Сетоа тоа ти е иста технологија, т.е. по неуспехот на Пентиум IV серијата на поле на перфоманси, дисипација на топлина спрема главниот конкурент АМД, Интел направи радикален чекор и ја воведе во Десктоп сегментот неговата линија на процесори за лаптопи Centrino и така се роди Core линијата на процесори.
Кога излезе Centrino2 соодветно се појави CoreDuo линија на процесори кои беа имаа одлични карактеристики.
Најновата серија е Core2Duo се произведува во 65nm процес и тој моментално е доведен на ниво на совршенство, затоа што Интел се спрема за 45nm процес.
Бидејќи 65nm процес му е на највисоко ниво, процесорите кои излегуваат од Core2Duo линијата се сите исти, и само Интел одлучува дали некој процесор ќе го пушти во најскапата E6850 верзија или ќе му исклучи 3mb кеш и ќе го пушти како најефтиниот Е2140 процесор.
Затоа интел процесориве се одлични за оверклок и достигнуваат гоелми брзини, на пример мојот процесор Е2180 на 2ghz, без проблем оди на 3ghz колку што е во моментов што е за 50% поголема брзина.
Некој го тераат и до 3,7ghz.
Еве линк за споредба на интел процесорите од Core2Duo серијата.
http://processorfinder.intel.com/List.aspx?ProcFam=2558&sSpec=&OrdCode=
и сите процесори од Интел во моментов
http://compare.intel.com/pcc/default.aspx?familyID=1&culture=en-US