- Член од
- 29 март 2007
- Мислења
- 13
- Поени од реакции
- 1
Не сум сигурен дали постои, но еве нека има тема поврзана со Хип Хоп стилот на облекување. Инаку тоа е специфичен стил кој не е општоприфатен кај поголемиот дел од популацијата кај нас и е доста несекојдневен. Пред се тука станува збор за класичната слика како е облечен еден рапер: пред се со широки фармерки, широки дуксери со капуљача (со патент или без), патики со огромен ѓон или високи Timberland чевли, бејзбол капа... потоа во таа мода спаѓаат и рагби, кошаркарски , хокеарски дресови, шарпи, марами, маскирни јакни и пантолони... Во денешно време модата во Хип Хоп културата носи некои непропознатливи црти кои не се прифатени како вистински во таа таргет група, како на пример потесни фармерки со различни шари и шеширчиња...
Инаку во Скопје нема премногу места кадешто би можела да се купи таква широка гардероба и тоа има само во Toni Zen Hip Hop Shop, Madness и Пирамида во ГТЦ на 2ри кат. Ако некој знае и други места каде може да се купува таков стил на облека, слободно нека напише тука на темава.