RAW, JPEG, TIFF

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Една од работите кои остануваат премногу нејасни кај делумно преголем број на корисници на дигитални апарати е форматот на зачувување на фотографија при фотографирање.
Делумно на не многу скапите апарати има само еден формат а тоа е JPEG, класика:)
Кај поскапите апарати и нормално оние од класа плус што се има уште еден формат наречен RAW кој кај NIKON апаратите исто така се нарекува и NEF формат (малце курцање од нивна страна ама нема везе).
На некои апарати имаат оставено и TIFF формат што според мене е чиста глупост и само доставање функции за да има повеќе напишано на ливчето кое ќе стои покрај апаратот.

Поентата на форматите?
Прво малце основа....Дигиталниот сензор (CCD и CMOS) кај дигиталните апарати е познат како BAYER PATTERN sensor кој е организиран со црвени сини и зелени осетливи точки. Одприлика изгледа вака
Како што се приметува од сликата за секој црвен и син пиксел стојат по два зелени пиксела. Зошто? Затоа што зелената боја е далеку попривлечна за човечкото око и затоа е поважна. Интензитетот на боите црвена сина и зелена се задава со број започнувајќи од 0 и завршувајќи со 4096 (типичен 12bit сензор)
Процесирањето на сликата кое се врши преку сензорот на апаратот калкулира според Bayer interpolation систем кој го пресметува точниот интензитет на црвената/сината/зелената боја која се рефлектира на сензорот. Пресметаната слика би изгледала вака




RAW формат
RAW форматот (кој Nikon го нарекува NEF формат) е излезот од секој канал посебно од сензорот одкако ќе биде примена светлина преку објективот. RAW форматот не е завршиот продукт т.е. не е сликата која треба да излезе на крај затоа што не е помината преку Баеровиот калкулатор и од целата метадата која треба да ја има сликата оваа има само ISO вредност. Малце да биде појасно следи илустрација


Делумно RAW форматот доаѓа како негативот во аналогната фотографија, се добива приказ на сликата ама тоа што треба да го има го нема и треба да се намести:)
RAW сликите зафаќаат повеќе простор одколку обичните JPEG фотографии а исто така и побавно се запишуваат на картичките на апаратот.



Од RAW во JPEG и во TIFF
Значи одкако ќе се заврши со фотографирањето во RAW следува преработување во еден од форматите кои се за визуелно представување на масата која чека да ги види(дали печатено или дигитално). Преку софтверот кој што доаѓа со апаратот ги повикувате RAW фотките и се отвара една платформа на која имате сетирање на фотографиите започнувајќи од колор баланс па завршувајќи со фокус:) Инаку во последната верзија на Adobe Photoshop(CS3) е додадена опцијата за било кој апарат кој има RAW да биде прифатен, затоа што како што кажав NIKON предходно правеа проблеми со закани дека нема да дадат лиценца за инсталирање на нивниот плагин во фотошоп ама дадоа:)
За сите почетници во RAW има и готови присети со кои најлесно ќе ги наместат фотографиите дали во JPEG или во TIFF.
Но што е разликата помеѓу JPEG и TIFF
Секојдневно симнуваме слики од интернет дали тоа биле аватарчиња, позадини или слики од другари/ки некаде на некој сајт и сите се во JPEG направени. Со тоа заклучуваме дека JPEGот е претежно за дигитално представување на фотографиите, нормално затоа што подржува само 8битна компресија додека TIFF форматот има опција од 8 или 16 бита, што значи дека тежни многу повеќе од JPEGот но затоа е многу подобар за принт. Еве пример со една фотографија со резолуција од 1280х1024 во JPEG формат ми тежи 810 килобајти а истата таа само направена од RAW во TIFF тежи 33мегабајти, ама затоа кога фотографијата ја однесов на принт тест во JPEG и TIFF можете да одлучите која излезе почиста и поубава за око:)






Кога да фотографирам во RAW а кога во JPEG?
Исто така една од поголемите забуни кај голем дел од фотографите кога да фотографираат во RAW формат. RAW се користи само во експлицитни моменти кога на пример не сте сигурни за изворот на светлина или па балансот на белото не ви е баш нај нај тогаш би се фотографирало во RAW за да после тоа во постпроцесирање на фотографијата одлучите како да биде фотката. Исто така RAW се препорачува да се фотографира и при генерирање на HDR фотографии затоа што EVто полесно се менува на RAW одколку на JPEG фотографија:)

Но доколку знаете каква светлина имате и сте вешти при сетирање на балансот на белата боја тогаш можете да чкрапате и во JPEG и да извадите исто така прекрасна фотка за принт или дигитален приказ









Сумасумарум:)
RAW форматот е закон. Ви се отвара можност за создавање од една фотографија милион други комбинации на фотографии.
RAW форматот има и неубава страна. Ви се скратува бројот на фотографии и времето за фотографирање
RAW форматот е спремен и за принт и за дигитално представување



JPEG форматот е класика. Можеш да направиш премногу фотографии за многу кратко време
JPEG форматот има неубава страна. Како е така е фотката многу измени нема да трпи:( Затоа препорачливо е фотографирање повеќе пати
JPEG има неубава страна кога се принта затоа што се компресира на 8бита




TIFF форматот е комерцијален формат. Се користи чисто само за квалитетен принт
TIFF форматот има неубава страна. Тежи мноооогу повеќе и никако ама баш никако не е за на интернет
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
A останатите формати ќе бидат пооделно опфатени ?
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Во глобала најмногу се дига фама околу RAW форматот, затоа што од него излегуваат другите два формати т.е. тие се компресиран RAW : )
Мање више е кажано за нив, JPEG ти е повеќе за дигитална презентација а TIFF за принтана. Причина? JPEG зафаќа помалце, а TIFF има поголем обсег на боите
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Точкест напиша:
Eте ги мислењата тука се префрлени и може да продолжиме за дискусијата за RAW и ЈPG.
Фликс другарче разликата која е? На raw форматот одпосле ја менуваш светлината, оштрината, контрастот и ред други работи. Истите тие можеш да ги менуваш и на JPG ама ќе се изгуби малце квалитетот на сликата. RAW е формат во стилот на негативот кај slr апаратите што значи дека одпосле ТИ одредуваш колку да биде светла/темна сликата....прочитај за raw повеќе и зашто се користи
Да да разгледав, видов шо е финтата :smir:
сепак пак ќе си преферирам ЈPG , откако ќе фотографирам RAW чекам 5 секунди мин да се генерира сликата.
 
Член од
28 април 2008
Мислења
22
Поени од реакции
0
Da ve prasam koe e najdobro programce za procesiranje RAW sliki,probav sea ona phase one na trial go simnav, ama pak ne ja gledam bas razlikata megu RAW i JPEG.
slikata sepak ne e poostra i pocista,ne mnogu.
Znaete li koe e najdobro programce za RAW sliki?
pozz
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Da ve prasam koe e najdobro programce za procesiranje RAW sliki,probav sea ona phase one na trial go simnav, ama pak ne ja gledam bas razlikata megu RAW i JPEG.
slikata sepak ne e poostra i pocista,ne mnogu.
Znaete li koe e najdobro programce za RAW sliki?
pozz

Отварај си ги преку Photoshop CS3 незнам друго некое програмче посебно само за рав јас само него го користам.
 

mmm121

Pentaxian
Член од
27 јуни 2006
Мислења
545
Поени од реакции
21
Photoshop - Image - Image Size ..... во полето resolution ќе внесеш 300 и готово.
 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
11
Фино, браво :) сега знам нешто повеќе :)
 
S

Sasha

Гостин
Photoshop - Image - Image Size ..... во полето resolution ќе внесеш 300 и готово.

Ti blagodaram mnogu za odgovorot,pozdrav :))))
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Photoshop - Image - Image Size ..... во полето resolution ќе внесеш 300 и готово.

Ti blagodaram mnogu za odgovorot,pozdrav :))))
Само исклучи Resample Image за да не ти зголеми пикселажа туку само да ја направи сликата на 300 за да биде добра за печатење, и да видиш реално колку ќе биде голема фотографијата
 

Vodza

Ultras Crew
Член од
9 ноември 2008
Мислења
934
Поени од реакции
19
Незнаев кај да го постирам постов се извинувам ако е на грешка место
Вака имам една слика али на неа има copyrights со текст не се разбирам многу во фотошоп а сакам да го тргнам текстот ако може некој да ми помогне фала однапред :smir:
 
Член од
23 август 2006
Мислења
46
Поени од реакции
96
TIFF е сиров формат, секој бајт информација која ја снима апаратот се зачувува во меморија како што е.

RAW, CR2, NEF и нив сличните се исто така сирови формати кои во меморијата се зачувани на специјално спакуван начин за да се намали тежината без да се загуби информација (преку ентрописки или аритметички кодери).

JPEG форматот неповратно ја компримира информацијата која ја гледа апаратот на неколку начини:
- подсемплирање на динамичкиот опсег (12bit -> 8bit)
- двојно или четирикратно подсемплирање на бојата (сината и црвената разлика во YCbCr просторот на бои)
- нископропусно локално филтрирање во DCT просторот при што високите фрекфенции (читај фини детали) се потиснуваат на нула и се губат засекогаш,
на крај искасапената слика се пакува со ентрописки кодер и во меморијата зафаќа значително помалку простор.

Од искуство, фотографија снимена во JPEG понатаму тешко се обработува во фотошоп (контраст, осветлување, корекции на бои, изострување) заради тоа што фините детали се неповратно изгубени при фотографирањето.
RAW форматите зафаќаат 4-5 пати повеќе отколку JPEG, но го нудат целиот квалитет на фотоапаратот и и се далеку пофлексибилни за посериозни корекции во фотошоп.
Разлика меѓу RAW и TIFF во однос на квалитетот може да се јави ако се користи понапреден демозаикинг/дебаеринг алгоритам од производителот ама за такви екскурзии во некоја друга прилика :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
Кажете некоја добра програма за RAW фотографии. Ја симнав онаа Photoshop Light room (или како и да се пишува, тапа сум англискиот) ама не можев нешто да ја инсталирам. Ако знае некој некоја исто таква слична лесна за користеље нека пише .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom