Разбуди се младино, во тебе е промената!

  • Креатор на темата Креатор на темата Achilles1989
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Коа дел од младината дигна глава, поради убиството на деца за Велигден, таквите како Ружин, НВО-а и слични, советуваа политика - наведната глава сабја не ја сече, нормално, завиткана во наводна пацифистичка фолија.
Зарем сеа очекуваат да станат, за на Бранко газот да го носат пак до премиерска фотеља?Баш сеа, кога сите (дури и неговите) го отфикарија?

И веруем дека вакви теми се табу тука. наскоро ќе видите.
 
А за што да работаат, за 200 евра бе сонце?

Да риеш од мрак до мрак, и на крај парите да не ти стигнат до 10ти :)
Значи подобро е да седиш дома пред компјутер, да типкаш по тастатурата жалејќи се дека нема работа па затоа влечеш уште пари од мама и тато и живееш под нивни кров? Јас не мислам така :)
 
Полошо од текстот(кој патем не го дочитав) може да бидат само коментарите на кајгана за самиот текст.
 
Со самото тоа што после текстот, следните неколку коментари се "не прочитав/не го дочитав" се опфаќа целата поента на текстот.
Инаку се согласувам со плавоока, младината и надежта од истата скоро и да ја снема.Сите чекаат парички од мама и тато или евентуално од партија, од улизувањето, затоа што се премногу мрзливи за да фатат да заработат пари кои ќе ги наречат свои.
Јас не го читам бидејќи веќе знам што ќе најдам во него од една причина текстот до некаде каде што го прочитав веќе ја разбрав повеќе содржината но кога видов кој го пишувал текстот веќе ми стана јасно пред се бидејќи личноста е запливана во политичките води и јас не очекувам да ми дели памет таква личности бидејќи и повеќе знаат дека таквите личности вакви текстови се пишуваат пред избори најмалку 6 месеци тоа е една работа друга работа знам дека 70 % од целата младина во Македонија е таква сака лесна работа и да добие пари на рака и ако може ќе работи на кревет за пари но реално гледано има и личности кои работат уште од 16 год. па нагоре така да не треба одма да почнеш со тоа дека ако некој не го чита текстот дека тој е мрзлив човек. :)
 
И јас вака ќе серам кога ќе имам сто години и нема да ми се дига. Нано оди легни си, комплексите чувај си ги за себе. Во текстов се бламира ко да наполнил вчера 22-3 години.

Текстот е од син му на Нано Ружин, Александар.
 
Го читав вчера на страната на ЛДП. Го прават најголемото можно лицемерие. Луѓе патувале по 5 часа за да изразат револт? Абе ајде.. Патуваат оти ќе добијат 500 денари за тоа или се надеваат дека еден ден тие или некој нивни најблизок ќе биде вработен во администрација. Мислат на идеологијата, на целите на партијата? Никој не мисли на тоа, дури и парламентарците не ги знаат целите за кои треба да се залага партијата на која припаѓаат. Ова е класична борба за фотеља, кај кого да се бројат државните пари. Еден народ е незадоволен кога сам ќе излезе од дома и сам ќе ја бутне власта, а не да се натега и со платени автобуси организирано да се влече од сите страни само за некој да си ги лечи каприците. Вака власт не се бутка.
Да не навлегувам премногу во политика, Ружин јуниор се осврнува на тоа како младината Скопска е индиферентна на, пази, отпорот против режимот. Како младината е политички индиферентна. Се прави една огромна грешка. Пред некое време, не знам кој беше, кажа дека секој кој е политички неутрален кај нас е будала. Нема политички неутрални луѓе. Секој има свој став. Проблемот е што тие што се партиски впрегнати ги сметаат за неутралци оние чии идеи не се вклопуваат со идеите на двата најголеми блокови. Ако не си дпмне или сдс автоматски си неутрален, па по ново и будала. Во Македонија имаме сиромашна политичка сцена, со катастрофални идеологии. Имаме нужна потреба од нови опции. Можеби младите ги сакаат тие нови опции наместо излитениве 2 блока, м?
 
Plavooka

Морав да те цитирам за следново
Секој паметен припадник на прогресивната младина сфаќа во каква кал сме заглибени и си ги пакува куферите. Надвор ќе ринта ко коњ, ама барем ќе стане човек, свој на своето, за разлика од овде, каде доживотно ќе биде заложник кој мора да одработува за партијата која му фрлила ТУЃО парче леб, добиено од нас, народот.

Сума сумарум, ниту младината, ниту менталитетот на македонскиот народ ќе се промени, бидејќи истите се одамна лоботомизирани.

Јас сакам нешто да те прашам колку години имаш и зошто сеуште си во Р.М ? :)
 
Значи подобро е да седиш дома пред компјутер, да типкаш по тастатурата жалејќи се дека нема работа па затоа влечеш уште пари од мама и тато и живееш под нивни кров? Јас не мислам така :)
Не е подобро, не ми беше тоа поентата на постот.:)

Младината е мрзлива ДА, ама кривицата не лежи само кај нив. Целото опшество придонело за тоа ;)
 
Значи подобро е да седиш дома пред компјутер, да типкаш по тастатурата жалејќи се дека нема работа па затоа влечеш уште пари од мама и тато и живееш под нивни кров? Јас не мислам така :)
Не подобро е моите колеги машински инженери дипломирани што работат во кафич на шанк?
Или некој во жабени што ќе работи за 8-12000 денари? Пари ли се тоа, срамота е и навреда за луѓето толку пари. И згора на се и врски треба за да влезеш. До питачки стап сме донесени сите не лажат само за да стигнат до фотељата и да лапаат дневници и плати... И дошол некој ќе ми кажува дека си живеел со твоите или незнам што епа извини ама со 10 000денари неможеш сам да живееш. Многу работи треба да се средат пред да се среди и ова. И СЕКАКО дека нема да учествувам на протести организирани од тие што не лажеле, не лажат и ќе не лажат. Само тешко дека народов во блиска иднина ќе се свести ама тоа е тоа
 
А за што да работаат, за 200 евра бе сонце?

Да риеш од мрак до мрак, и на крај парите да не ти стигнат до 10ти :)
TAKA E
е коа некој вика младите се мрзливи, не се младите мрзливи сакаат да работат ама немаат каде а и да имаат каде за што ке работат за 10000 денари?
на запад младите веке имале станови и коли на кредит, абе кај нас една кауч неможеш на кредит да си купиш а не па камоли кола или стан
ете најпросто пред некое време гледам каучи од ’форма нова’ е 15000 денари а просечна плата едвај едвај 12000 а да не се споменува за тие што работат и за 6-7000
 
Јас не го читам бидејќи веќе знам што ќе најдам во него од една причина текстот до некаде каде што го прочитав веќе ја разбрав повеќе содржината но кога видов кој го пишувал текстот веќе ми стана јасно пред се бидејќи личноста е запливана во политичките води и јас не очекувам да ми дели памет таква личности бидејќи и повеќе знаат дека таквите личности вакви текстови се пишуваат пред избори најмалку 6 месеци тоа е една работа друга работа знам дека 70 % од целата младина во Македонија е таква сака лесна работа и да добие пари на рака и ако може ќе работи на кревет за пари но реално гледано има и личности кои работат уште од 16 год. па нагоре така да не треба одма да почнеш со тоа дека ако некој не го чита текстот дека тој е мрзлив човек. :)
Абе јасна е целта на текстов нормално, само глуп би можел да замиже пред вакво нешто. Муабетот е дека иако е со политичка цел, текстов е вистина.Затоа што денес младите се помалку се ангажирани и се секираат за нивната иднина.Чекаат од нивните најблиски да им фатат некаква работа низ врски или евентуално партиската книшка да им помогне.Оние најсреќните фаќаат џаде и дим да ги њама.Но што е со оние кои судбината им е запечатена во Мк? Ќе се жалат и на 30 години?Кога ќе сфатат дека веќе ги надминале сите граници и треба да направат нешто во врска со својата иднина? Тажно, многу тажно.
Инаку погрешно си ме разбрал, не ги класифицирам како мрзливи оние кои не го прочитале текстот, туку потенцирав дека се опфаќа целата поента на напишаното во истиот.
 
Олабави ме. Не напињај. Или, не замарај.
Ако некој те напиња, замара за нешто, знај дека сака да ја сврти водата кон неговата воденица, затоа младино ако сакаш да бидеш дел од некој тим, навивачката група КОМИТИ е секогаш отворена, да се замараш со политика не вреди!
 
Не подобро е моите колеги машински инженери дипломирани што работат во кафич на шанк?
Или некој во жабени што ќе работи за 8-12000 денари? Пари ли се тоа, срамота е и навреда за луѓето толку пари. И згора на се и врски треба за да влезеш. До питачки стап сме донесени сите не лажат само за да стигнат до фотељата и да лапаат дневници и плати... И дошол некој ќе ми кажува дека си живеел со твоите или незнам што епа извини ама со 10 000денари неможеш сам да живееш. Многу работи треба да се средат пред да се среди и ова. И СЕКАКО дека нема да учествувам на протести организирани од тие што не лажеле, не лажат и ќе не лажат. Само тешко дека народов во блиска иднина ќе се свести ама тоа е тоа
ова е најжалниот дел посебно за од техничките фак. што се скапувале од учење сега работат за мизерна дневница од 350 ден жално жално
 
се беше ок, издржан текст, воглавно се солгасувам со бацево.. Али тогаш го прочитав ова

Скопските градски деца ретко ќе ги видите на протестите и на маршевите против режимот, организирани од страна на Сојузот за иднината, актуелниот Отпор.


ќе придонесете на свој начин во Отпорот и ќе го поддржите проектот на опозицијата за демократско и урбано „Скопје

и веќе ми стано јасно што е работава, ова е еден од тие што треба некого да анимират и да мобилизираат. Убава фасада и направил на поентата која требало од штаб да ја пренесе на нас.... да штаб, тоа што кобајаги му смета и против што се бори јунаков.

Единствено полошо од летаргијата на младите во Скопје се овие револуционери на батерии.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom