ada
Модератор! ок?
- Член од
- 21 август 2006
- Мислења
- 5.706
- Поени од реакции
- 566
Оди вистинска случка од мојот живот:
Човек кој што го познавам пред мене има изјавено дека сака родената братучеда да ја продаде бело робје. Еј тоа го мисли за својата сопствена, кој ќе го спречи тоа да го мисли за мојата?
И велиш да не судам за неговата реалност и фино културно да му кажам немој, не чини, лошо е, молим те.
А бре има да му објаснам многу убаво следствено со неговата реалност, и според начинот на кој ќе му објаснам тоа вулгарно и дрзко фино ќе изгледа. Има да ме разбери дека сум смртно сериозен, затоа што поинаков начин на разбирање со него нема.
Инаку и јас сакам да сум цело време фин, културен, пристоен и во поголемиот дел од времето сум, ама кога мора да се прават гадни работи мора да се прават. Затоа што човек кога не презема ништо во врска со ситуацијата, тој човек е апатичен и е марионета во очите на другите.
Буцио, твојот гнев е разбирлив, и човечки е со таа особа да бидеш и дрзок, али ова што ти го изнесе е малку поекстремна ситуација која е онака, надвор од темава.Druze bez navreda ama ja ubavo bi mu kazal na toj produvan lik
Тука повеќе дискутираме околу тоа дали е неопходно за да бидеш дрзок со некој (кој, на пример, не направил нешто екстремно како личноста у твојот пример) за да бидеш реален и отворен?
Дали вулгарноста и навредите се мерило за искреност и реалност?
И дали можеме да бидеме така "искрени" и "реални" во живо, или добиваме храброст за такво понашање само кога имаме монитор пред нас?
Уствари, да не импровизирам, еве ги и конкретните прашања:
Дивајн напиша:Дали реалноста реално ја прикажуваме само ако притоа се изразуваме на најлош можен начин и со најпогрдни зборови?
Дали само така, најдобро може да се долови некоја лоша ситуација или нечија лоша постапка и карактер?
Толку ли е прост човечкиот мозок, кој за да го убедиме во нешто мора најгнасно да му се обратиме?
Не генерализирам, само сакам да продискутираме за оваа појава т.е. за луѓето кои така живеат и ваљда мислат дека така треба, бидејќи само тоа е реалноста од која навидум сите останати бегаме.
За нив, еве уште едно потпрашање: -Со таквиот пристап, искажувате некаков револт, празните преполни батерии или едноставно уживате во него?
.