- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Убаво наброја добро познат каде мрдна законот, значи овој закон е донесен специјално за Македонци. Плус и во многу градови во внатрешноста се пуши, последен пат бев во кафана во Кавадарци на автобуската што е и ми донесоа пепељара. Така да законов што го донесоа селективно важи во МКД.
И предлогот е добар за дискусија. Нека има посебни локали и секој нека си избере каде да иде.
Луѓето во Скопје и останатите кои ги почитуваат законите треба да се осеќаат почестени со тоа што го достигнале тој степен. За овие останатите посебно оние што со устав се заштитени во државата не треба воопшто да им завидуваме напротив мене ми е жал што ете останале неколку века поназад. За жал нашиот ментален склоп, менталитете и култура сеуште не е подеднакво развиена на целата територија на Македонија и подеднакво развиена кај сите етнички групи. Но со оглед дека и таков каков што е овој закон не се почитува насекаде, дали може да замислите што ќе се случи ако се донесе предложениот закон.
Мислете малку на вашите поколенија ако ние сме нездрава и отруена генерација во секој поглед да направиме барем нашите деца да живеат во колку толку поздрава и поцивилизирана околина.
Најсмешно од се е кога донесениот закон се оквалификува како дискриминација. Па има ли поголема дискриминација од труење на околината поради лично задоволство. Порано кога излегував душата ми мирисаше на тутун иако не сум пушач. Денеска можам слободно и без да бидам малтретиран да седам како човек по кафиќи, дискотеки , ресторани и останати јавни објекти. Инаку овој закон треба да го спроведат и во средства за јавен превоз. Често се случува возач на комби или автобус да пуши како нездрав и да ја гуши околината или да не убива со промаја.