wot
aloof
- Член од
- 20 мај 2008
- Мислења
- 19.784
- Поени од реакции
- 34.439
Гледам дека се мачиш да мислиш, т.е. тешко ти оди, па затоа да ти објаснам некои работи.
Светската здравствена организација е таа што се бори за воведување на закони против пушење на јавни места. Е сега која е целата поента и зошто толку се борат за тоа.
Значи објаснувањата како: Штетно е за непушачите, се загадува околината со отпушоци и се предава лоша слика на децата се трите аргументи кои им се најголемо оружје на истите во „борбата против пушачите на јавни места“. Е сега сите тие аргументи не држат вода (да не кажам дека се побиени). Како прво, во отворен простор, парк, улица, плажа и сл. дејството на чадот од цигари врз непушачи е непостојачко (поради тоа што е отворен простор, и повеќе штета прави смогот и издувните гасови од возилата отколку чичето што пуши тутун на наредната клупа). Аргументот за отпушоците исто така не држи вода, зошто и не пушач ако нема домашно воспитување пак ќе ја загадува околината со отпадоци (значи не се само пушачите загадувачи со отпадоци). Третиот аргумент, да ги заштитиме децата за да не гледаат пушачи па и тие да не пушат, е најголемата глупост, поради тоа што не може однесувањето на рандом минувач на улица да го дефинира растот и развојот на едно дете кое можеби никогаш повеќе нема да го видиш во животот. Ако е така ќе треба да ги заштитуваме децата и од пцовки, кавги, вулгарна облека, телевизија, радио, интернет .... (тоа што не знаеш да си ги воспиташ децата не е работа на пушачите). И на крај останува прашањето, што всушност Светската здраствена организација ја тера да бара воведување на вакви закони.
Одговорот е едноставен, тоа се самите пушачи. Според нив, зошто да се трошат милијарди за лекување на болести предизвикани од пушење, кога самите пациенти свесно си ги оштетувале органите. Со други зборови или свести се или умри (зошто не заслужуваш лекување). Овде се доведува прашањето, дали на еден човек ќе му биде овозможено лекување доколку се однесува како што сакаат крадците од Светската здравствена организација. Значи ако на пушачите не треба да им се пружи третман за лекување на болест предизвикана од пушење (да спомнам дека не сите пушачи се заболуваат од болести поврзани со пушење, некои живеат и до 95 години без проблем - пр. прадедо ми), тогаш не треба да им се пружа помош ниту на алкохоличарите кои имаат цироза на црниот дроб зошто сами посегнале по алкохол, тогаш не треба да им се пружи лекарска помош и на сите дебели луѓе кои претрпеле срцев удар поради премногуте хамбургери (сами си ги јаделе), не треба да им се пружа лекарска помош ниту на војниците кои свесно сами отишле во војна, знаејќи од ризикот дека може да им експлодира граната во непосредна близина, не треба да им се пружа помош ни на заболените од рак (генетска болест), поради тоа што родителите не ни требале да се размножуваат поради тоа што постоел ризик детето да ја добие болеста поради генетика.
Се се сведува на пари. Не им се трошат пари за болестите, зошто се мислат дека се подобри и посовршени од другите. Или однесувај се вака или не те сметаме за човек и не заслужуваш помош. Сите сте влезени во матрицата и убаво ви е да правите како што ви диригираат и не можете да ја видите „големата слика“.
Затоа Воте, не ми ги спомнувај повеќе големите развиени земји зошто ги довеле законите против пушење на јавни места.
Не се мачев, really, couldn't care less oти како непушач - ми одговара ситуацијата, се додека не ме цитираше со предизвик да ми објасниш нешто, што навидум изгледа како неформулирани rage induced мисли во обид оf making sense. Дај на струмички по ќе се разбераме..
Mи аргументираш против аргументи од ретардирани кампањи, душо ја може да сум највечи наркоман у провинција и сега ако не се секирам за здравјето јас несмеам да се бунам за пушење дури сум седнал негде да ручам? Јас може изметот го фрлам од тераса на улица, онака да не ми е гајле за сликата или јавноста и природата, aма не значи дека треба да трпам дим у некоја work-environment уз сите други притисоци при затварање во некоја соба 9 часа дневно. Ти текнува? Онака, неморам поткрепени факти, докторски дијагнози и биолошки експертизи од воздухот и почвата за да смеам да се бунам дека едноставно ми Пречи. И мачките (потписот ти) всушност не се штетни, ама не гледаме некој да ти ги турка влице дури ручаш или да ти се подмочкуваат по биро на работа. Онака, нели.
Сведска (гуглав!) та организација не ме тангирала, ниту уште ме, дури кога во полза ми делува. Развиените земји ги спомнав во контекст на молзењето на народот, мислев алудираш на големите апсурдни казни, и како законот да е креиран стриктно за тоа. Оти нели, таму се почитува многу повеќе, па аналогно нема казни и, нели, ако целта му е било молзење, одамна ќе се изгубил во пракса. И не гледам јас 200 страни плачипичкарење кога НАМ ни пречеше, кога немаше закон, онака РЕАКЦИИ, ти текнува.. против закони се не иде, да не беше женско, а јас да бев повулгарен ќе симплифицирав со, му иде: ќути и пуши (секако, pun intended).