Разигрување 13-16 место

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување
Значи индиректно посочува дека друг го праел списокот, барем јас така сфатив.. Како тоа ти фалат играчи, а не се во состав..:toe:
3-ца од 4-цата споменати се во репрезентативна пензија (Јоновски, Миркуловски и Митков).
 
Никогаш не е така како што изгледа. И никогаш рачуницата дома и на пазар не е иста. Треба многу многу работа за нив.
А што очекуваш, каква игра да прикажат пример Талески,фитиљ,Крстевски,чурле и... кога 10 топки вкупно во животот размениле во репрезнтација?[DOUBLEPOST=1547997218][/DOUBLEPOST]
3-ца од 4-цата споменати се во репрезентативна пензија (Јоновски, Миркуловски и Митков).
А Прибак? со кога не е во добри односи што не е повикан? еве кај тренерот убави впечатоци оставил..
 
Последно уредено:
Кај глеате статистика? Не можам никаде да најдам. :toe:
 
Млади се, имаат капацитет и ќе се изделкаат. Еве веќе имаат отворени понуди, договори од светски екипи, сигурно вредат, и не се "трупци' како што се пишува тука..

Не знам, двајцата во кои навеќе надеж имавме, Талески и Кузмановски, мене не ми делува дека имаат нешто напреднато последниве две години. Двајцата се скоро 23 години. Кај е Сагосен на 23, Палмарсон кај беше, Циндриќ? Не ги споредувам нашиве со овие играчи, сакам да кажам ти ако си некој талент, веќе на 23 години ќе се носиш и ќе бидеш влијателен играч во екипа. Ако ти треба по овие години да билдаш искуство, тогаш може ќе бидеш просечен играч во добра екипа.

Стварно се осети отсуство на Миркуловски и Мојсовски.

Интересно е како Кире Лазаров се жалеше дека пред 7-8 години проблем било да се направи поширок список на репрезентативци, зошто немало играчи, немало база. Но, дека сега е сосема сменета ситуацијата и дека имаме таленти, младински школи. Условите се многу променети/ А, испаѓа дека ете и селекторот ни плаче по Митков и Миркуловски, што се играчи од времето кога немало играчи.
 
Даскалоски се повлече од репрезентацијата после денешниот меч, смета дека е време помладите да добијат шанса.
 
Што се однесува до младите и Кире кажа дека тие се непрофесионални. Тука под непрофесионални не велам на тоа дека дремат на Инстаграм и играат Фортнајт туку најверојатно на тренинзите не се посветени во целост. Навистина е штета да имаш привилегија да тренираш со Кире Лазаров, да ги следиш потезите а да си индиферентен спрема тоа.
Не е толкав проблем што се веќе на 22-3 години, ракометот не е некој спорт каде што на овие години си веќе дефиниран како играч, ми текнува Радуловиќ почна да игра ракомет на 20 години па стигна до најдобрите крила во светот. Проблем е што ми делува дека се задоволни со статусот на „маалски фраери“, како само поради тој факт да се занимаваат со ракомет.

Само не се согласувам со Кире кој вели дека требало македонските тимови да ги форсираат, си има денес агенти, фирми кои те застапуваат, ќе си излезеш од зоната на комоција па ќе си заминеш во некој европски клуб. И да те форсираат нашиве клубови што, кога лигата за жал ни е смешна со еден професионален клуб и останатото само декор.
 
https://sportmedia.mk/rakomet/sp-20...wLkXB1ghDGp9y-Uj6SjQQYBmH1snupgu98_Bc7pXu9C6U Најголема штета ќе е ако го изгубиме Гонзалез.
има и друго, со Гонзалес можеби и ќе привлечевме некој странец да се натурализира, сега и тоа е мислена именка... всушност додека спиевме, Червар 2017 го стави Јагањац во нивната репка само да се кисели како зелка ако евентуално му притреба понатаму, а во репка им е германскиот косовар од 118кг... признавале или не, ние сме мала држава и мала база на потенцијали, мора и натурализации, ама и за тоа треба искуство и перспективно размислување......
 
Само не се согласувам со Кире кој вели дека требало македонските тимови да ги форсираат, си има денес агенти, фирми кои те застапуваат, ќе си излезеш од зоната на комоција па ќе си заминеш во некој европски клуб. И да те форсираат нашиве клубови што, кога лигата за жал ни е смешна со еден професионален клуб и останатото само декор.
Тој аргумент со форсирање е смешен. Ти ако си добар, никој нема на клупа да те остави. Сеа да те форсира тренер на сметка на резултати на клубот кој е приватна сопственост е смешно. Кај го има тоа. Што? Ќе го пуштиме малиов, па ако испаднеме од лига и не откаже спонзорот пари па клубот нема од што да живее и воопшто да функционира ќе се тешиме дека може овој некој ден ќе стане нешто и ќе и помогне на Македонија. Дај да бидеме озбилни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom