Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Гледам дека се мачиш да мислиш, т.е. тешко ти оди, па затоа да ти објаснам некои работи.
Светската здравствена организација е таа што се бори за воведување на закони против пушење на јавни места. Е сега која е целата поента и зошто толку се борат за тоа.
Значи објаснувањата како: Штетно е за непушачите, се загадува околината со отпушоци и се предава лоша слика на децата се трите аргументи кои им се најголемо оружје на истите во „борбата против пушачите на јавни места“. Е сега сите тие аргументи не држат вода (да не кажам дека се побиени). Како прво, во отворен простор, парк, улица, плажа и сл. дејството на чадот од цигари врз непушачи е непостојачко (поради тоа што е отворен простор, и повеќе штета прави смогот и издувните гасови од возилата отколку чичето што пуши тутун на наредната клупа). Аргументот за отпушоците исто така не држи вода, зошто и не пушач ако нема домашно воспитување пак ќе ја загадува околината со отпадоци (значи не се само пушачите загадувачи со отпадоци). Третиот аргумент, да ги заштитиме децата за да не гледаат пушачи па и тие да не пушат, е најголемата глупост, поради тоа што не може однесувањето на рандом минувач на улица да го дефинира растот и развојот на едно дете кое можеби никогаш повеќе нема да го видиш во животот. Ако е така ќе треба да ги заштитуваме децата и од пцовки, кавги, вулгарна облека, телевизија, радио, интернет .... (тоа што не знаеш да си ги воспиташ децата не е работа на пушачите). И на крај останува прашањето, што всушност Светската здраствена организација ја тера да бара воведување на вакви закони.
Одговорот е едноставен, тоа се самите пушачи. Според нив, зошто да се трошат милијарди за лекување на болести предизвикани од пушење, кога самите пациенти свесно си ги оштетувале органите. Со други зборови или свести се или умри (зошто не заслужуваш лекување). Овде се доведува прашањето, дали на еден човек ќе му биде овозможено лекување доколку се однесува како што сакаат крадците од Светската здравствена организација. Значи ако на пушачите не треба да им се пружи третман за лекување на болест предизвикана од пушење (да спомнам дека не сите пушачи се заболуваат од болести поврзани со пушење, некои живеат и до 95 години без проблем - пр. прадедо ми), тогаш не треба да им се пружа помош ниту на алкохоличарите кои имаат цироза на црниот дроб зошто сами посегнале по алкохол, тогаш не треба да им се пружи лекарска помош и на сите дебели луѓе кои претрпеле срцев удар поради премногуте хамбургери (сами си ги јаделе), не треба да им се пружа лекарска помош ниту на војниците кои свесно сами отишле во војна, знаејќи од ризикот дека може да им експлодира граната во непосредна близина, не треба да им се пружа помош ни на заболените од рак (генетска болест), поради тоа што родителите не ни требале да се размножуваат поради тоа што постоел ризик детето да ја добие болеста поради генетика.
Се се сведува на пари. Не им се трошат пари за болестите, зошто се мислат дека се подобри и посовршени од другите. Или однесувај се вака или не те сметаме за човек и не заслужуваш помош. Сите сте влезени во матрицата и убаво ви е да правите како што ви диригираат и не можете да ја видите „големата слика“.

Затоа Воте, не ми ги спомнувај повеќе големите развиени земји зошто ги довеле законите против пушење на јавни места.

Не се мачев, really, couldn't care less oти како непушач - ми одговара ситуацијата, се додека не ме цитираше со предизвик да ми објасниш нешто, што навидум изгледа како неформулирани rage induced мисли во обид оf making sense. Дај на струмички по ќе се разбераме..

Mи аргументираш против аргументи од ретардирани кампањи, душо ја може да сум највечи наркоман у провинција и сега ако не се секирам за здравјето јас несмеам да се бунам за пушење дури сум седнал негде да ручам? Јас може изметот го фрлам од тераса на улица, онака да не ми е гајле за сликата или јавноста и природата, aма не значи дека треба да трпам дим у некоја work-environment уз сите други притисоци при затварање во некоја соба 9 часа дневно. Ти текнува? Онака, неморам поткрепени факти, докторски дијагнози и биолошки експертизи од воздухот и почвата за да смеам да се бунам дека едноставно ми Пречи. И мачките (потписот ти) всушност не се штетни, ама не гледаме некој да ти ги турка влице дури ручаш или да ти се подмочкуваат по биро на работа. Онака, нели.

Сведска (гуглав!) та организација не ме тангирала, ниту уште ме, дури кога во полза ми делува. Развиените земји ги спомнав во контекст на молзењето на народот, мислев алудираш на големите апсурдни казни, и како законот да е креиран стриктно за тоа. Оти нели, таму се почитува многу повеќе, па аналогно нема казни и, нели, ако целта му е било молзење, одамна ќе се изгубил во пракса. И не гледам јас 200 страни плачипичкарење кога НАМ ни пречеше, кога немаше закон, онака РЕАКЦИИ, ти текнува.. против закони се не иде, да не беше женско, а јас да бев повулгарен ќе симплифицирав со, му иде: ќути и пуши (секако, pun intended).
 
Да погодам од прва, си растел опкружен со пушачи и сега нив и нивниот дим заедно со твоето пасивно пушење ги обвинуваш за недостатокот на висинаи тоа шо не си пораснал .
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Да погодам од прва, си растел опкружен со пушачи и сега нив и нивниот дим заедно со твоето пасивно пушење ги обвинуваш за недостатокот на висинаи тоа шо не си пораснал .

Блиску, активни пушачи по дома.
Како и друштво, а и не ми смета апсолутно ич, онака се инаетам.

Од инает не сум пораснал. Не од дим. Штагод, дури и запалувам еднаш месечно. :icon_lol:
 
Блиску, активни пушачи по дома.
Како и друштво, а и не ми смета апсолутно ич, онака се инаетам.

Од инает не сум пораснал. Не од дим. Штагод, дури и запалувам еднаш месечно. :icon_lol:
Знам знам, ама длабоко во себе го обвинуваш чадт од цигарите и ги мразиш пушачите затоа што ти го поебале животот и те осудиле да ѕиркаш долу од тревата, притоа потсвесно го потиснуваш фактот дека од злоба и инает не си пораснал.
 
Зазвучуваш ко твојата Несичка, формулирај убаво речениците, ионака тешко се разбира од овде доле, нисково. :pipi:

Јас никого не мразам, ама ако физички не сум пораснал, барем егото од злоба да ми порасне бе познат. У пар мора да идат некои работи. Само едно нешто големо..

Кога веќе направивте паралела, а одлучивме дека автомобилите се поприоритетни, оти не смукате од ауспух. Win-win му иде?
 
Мене ми одговара законов,конечно во кафич можам да се релаксирам и кулирам а пушачите димат надвор.На пушачите не ги интересира дали некому му пречат или не,па шо има мене да ме интересира дали нив им пречи законов или не!
 
Кога веќе направивте паралела, а одлучивме дека автомобилите се поприоритетни, оти не смукате од ауспух. Win-win му иде?
Цитат на денот!
vlcsnap-12335435.png
 
Ако сакаа да се намалит бројот на пушачите ќе ги намалеа цените на пример на никотинските мастики и никотинските фластери, а ќе ги направеа и подостапни за пушачите. Али да си бидиме искрени дојде време на секој да не го болит ку*ац за никој друг, а најмалце државата за народот.
 
Ах, а те сметав за избраниот, на крај мало-куре-за-сите и 9гег сликички и ти се сведе.
Ајде, ти помина пуш паузата, доста се тресеш надор, влези внатре, баш е згодно.
:pipi:
Малите тулиња се извор на сите зла на светот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Дури и на мене како пушач ми одговара законов и потполно го подржувам,конечно можам да седнам господски во кафана,кафич или што и да е,да уживам во јадењето како што наликува без да ми дува некој у лице дур јадам и кога ќе излезам да смрдам на пепељара наредните 7 дена.Мислам колку е улаво да бараш завера во политиките на Владата а од друга страна загрозуваш нечие здравје.Вашите каприци со 19-20 метри аналогии и фаќање за сламка никого не го занимаат и на никој не му е гајле кога поради вашата себичност го загрозувате здравјето на непушачот.Да,секој пушач кој не се замара со култура и бон-тон и е без обѕир кон здравјето на другите и пали цигара каде ќе стигне е себична особа.Оваа појава почесто ја имаше порано,ма да и сега се пуши по јавниве установи и пак си го тераат филмот у стил-абе кој те ебе јас тука ќе пушам ако ти смета излези.Епа малце е,ако е некој будала и кретен да се мрзне на -20 и да излегува на секои 10 минути да пали цигара бидејќи нели без цигарите животот нема смисла,тогаш нека е.Ваков кретен сум и јас,ама барем не сакам да гу трујам другите со глупи аргументи што и како требало да биде и како кафаните биле за цигари пушење а не за јадење,алкохол,добра атмосфера и добар провод.

Во целава работа,само ме интересира дали досега законот влодил со каков-таков плод и дали барем за малку опаднал процентот на пушачи во Македонија.
 
Освен што мора да ти ја признаам завидната моќ да го истакнеш очигледното, можеш ли да бидеш малку појасен, што сакаш да кажеш со набројувањето на сите тие загадувања (на оваа тема)?

Со сите тие страња што ги наброја, оправдуваш едно страње?
Сакам да кажам увек ќе има некој дегенерик на кој што се ќе му смета, на крајот и крилата на пеперутките би им ги кинел затоа што му сметаат и му го загадуваат воздухот.
 
Не се мачев, really, couldn't care less oти како непушач - ми одговара ситуацијата, се додека не ме цитираше со предизвик да ми објасниш нешто, што навидум изгледа како неформулирани rage induced мисли во обид оf making sense. Дај на струмички по ќе се разбераме..
и т.н.
Ах бе Воте нема разбирачка... Законот мене не ми пречи ако се однесува на затворени простории, дури и ми годи. Се согласувам со тоа да нема пушење во кафиќи, ресторани, градинки, болници, канцеларии .... Но не се согласувам со тоа некој да ми забрани или да ме тера да плаќам казни ако се шетам на улица со цигара или ако излезам пред фирма на цигара. На никој не пречам, никој околу мене не го вдишува чадот зошто да ми го ограничуваат можеби единственото задоволство?
Што ќе биде наредно? Забрана за јадење грав, зошто ми пречат издувните гасови на колегата во канцеларија?
И офф топик, не се припичавај и научи се како се разговара со девојка... не биди сељак, однесувај се како што треба... и не ми викај „душо“, за тој збор треба да имаш привилегија...
 
Мене ми одговара законов,конечно во кафич можам да се релаксирам и кулирам а пушачите димат надвор.На пушачите не ги интересира дали некому му пречат или не,па шо има мене да ме интересира дали нив им пречи законов или не!

Ај прочитај што си напишал и кажи си самиот на себе си дека имаш прочитано нешто по ретардирано од ова.
 
Во целава работа,само ме интересира дали досега законот влодил со каков-таков плод и дали барем за малку опаднал процентот на пушачи во Македонија.
Единствен плод што е вроден е полнење на буџетот. Процентот на пушачи не е намален со законот, процентот на пушачи се намали кога ги качија цените на цигарите.
 
Единствен плод што е вроден е полнење на буџетот. Процентот на пушачи не е намален со законот, процентот на пушачи се намали кога ги качија цените на цигарите.
Имаше една статија за Голема Британија за забраните за пушење и бројот на заболени од кардиоваскуларни болести и карцином. Сега баш не можам да ја најдам, во суштина вели со зголемените ригорозни мерки против пушење на јавни места не се намалил бројот на конкретните болести. Напротив, се зголемил. И уште нешто чудно што видов беше што за разлика од кај нас каде воопшто не е дозволено пушење во ресторани, во центарот на Луксембург на пример имаше ресторан каде слободно се пушеше. Исто и во Виена, во институциите каде бевме гости, се пушеше надвор од салите за состаноци, во ходниците. На страна фактот што рака на срце некому навистина смета чадот, правно и легално ние во овој поглед испаднавме поголеми европјани од членките на ЕУ.
Правна (и логична) поука:
1. Класична консумација на тутун е дозволена секаде освен на јавни места.
2. Консумација на тутун која во воздухот не испушта тутунски чад е дозволена и на јавни места. Со самото тоа што не е забрането, дозволено е пафкање на „електронски„ цигари (вапоризатор на екстракт од никотин), дозволено е и џвакање на тутун (додуша се нема обезбедено вазни за пљуцкање, ама тоа е тоа).
Кога веќе спомна електронски цигари, скоро беше од Франкфурт до Луксембург стјуардесата објаснува дека во авионот не смее да се пали цигара ниту да се користи електронска цигара. Исто и на враќање. Имаат некои нови правила.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom