Во самата колумна, автоматски јасно се става до знаење кој е проблемот. Демек ако не фатиш страна си против нас, ако не си со нас - си против нас и тоа е проблемот во нашето општество.
Да, младината треба и мора да биде политички свесна за случувањата, но тоа не значи дека мора и треба да земе партиска страна. Баш напротив, младите треба да бидат прогресивна сила која ќе се бори за подобро утре за себе и своите деца. Младината треба да биде желна за реформи во системот - пред се образовниот систем. Младината не треба да ќути кога нема да може 3 месеци да земе оцена, затоа што така му текнало на професорот, младината не треба да ќути кога на факултет се трудат да ги претворат во безгласни букви. Кога на факултет им велат ќе ми ја купиш книгата, ако сакаш поени/потпис, не треба да ќутат, туку треба да прават скандали.
Но, не значи дека ако младината не излегува на протести кои се пред се политички мотивирани дека е апатична и дека не знае што сака.
Младината треба да биде мостот меѓу партии, партиите да бидат тие кои ќе ги молат младите за својот глас, кои ќе им нудат решенија и врз основа на тоа младината да излага на избори, а некако што е моментално - младината ги моли партиите, надевајќи дека ќе се вработи во администрација и ќе дреме по цели денови, без да работи, а сепак да зема плата.
Амбицијата, т.е нејзиниот недостаток е исто така поголем проблем. Освен одреден процент кој е решен да успее и да работи, другите не се замараат за утре, гледаат денес да си поминат убаво.
Плус, она што ја прави колумната со помал кредибилитет е фактот дека тој што ја напишал е син на реномиран и етаблиран (ете да не кажам богат) човек во нашето општество, дете кое реално ги немало истите проблеми во материјална смисла, тој не знае како е да се сврзува крај со крај и многу е потешко да се пронајде некој во смисла на тоа да се идентификува со него. А дека мојава констатација е точна, се гледа по коментарите на темава, повеќето беа насочени кон самиот автор, а не кон содржината.
Работава излага, младината треба да е апатична по потреба, а да биде активна исто по потреба. Не оди тоа така. Младината нон-стоп треба да биде критичар на сите структури, структурите треба да се плашат од гласот на младината, не обратно, како што е случај кај нас. Не треба младината да биде водена според партиските интереси, туку партиските интереси да се водат според младината.
Во многу држави, партиските подмладоци се најголеми коректори и критичари на своите партии и постојано се трудат да допринесат и да бидат слушнати, не се водат слепо според нивните лидери. (Ова последново е конкретно за тие што се во партија, не за младината општо)