Разбуди се младино, во тебе е промената!

  • Креатор на темата Креатор на темата Achilles1989
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Што е поентата на колумната негова?Целиот народ да излезе да го бутне Вмро од власт и повторно татко му да го донесеме на власт и да влегува во неговото џебче за да може малиов Алекс повторно да оди на Хаити и Карибските острови на одмор со Шола?

Така де, тоа и јас го реков, не дека некои работи што ги кажа не се така, но решение за него е да подржиме друга гарнитура каде само ќе се сменат локалните фраерчиња, уште полошо некаде нема ни да се сменат, туку истите ќе останат во друг дрес.

Има поента колумната, но нема добра порака ниту решение, како и повеќето колумни.
 
Нашол кој да фрфља за сопствен труд и самовработување, поголеми џаболебари од него и татко му нема!

Вмро го прати да биде амбасадор во НАТО, поради што Сдсм со исклучи од партија. Сега не им чинело Вмро...па и тој застанал у фронтот, мочко!
Во НАТО татко му правел бизнис со колите кои ги купувал со попусти поради амбасадорството во НАТО. Закон мењавале во брисел баш поради нив! И тој вошкар ќе соли памет, како да не знаеме сами каква ни е работата во државава! И баш токму тој е еден од оние што се шлепаат на грб на родител, дали зел некогаш во животот копач и лопата да види како вистински се заработува пари, па да го видам дали ќе лута по кафани и држави!

Копиљ!
 
Во самата колумна, автоматски јасно се става до знаење кој е проблемот. Демек ако не фатиш страна си против нас, ако не си со нас - си против нас и тоа е проблемот во нашето општество.
Да, младината треба и мора да биде политички свесна за случувањата, но тоа не значи дека мора и треба да земе партиска страна. Баш напротив, младите треба да бидат прогресивна сила која ќе се бори за подобро утре за себе и своите деца. Младината треба да биде желна за реформи во системот - пред се образовниот систем. Младината не треба да ќути кога нема да може 3 месеци да земе оцена, затоа што така му текнало на професорот, младината не треба да ќути кога на факултет се трудат да ги претворат во безгласни букви. Кога на факултет им велат ќе ми ја купиш книгата, ако сакаш поени/потпис, не треба да ќутат, туку треба да прават скандали.
Но, не значи дека ако младината не излегува на протести кои се пред се политички мотивирани дека е апатична и дека не знае што сака.
Младината треба да биде мостот меѓу партии, партиите да бидат тие кои ќе ги молат младите за својот глас, кои ќе им нудат решенија и врз основа на тоа младината да излага на избори, а некако што е моментално - младината ги моли партиите, надевајќи дека ќе се вработи во администрација и ќе дреме по цели денови, без да работи, а сепак да зема плата.
Амбицијата, т.е нејзиниот недостаток е исто така поголем проблем. Освен одреден процент кој е решен да успее и да работи, другите не се замараат за утре, гледаат денес да си поминат убаво.
Плус, она што ја прави колумната со помал кредибилитет е фактот дека тој што ја напишал е син на реномиран и етаблиран (ете да не кажам богат) човек во нашето општество, дете кое реално ги немало истите проблеми во материјална смисла, тој не знае како е да се сврзува крај со крај и многу е потешко да се пронајде некој во смисла на тоа да се идентификува со него. А дека мојава констатација е точна, се гледа по коментарите на темава, повеќето беа насочени кон самиот автор, а не кон содржината.
Работава излага, младината треба да е апатична по потреба, а да биде активна исто по потреба. Не оди тоа така. Младината нон-стоп треба да биде критичар на сите структури, структурите треба да се плашат од гласот на младината, не обратно, како што е случај кај нас. Не треба младината да биде водена според партиските интереси, туку партиските интереси да се водат според младината.
Во многу држави, партиските подмладоци се најголеми коректори и критичари на своите партии и постојано се трудат да допринесат и да бидат слушнати, не се водат слепо според нивните лидери. (Ова последново е конкретно за тие што се во партија, не за младината општо)
 
Е ова е ропски менталитет , ке работи и недели за 150 евра бидејки ке се осеќа самостојно , ке црнчи цел живот за 150-200 евра како Филипинци и Малезијци и ке се фали како тој се сам си постигнал а накрајот кога ќе видиш ништо не постигнал , само го изгубил здравјето.
 
Не јади трици за млад човек шо придонесува со реален учинок у економијата. Од него има неколку црева у администрацијата шо зимат плата.
 
Извини што не ме интересираат каприците на македонските политичари!
Извини што не зборам за политика пошто ми е скурчено од политика пошто овие дваесе и кусур години ме труете само со политика и пун ми е курац од политика!
Извини што дегените што учеа со мене средно и немаат факултет се партиски вработени, ирелевантно каде! Битно се вработени иако цел живот си го дрват! Извини што ме деморализира фактот дека дебили го крадат успехот во државава! Извини што заводот за вработување е преполн а работни места согласни со струката на која и посветивме третина од животот нема! Извини што кредитите и позајмиците што ни ги нудат банките да започнеме бизнис имаат камати кои никад нема да ги исплатиме! Извини што професорот кој ми предава на факултет ми е иден ривал кога станува збор за отварање на приватна фирма! Извини што сме бомбардирани со културата за која што викате дека е срање! Извини што освен интернетот немаме никаков контакт со случувања надвор од Македонија! Извини што кога искачаме во град за да се релаксираме од срањата на таквите како тебе не збориме за срањата кои ни ги приредуваат таквите како тебе! Извини што не зборам за тоа кој колку плакати залепил бидејќи не ме боли кур! Извини што вистински сум незаинтересиран бидејќи не ми прави разлика која влада е на власт! Извини што не одам на вашите исценирани протеси глумејќи дека се спонтани! Извини што не изигравам говедо во партиските стампеда што се тепаат пред влада! Извини што не сум заинтересиран за бедата, невработеноста и беспарицата кои таквите како тебе ја создаваат!
Извини што мислам дека си дебил! Извини што татко ти е дебил! Извини што сите партиски определени полтрони сте дебили!
 
Е ова е ропски менталитет , ке работи и недели за 150 евра бидејки ке се осеќа самостојно , ке црнчи цел живот за 150-200 евра како Филипинци и Малезијци и ке се фали како тој се сам си постигнал а накрајот кога ќе видиш ништо не постигнал , само го изгубил здравјето.
Извини брат но ти чекаш од мама и тато ? кога јас работев кога ти ги молеше мама и тато за пари јас имам свој денар во џеб ако некогаш работев за 150 евра не значи дека цел живот тоа ќе го работам и дека за толку пари но тоа е само привремено колку да имам за себе и за дома ;)
 
Од кого треба да очекуваме колумна следниот период за тешкиот и исцелителен живот?Од Љупчо Црвенковски или?
 
Брате тебе маката те натерало на тоа, така? :)
Мојата мака не ме натерало на тоа, ама ме натерало на некои други работи ;)

Родителите ќе ти даваат пари се додека имаат, се додека можат да работат.

Погоре во рефератот, си спомнал нешто дека на некои од нас, родителите не не пуштаат да работиме за 200 евра. Јас сум еден од тие. Моите лично не ме пуштаат да работам све и свашта, имам цел и целам кон неа, потурнат од нив.:icon_mrgr: А не сум од кралско семејство, способен сум да работа, ама и те како знам да ја ценам парата.:)
Епа гледај сега не значи дека мојата мака ме натерало на сето тоа туку ме натера тоа што јас сакам самиот така капираш? ако тебе ти е убаво да чекаш од твоите и сл. твое право твој избор прави си така.
 
Цела држава ни е катастрофа.За да се смени малдината во РМ треба прво да се смени тактиката кон младите што ја прави самата држава.
 
Од кого треба да очекуваме колумна следниот период за тешкиот и исцелителен живот?Од Љупчо Црвенковски или?
Од Трифун Костовски или негов/а син/ќерка...:icon_lol:
 
Е ова е ропски менталитет , ке работи и недели за 150 евра бидејки ке се осеќа самостојно , ке црнчи цел живот за 150-200 евра како Филипинци и Малезијци и ке се фали како тој се сам си постигнал а накрајот кога ќе видиш ништо не постигнал , само го изгубил здравјето.

Многу глупа логика мора од некаде да се почне, познавам многу луѓе кои почнале од копач и мотика па сега имаат многу повеќе од тоа.. баш маката ќе ги натера да размислуваат малку повеќе и ќе се трудат да постигнат уште повеќе ;)
 
Епа гледај сега не значи дека мојата мака ме натерало на сето тоа туку ме натера тоа што јас сакам самиот така капираш? ако тебе ти е убаво да чекаш од твоите и сл. твое право твој избор прави си така.
Извини ако те навредив, немав намера да те омаловажам поради тоа што си работел на 15 години. Напротив, респект за тоа.:)

Јас имам своја цел, и целам кон неа, во претходното цитирање ти пишав, не чекам моите да ме ранат здравје и на 25 години...се во свое време пријателе.:)
 
Во самата колумна, автоматски јасно се става до знаење кој е проблемот. Демек ако не фатиш страна си против нас, ако не си со нас - си против нас и тоа е проблемот во нашето општество.
Да, младината треба и мора да биде политички свесна за случувањата, но тоа не значи дека мора и треба да земе партиска страна. Баш напротив, младите треба да бидат прогресивна сила која ќе се бори за подобро утре за себе и своите деца. Младината треба да биде желна за реформи во системот - пред се образовниот систем. Младината не треба да ќути кога нема да може 3 месеци да земе оцена, затоа што така му текнало на професорот, младината не треба да ќути кога на факултет се трудат да ги претворат во безгласни букви. Кога на факултет им велат ќе ми ја купиш книгата, ако сакаш поени/потпис, не треба да ќутат, туку треба да прават скандали.
Но, не значи дека ако младината не излегува на протести кои се пред се политички мотивирани дека е апатична и дека не знае што сака.
Младината треба да биде мостот меѓу партии, партиите да бидат тие кои ќе ги молат младите за својот глас, кои ќе им нудат решенија и врз основа на тоа младината да излага на избори, а некако што е моментално - младината ги моли партиите, надевајќи дека ќе се вработи во администрација и ќе дреме по цели денови, без да работи, а сепак да зема плата.
Амбицијата, т.е нејзиниот недостаток е исто така поголем проблем. Освен одреден процент кој е решен да успее и да работи, другите не се замараат за утре, гледаат денес да си поминат убаво.
Плус, она што ја прави колумната со помал кредибилитет е фактот дека тој што ја напишал е син на реномиран и етаблиран (ете да не кажам богат) човек во нашето општество, дете кое реално ги немало истите проблеми во материјална смисла, тој не знае како е да се сврзува крај со крај и многу е потешко да се пронајде некој во смисла на тоа да се идентификува со него. А дека мојава констатација е точна, се гледа по коментарите на темава, повеќето беа насочени кон самиот автор, а не кон содржината.
Работава излага, младината треба да е апатична по потреба, а да биде активна исто по потреба. Не оди тоа така. Младината нон-стоп треба да биде критичар на сите структури, структурите треба да се плашат од гласот на младината, не обратно, како што е случај кај нас. Не треба младината да биде водена според партиските интереси, туку партиските интереси да се водат според младината.
Во многу држави, партиските подмладоци се најголеми коректори и критичари на своите партии и постојано се трудат да допринесат и да бидат слушнати, не се водат слепо според нивните лидери. (Ова последново е конкретно за тие што се во партија, не за младината општо)
Народот треба да има една партија, а тоа е Македонија.Неможеш да градиш држава, младина, економија со народ на којшто кога ќе му кажеш дека ја сакаш Македонија ти вика“Ме боли курот за Македонија!Да не ми дала нешто!“.

Ние пред се немаме њубов кон својата татковина, немаме љубов кон своите предци, кон својата мајка, татко, баба, дедо.Немаме колективно чувство за добро и зло.Не чувствуваме колективна грижа ако некој фрла пикавец или брца гуми на комшија.Цел живот ни поминува во тоа “Ме боли курот за друг“.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom