Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Секако дека одам кај пушачи дома ама љубезно ги замолувам да не пушат во мое присуство. Има некои кои ме разбираат, а има некои кои се муртат.

Да ми дојдеш дома кај мене и да ми речеш да непушам:vozbud:....во иста секунда ќе ти биде покажана излезната врата....:vozbud::toe:

Ова не да е некултура..безобразлук е...
 
Да ми дојдеш дома кај мене и да ми речеш да непушам:vozbud:....во иста секунда ќе ти биде покажана излезната врата....:vozbud::toe:

Ова не да е некултура..безобразлук е...
А дали ти пред да запалиш цигара прашуваш дали смееш да ја запалиш истата?
 
Директорот на Државниот пазариштен инспекторат Сашо Акимовски не ја исклучува можноста инспекторите да прават контроли по кафеани и по полноќ на Нова година, и додава дека угостителите ќе можат да обезбедат кабини за пушачи, но во нив нема да може да се служат храна и пијалаци
0867A530C3378A46987E1CCE068DA535.jpg
Пушачите кои Нова година ќе ја пречекаат во некој од угостителските објекти или на друго јавно место, на полноќ ќе мора да ги фрлат цигарите, или ризикуваат да бидат казнети согласно Законот за заштита од пушење, кој од 1 јануари 2010 предвидува 100-процентна забрана на пушење на јавно место. Цигара ќе може да се запали само дома и на улица, но ќе мора да внимаваат да не ги фрлаат догорчињата, бидејќи тоа, пак, е казниво со Законот за јавната чистота.
Директорот на Државниот пазариштен инспекторат Сашо Акимовски рече дека одредиле дежурни инспектори и за претстојните празници, иако не прецизираше кога ќе почнат со контроли.
"Не ја исклучувам можноста инспекторите да прават контроли и на Нова година, но за мене е поважно 365 дена во годината тие да бидат на терен и да обезбедат целосно почитување на Законот", рече Акимовски.
Тој објасни дека во угостителските објекти нема да смее да се пуши ниту внатре ниту на летните тераси, и оти угостителите ќе можат да обезбедат кабини за пушачи, но во нив нема да може да се служат храна и пијалаци.
Министрите за здравство и за економија Бујар Османи и Фатмир Бесими рекоа дека ќе инсистираат строго да се почитува Законот, бидејќи Македонија е втора земја во Европа по број на пушачи, а годишно троши 80 милиони евра за лекување на болести настанати од пушењето.
"Ако СЗО проценува дека половина од пушачите ќе починат, тоа значи дека во Македонија животно се загрозени 500.000 граѓани. Со Законот сакаме да ги натераме пушачите да се откажат од овој смртоносен порок", рече Османи.
Тој објасни дека решиле целосно да се забранува пушењето, бидејќи истражувањата на Светската здравствена организација покажале дека само 100-процентна забрана за пушење може да ги натера луѓето да се откажат од цигарите.
Казните за непочитување на Законот се движат од 2.500 до 4.000 евра за правните лица, а од 150 до 300 евра за физичките лица. (Е.А.)
извор


ова болдираново значи дека ја можам да идам у кафана и коа ке ми дојде келнерот да ме рече ПОВЕЛЕТЕ ја ке му речам ДАЈ ЕДНА ПЕПЕЉАРА САМО ПОШО ДОЈДОВ ЦИГАРА ДА ЗАПАЛАМ..

Ова искрено ми личи како стратегија за собирање дополнителни пари од казни за државата...толку глупо и банално и :tapp: точно во 00:00 ќе има инспектори за пушење забрана? WTF?!?
 
Тууу тоа Американците не го потпишуваат договорот од Кјото за зачувување на светот ние најдовме да го спасуваме светот и луѓето од опасното ѓаволско орудие - цигарата која испушта 0.00000001 дел од чадот кој произлегува од колите кои поминуваат покрај вашите одбрамбени бастиони битни за здравјето на луѓето - кафичите!!!
 
А дали ти пред да запалиш цигара прашуваш дали смееш да ја запалиш истата?

дома не прашувам никого.......за тоа беше муабетот..кај одиш на гости па уште и претеруваш....
 
Незнам што толку скокате на законов,вака е во цела европа :toe:
 
Секако дека одам кај пушачи дома ама љубезно ги замолувам да не пушат во мое присуство. Има некои кои ме разбираат, а има некои кои се муртат.
иначе за моето здравје:
1. мијам заби секој ден
2. се мачкам со разни лосиони и креми за лице
3. правам физички вежби секој ден
4. се исхранувам правилно секој ден
5. спијам доволно секој ден :smir:
јас и ти нема никако да се дружиме,ти да ми кажуваш дали јас дома ќе пушам или не тоа го нема никаде,тоа значи јас да дојдам кај тебе и да пушам во твоја куќа,немој погрешно да ме разбереш..јас сум пушач али кај мене во куќа исто не давам да се пуши...

за здравјето немаш никакви гаранции...можиш забите и 5 пати на ден да ги миеш и пак да ти испаднат..
 
дома не прашувам никого.......за тоа беше муабетот..кај одиш на гости па уште и претеруваш....
и тоа не е безобразлук? сепак гостин имаш кој треба да е почестен, а ти треба да бидеш љубезен.
 
Ова искрено ми личи како стратегија за собирање дополнителни пари од казни за државата...толку глупо и банално и :tapp:
мислам дека цела тема се обидувам да кажам дека и законов е банален како и многу други.. кажав и претходно некои закони ке кажам и пак...
забрана за продажба на алкохол после 19 часот.. овој е потполно ист ко овој за пушачиве...
забрана за управување на моторно возило на лице кое нема напонето 2 години возачко искуство после 10 часот( ко демек пред 10 неможело да напраи беља ) а и плус имаше несо со KW некоја огромна глупост... над 55 или 65 KW несмее да управува или слично..
закон за возење со запалени светла ПРЕКУ ДЕН.. и ред други вакви слични закони...

едит: Темава може да се стави како ВАЖНА пошо дискусијава мн брзо се развива и има многу различни мислења.. дебата на велико!!!
 
и тоа не е безобразлук? сепак гостин имаш кој треба да е почестен, а ти треба да бидеш љубезен.

налет од такви гости..нек си седат дома и нек си лечат комплекси......

љубезен....... да не треба да ти удоволам и ако побараш и да ебнеш некој од домашните?
 
налет од такви гости..нек си седат дома и нек си лечат комплекси......

љубезен....... да не треба да ти удоволам и ако побараш и да ебнеш некој од домашните?
по можност женско да е и да е меѓу 18 и 28 :smir: ништо лично. Да не се разбереме погрешно!
 
по можност женско да е и да е меѓу 18 и 28 :smir: ништо лично. Да не се разбереме погрешно!

не бе....да не ќе треба да тркнам и куртони да ти купам?

стварно бе..ако си таков намќор..како те трпат во друштво......обично таквите ги ставаме во машина:vozbud::pos2:
 
со ова сега дојдов до заклучок дека со тебе не е нешто во ред:kesa:
очигледно нема луѓе со морал и луѓе кои чувствуваат грижа за останатите, па макар тоа биле нивни роднини, пријатели, со еден збор блиски

не бе....да не ќе треба да тркнам и куртони да ти купам?

стварно бе..ако си таков намќор..како те трпат во друштво......обично таквите ги ставаме во машина:vozbud::pos2:
сепак сум еден од пољубезните. овде ме фати инат и морав да седам на мојот став. Сепак кога се работи за кафичи стварно сметам дека законот е сосем исправен.
 
очигледно нема луѓе со морал и луѓе кои чувствуваат грижа за останатите, па макар тоа биле нивни роднини, пријатели, со еден збор блиски
кај бил тој морал последниве 4000-5000 год таа грижа за останатите,дали си ти свесен од кога се пушит..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom