Реал Мадрид - Барселона 25.10.2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Beck's
  • Време на започнување Време на започнување

Победник на Ел Класико ќе биде


  • Вкупно гласачи
    173
B

Beck's

Гостин
Шпанското мега дерби е пред нас, поточно на 25 Октомври се среќаваат двата најголеми шпански ривала, се игра Ел Класико, помеѓу Реал Мадрид и Барселона.
Натпревар каде силите ги мереле најквалитетните тренери и фудбалери, каде емоциите се надминуваат себеси, каде светот паузира за 90мин, каде најхрабрите 90 минути ќе се борат ко да не постои утре.

real-madrid-barcelona.jpg

  • Првото Ел Класико се играло на 13 Мај, 1902 а од тогаш овие два тима помеѓу себе постигнале 736 гола на точно 227 одиграни класика.
  • Освен претпознатливото внимание кое ќе го привлече овој натпревар секако сите вљубители на фудбалот ќе бидат во исчекување на дебито на Суарез во дресот на Барса, после паузата поради инцидентот од СП.
  • Лионел Меси може да влезе во историјата на Ла Лига ако постигне гол т.е ќе го достигне Телмо Зара, кој се наоѓа на првото место со 251 постигнати голови. Шпанската федерација најавува прекин на натпреварот за неколку минути, да му се оддаде почит на Меси за овој рекорд.
  • Барса на овој натпревар влегува со чиста мрежа или подобро кажано сезонава во Ла Лига сеуште се без примен гол, па одтаму и мотив плус за играчите на Барса да продолжат во овој стил како и за играчите на Реал, да бидат првите кои би им постигнале гол сезонава.
Можни состави:
Касиљас-Арбелоа-Пепе-Рамос-Марсело-Крос-Модрич-Иско-Хамес-Роналдо-Бензема
Браво-Алвеш-Пике-Маскерано-Матје-Ракитич-Бускетс-Иниеста-Суарез-Меси-Нејмар


За крај ќе се обидам да типувам и резултат а тоа верувам и посакувам да биде 0-2 :)
 
Последно уредено:
Мислам не се предвидува прекин ако Меси го достигне рекордот.

Ел Класико како и секогаш неизвесно.
Притисокот е на страната на Мадрид, очекувам отворен натпревар со многу шанси за гол на двете страни и зошто да не и многу голови.
Одбраната на Реал не е најсјајна, а Барса иако нема примено гол тоа нема да значи ништо бидејќи знаеме дека на Ел Класико многу лесно паѓаат голови, освен тоа одбраната на Барселона ќе се соочи со најефикасниот напад.

Интересно секако ќе биде дебито на Суарез но сепак мислам дека главни актери ќе бидат тие кои одамна ги кршат копјата, Меси и Роналдо.

Борбата во средниот ред ќе биде една од најинтересните, да видиме Крос и Модрич против кој двоец ќе играат, дали тоа ќе биде Чави и Иниеста, Иниеста и Ракитиќ или сепак Чави и Ракитиќ со тоа што Иниеста би играл крило.

Како и да е нека нема судиски грешки.

Мој тип 1:2
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
И двете екипи влегуваат во супер форма. Очекувам искри да се разлетаат. Обично пред неколку години беше попредвидливо Ел Класиково и подосадно затоа што Реал уште беше во фаза на додефинирање, но сега како и година дена наназад веќе ја фатија врвната форма. Од друга страна Барселона игра добро, нема примено гол, со по малку среќа досега, уште во фаза на зацврстување на врските помеѓу старо-новите играчи кои горе долу се вклопија во играта, па ќе биде интересно да се виде како ќе се покажи пред овој предизвик.

Јас како фан на Барса сакам и очекувам победа, свесен дека ќе биде многу тешко истото да се оствари.
 
И турете тип дека Суарез на дебито ке гризне некој и ке добие суспензија пак :D

мој тип: 2:2
 
Ќе победат фановите благодарение на убавиот фудбал што ќе се игра. :pipi::pipi::pipi::pipi:
 
Иако не ги сакам Реал многу многу, се подобриот тим во моментов така да мислам дека би требало да ја земат оваа.
 
E oва е тој муабет :X3:
Можда не сум во право но јас така гледам на работите во моментов....искрено би сакал Барса да ја земе али ќе видиме што ќе се случи во Сабота.
 
Душа да им излезе од играње на двата тима да има минимум по 1 црвен за двата тима 1-2 повредени и пак резултатот да биде 0-0.:rolleyes:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom