Лично ми се допаѓа длабочината која дискусијава ја доби на последната страна, и се надевам дека подоцна ќе се приклучам на истата, а сега ќе се осврнам на првичниот пост, затоа што доскоро (па, и сега помалку, но научив да го препознавам и конторлирам) ми беше нешто исклучително блиско и нешто на кое се одушевував кај себе и другите.
Таквото соопштување на нештата, кое Дивајн го спомена, е обично мешавина на повеќе нешта;
-чувството на надмоќ кое ни го дава нападот врз другиот. (секојпат кога сметаш дека си ги открил скриените карактеристики и лошите нешта кај друг, ти се ставаш над нив, и чуствуваш задоволство поради својата проникливост.)
-уверувањето дека сме храбри и искрени. (сите молчат и од страв се прават слепи за се што не чини кај другиот, а ние, така храбри витези на вистината, отворено кажуваме се што не чини)
-восхитот кој го раѓаме кај дел од "публиката" (обично кај оние кои, присилно, се спречуваат себе си да напаѓаат друг, па својата желба ја проектираат врз нас, односно ја изживуваат преку нашиот напад, а истовремено имаат и момент на сеир, кога "нападнатиот" и "напаѓачот" симултано ќе почнат да се бранат и навредуваат)
- илузијата за почит која ја добиваме, повторно, од дел на "аудиториумот". (од страв дека можеби тие ќе бидат следни на нашиот ремет-список, премолчуваат или почнуваат да ни се улизуваат со пофалби и сл.)
- личната агресија и огорченост кои ги канализираме и пренесуваме (личните кофликти и личното незадоволство кои ни ствараат бес и огорченост од самите себе, ги проектираме или препишуваме на оној кој го вреѓаме, знаејќи дека и кај него ќе предизвикаме бес и огорченост, и нормално конфликт, со чија разврска, потсвесно, се надеваме дека ќе се ослободиме од сопствените негатвини емоции).
Ова се мотивите, но нивните резултати се малку поинакви:
-наместо надмоќ, добиваме дел отфрлање, дел лажно умилкување
-наместо почит, добиваме страв од другите, кој никогаш не носи почит која претпоставува љубов и прифаќање, туку носи само страв, кој претпоставува скриен анимозитет од другите (ова истото важи и за наводниот восхит од другите)
-наместо да бидеме храбри и искрени, ние замижуваме за сосптвените недостатоци и мани, и ја изнесуваме делумната вистина за туѓите. Или, ја гледаш прашината во окото на другиот, а не го гледаш сметот во себе, т.е си лицемер со двојни стандарди.
- наместо ослободување од сопствената агресија и огорченост, ние ги поттикнуваме кај оној што го напаѓаме, и со тоа ги засилуваме кај самите себе.
Се на се, зачаран круг, кој апсолутно има алтернатива.