Разговор самите со себе (сегашните и 10 годишното дете)

  • Креатор на темата Креатор на темата Erich Zann
  • Време на започнување Време на започнување
Јас како десетгодишник скептик и скептикот од сегашноста никогаш не би прифатиле дека сме истата личност во суштина само во различен временски сектор.Би му дал совет кој истотака им го давам на сите млади деца сега:Никогаш не се плеткај со религијата,тоа е најголемото срање,искористи го времето и истражи ја магиката!
 
Не се заебавај да останеш во државава, како што јас се заебав кога пола генерација од факс ми замина за Америка и никад не се врати, а ја си останав со прстот в уста чекајќи бољи живот у смрденава (демек) држава...
 
Не разговор - ќотеќ! Два завратника кога ќе му плеснам, мрсулите да му се залепат на џамот. Нека размисли пред секоја одлука во животот дали баш за неа јадел шамари.
 
Пишувај, само тоа ќе те спаси. И немој да ги слушаш. Грешат. Сите до еден.
 
Арсенал последна титула ќе освои 2004та. Шпанија ќе е шампион на светско 2010, европско 2008, европско 2012, германија ќе е шампион 2014...играј ги со бразил 2во2 7+, за големи пари...продај ги акциите од тутунски, запиши се историја, Сити ќе е шампион 2011/12, во последно коло, Јунајтед 2012/13, Сити 2013/14, Челзи 2014/15. Ако не ми веруваш, за нова година ќе добиеш замок со витези.
 
Young me to old me: I'm old!!!
Old me to young me: I'm young!!!

(Уопште не сум креативен, а ако би бил, тогаш не би мењал ништо)
 
Пиштолот од старото е под спалната а муницијата во црвена кутија над стариот плакар
И немој да го промашиш копиљон
 
Немој да си се ислелил случајно од Македонија.
-Лозова немеТ тука
-Френките и Чушките ги има стално ама се невкусни
-сиренце мрсно и ајварот е луксуз
-црнкињите имаат чудно меко месо и незнаат да вратат муабет како нашине змии
-шо ако имаш кола нова од 350 коња коа над 100-ка несмееш да ги кренеш
-ке му ја мислиш за секој динар кај иде а тато и мама ги нема да те покријат за платата потрошена во кафана по курвите и другарите
-шипо ни за лек да му кажеш кој е газда у државата
-никој не ти праи муабет(за политика) а и појма немаш кој е премиер ниту како се вика
-цигаре ако запалиш сите гејеви ти викаат дека си токсикоман и дека треба да се лечиш
-жените на работа го водат колото и ке те гледаат секогаш како потенцијален сексуален роб нивни
-не смееш да пцуеш, несмееш да пиеш и да возиш и несмееш да зановеташ и да се закануваш на полицијата и армијата
Слободата е бесценетост.
Немој да си се иселил некогаш !
 
Биди горд на себе! Не се правдај никому и прави си тебе како ти одговара. Не му верувај на сите, луѓето имаат скриени лица и не ти посакуваат сите добрина. Отвори четири очи. Слушај ги родителите, само тие вистински и безусловно те сакаат.
 
Да не ти го бустам егото, ама во моментов ти имаш појасна визија за иднината отколку јас. Знаеш што сакаш и кон што целиш, штета што со време ќе се преориентираш на нешто друго во кое нема ни малку да уживаш.
Инаку на пола пат си, издржи само уште 10тина години и конечно ќе сфатиш некои работи. Ќе престанеш да се замараш со туѓите мислења. Ќе престанеш да живееш за другите. Ќе ја победиш срамежливоста. Ооооо, и тоа како ќе ја победиш срамежливоста. Исто и стравот од запознавање нови луѓе. Ќе почнеш да излегуваш од својата комфорна зона. Но ќе научиш и да не се приврзуваш премногу за луѓе, места и предмети. Ќе сфатиш дека никој, ама баш никој не останува засекогаш.

Ќе престанеш да се плашиш од ризици. Ќе престанеш да се нервираш за ситници. Ќе научиш да кажеш „не“ на луѓето кои се тука само кога им треба нешто. Немој толку да се трудиш околу „најдобрата другарка“, таа не цени ништо од тоа што правиш за неа. А и онака патиштата за брзо ќе ви се разидат. Како и со сите останати кои во следните неколку години ќе ги сметаш за блиски.

Не им се лути на мама и тато, ти пружаат се што можат, а и повеќе од тоа. За некое време ќе им бидеш благодарна што те воспитувале така како што те воспитуваат. Со мама ќе се зближиш уште повеќе, со тато постепено се оддалечуваш. Гледај да го спречиш тоа. И он е тврд орев како тебе, но ако наместо да му тераш инат му покажеш колку го сакаш, верувај дека ќе омекне. Сестрите што сега те нервираат пошто се разгалени дечишта ќе пораснат во девојки со кои ќе се гордееш. Немој да бидеш строга со нив, сестра си им, не родител. Дозволи им понекогаш и да згрешат, и сама знаеш дека најдобро се учи од сопствените грешки.

Смеј се. Смеј се многу. Дури и ако тоа значи дека ќе те сфаќаат несериозно. И онака во следниот период сите ќе те сметаат за пресериозна за твоите години. Немој секогаш да постапуваш како што е најпаметно. Дозволи си понекогаш да направиш/кажеш нешто тотално глупо. Глупите полесно поминуваат низ животот.

Во годините што следат ќе имаш неколку анксиозно-депресивни епизоди. Не грижи се, не траат долго. И кога не изгледа така, ќе бидеш добро. Само смеј се. Труди се секогаш да зрачиш со позитивна енергија. Исфрли ги од твојот живот токсичните луѓе, не дозволувај да те трујат. Биди ок со сите, но во никој немај целосна доверба. Луѓето не се толку фини како што мислиш дека се. Таа лекција брзо ќе ја научиш. Биди тоа што си. Тие што те сакаат, ќе те сакаат баш таква. Немој никогаш да глумиш нешто што не си само за да се допаднеш некому. Не, нема да станеш кул во средно. Нема ни на факултет. Нема да си популарна. Нема ни да се трудиш да бидеш. Навреме ќе сфатиш дека тоа е плитко и празно.

Нема да престанеш да се плашиш од грмење. Од птици. Забар. Хеликоптери. Ќе престанеш да се плашиш од пајаци. И од глувци.

Исфарбај се црвена најскоро што можеш, не чекај до 20 години. Ќе си ја обожаваш црвената боја на коса. Стави си и тетоважа. Не плаши се, на мама брзо ќе и помине лутината. Не почнувај да пушиш. On and off врската со цигарите страшно ќе те нервира. А сепак, секогаш ќе им се враќаш. Не почнувај со тоа зло.

Не грижи се, од тебе ќе излезе скроз океј особа, и покрај сите лоши избори. Уживај во детството и не брзај да пораснеш. Things don't get any easier.

Имај убав ден, kiddo.
 
Пер, можам да ти бидам татко.


(во случај да можам да делувам на менување на континуумот со дрвење животни лекции)
Сеа слушај пер....
Прво запамети ги датумиве

16.07.1997
05.02.2007
17.08 2007
14.03.2009
18.08.2008
03.01.2016

Што и да си умислувал во овие денови, прескакај, не се усудувај на тој чекор, едноставно преспиј го денот во кома ако моеш. Има некои ствари кои те оцврснале ко карактер, а има пред некои каде егото ти коленичи и не знаеш кај ти е главата. Убави чувства се некои од нив, не велам не, али животно ќе те читат.
Коа ќе ги видиш одредените личности (кои ти ги пратив по приватна порака), речи им у старт дека никад у животот нема да ги биде, џабе се трудат да се уклопат. Така ќе им скратиш повеќегодишо статускво за кое ќе ти бидат повеќе благодарни отколку што ти се сега, откако истото си им го укажал на фин начин.
Лично за себе, напрај една единствена отстапка, биди ѓубре со сите оние кои ќе почнат да третираат као ѓубре, макар и некогаш сте биле блиски. Се` е минливо во животот, приврзување за спомени доведува само уште повеќе да ти се качуваат луѓе на глава.
Натерај се да научиш да возиш на 17. Голем + ќе ти биде за понатака.
Почитувај туѓ избор, но не и туѓа проповед. Суди им на луѓето само за второво.
Ако некад имаш идеја што ќе студираш, запиши го веднаш истото, без милиметар пролонгирање. Паметот е сега и тука. После прашање е дали ќе го имаш.
 
Стар Копиљ- Бугарскиот до кај ти е?
Дебело дете- Ам незнам, чичко!
Стар копиљ- Незнајш, леб да незнајш да јајш.:D
Со оглед на то на какво дереџе стигнавме во фиромскава земја, јас би му рекол да си ја барат среќата на друго место, шо подаелку то поубо.
 
Moras da naucis da bides malku sebicna i da go trgnes toa krstot od celoto,takvite ne pominuvaat dobro vo zivotot,na glava mozat da ti se kacat samo ako ja navednes glavata...ima uste nesto sigurno kje mi tekne :-)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom