Раст на невработеноста

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
  • приватна сопственост : 487.437 вработени лица
  • Друга сопственост (општествена, мешовита, задружна, државна) : 160.763


Значи 3:1 приватно вработени наспрема државно вработени а може да се каже дека се под 5/6 : 1 е неодржливо а ако се сака напредок треба да е 10+ наспрема 1.
 
  • приватна сопственост : 487.437 вработени лица
  • Друга сопственост (општествена, мешовита, задружна, државна) : 160.763
Тоа е така агрегирано да не можеш лесно да откриеш колку точно лица се вработени во јавните т.н. буџетски служби затоа што во останати не значи и буџетски. Мешовити и задружни на пример не (треба да) се буџетски корисници. Некои (како Охис, Тутунски Прилеп) се со мешовита сопственост дел акции од државата, дел од физички и правни лица. Платите се исплаќаат од дејноста на фирмата.
Единствено општествените и државните субјекти се целосно буџетски корисници. Затоа е и тешко ова разграничување.
Мада бројот на буџетски корисници го знаат со сигурност затоа што пред се исплатите одат преку трансакциски сметки, парите се повлекуваат од буџетот по број на лица. Дополнително државните службеници подлежат на оценување што значи за секој од нив има фајл/досие. Не е тешко да се направи еден count во базата со записи. Прашање е зошто не ги објавуваат.
 
  • приватна сопственост : 487.437 вработени лица
  • Друга сопственост (општествена, мешовита, задружна, државна) : 160.763



многу површно е тоа 160 илјади, јас ти викам директни буџетари, неможе јавните претпреијатија да ги класираш тука иако тука се ставени не земат плата од буџет, пример ЈП Комуналец имат сметка но си осваруват приходи, исто ЈП Мак. Шуми основач е влада но не се буџетари.....
--- надополнето: 19 септември 2012 во 17:55 ---
плус иам разлика Јавни со Државни овие вторите со сигруност земат буџетски пари додека за првите не сум упатен како и да е, да дадам една бројка од 120-130 илјади буџетари
 
10% од Германците идат на факултет.

Затоа скоро сите идат на стручни универзитети како порано што беше Работнички универзитет каде што би се учеле струки.Нашиве факултети се чиста утка а средното образование пак најголема.Гимназија е најпропадната инвестија.

Професионални заварувачи зимаат може да се каже и огромни плати дали има по 5 рица секоја година пријавено.Епа не може со неколку десетици машински и технолошки инжењери да оформиш индустрија а со тоа и економија.Чим изумрат генерациите што работеле во Фас 11,ЕМО и Охис во Македонија ќе се изгуби целото знаење за производство.

Тоа знаење никој нема да ти го даде назад за џабе а треба декади за да се научи од почеток.

Единствената насока за која ќе се има доволно кадар се телекомуникации и информатички технологии за кој пак пробивањето е уште потешко зошто конкуренцијата е огромна а најдобрите веднаш бегаат.


.


.
Се е тоа убаво,но струките заварувач,лимар,електричар,бравар,дреар остави што се слабо платени туку и се доста потценети.
Да никој не сака да учи за тие струки сите сакаат да седат на столче и за тоа да земаат плата,секој бега од физичка работа затоа што е слабо платена германија е друга приказна Електричар, Заварувач, Бравар,Дреар се доста добро платени професии,овде остај што со потценување се гледа на тие луѓе туку и самите газди го прават тоа така да биде,неплатени прекувремени сати,каснење со плата итн итн.
 
Да видиме како стојат Балканските земји

вработени / невработени

Македонија : 648.000 / 294.000

Словенија : 810.000 / 105.000

Србија : 1.733.000 / 760.000

Бугарија : 2.913.000 / 409.000

Албанија : 933.000 / 143.000

Хрватска : 1.363.000 / 301.000

Црна Гора : 173.000 / 28.000

БиХ : 690.000 / 538.000

Грција : 3.793.000 / 1.168.000

Косово : ? / 335.000

Имав малце потешкотии да ги соберам за сите држави , се потрудив да ги најдам најновите податоци , но не сите се од државните заводи на државите.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi
270773_10151004862876331_555206947_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom