумот и ако научиме да го вклопуваме во сегментите од реалноста, ако научиме да ги отфрламе негативните мисли во главата, ако бар малку ги гледаме порозово нештата, на крајот ќе се вчудоневидиме кога ќе сфатиме дека - и кога ќе ги тргнеме очилата, сликата ќе биде истата, веќе видената и замислената.
Точно е ова, но кога го читам ме потсетува на луѓе песимисти. Затоа што тоа е навистина така. Тие се тие кои во се знаат да го препознаат само негативното, и на него да му се посветат. Наспроти тоа, токму позитивните и оптимистички настроени луѓе се оние кои знаат да сонуваат, но за убави работи, и кои светот го гледаат со розови очила, токму поради тоа што се свесни дека и во најголемата несреќа секогаш може да има и малку среќа... Таквиот начин на гледање на работите е начин кој треба сите да го применуваат, затоа што животот е еден и не вреди да пројде залудно. Токму таквите луѓе знаат да сонуваат, и имаат што да остварат.. Токму тие соништа создаваат новии идеали..Гледано поинаку, целиот наш живот е остварување на соништа... кога тоа ќе се земе предвид, не би рекла дека идеалите не се споени со реалноста, туку напротив.. Но, тоа зависи од самиот човек, и од неговиот пристап кон работите, кој секако треба да е позитивен...!!! :helou: