Рамна Земја?

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Како бре сите небески тела округли насекаде а само земјата плоча? Или и месечината е рамна? :D
За месечината имаш овде: https://youtu.be/xinVOCuIeGM
Автоматски споено мислење:

Очигледно е камера монтирана на крилото. Каде е проблемот?
Нема проблем се е во ред...
 
За месечината имаш овде: https://youtu.be/xinVOCuIeGM
Автоматски споено мислење:


Нема проблем се е во ред...

Форумска комуникација се состои во пишување мислења и реплицирање на истите.
За спам со фотки и видеа си имаш Инстаграм.
Галиба не сфаќаш како функционира ваква виртуелна платформа.
Ајде со свои зборови објасни како тоа месечината е лажна, некаков холограм поради кој имаме илузија дека се работи за небеско тело а месечината била измислена од Ватикан, затоа на стари фотографии од 13 век и постари никаде нема месечина!
 
Ај анкета да се стави.
1. Психијатриски случај
2. Политички пиун пратен да одвлече внимание од дрте теми
3. Новиот Ајнштајн

Во САД постојат луѓе кои никогаш во животот во живо не виделе крава, не виделе ѕвезди, не виделе како изгледа снегулка, не виделе месечево и сончево хало. Не излегуваат од дома ни до супермаркет, туку до дома им донесуваат храна и пијалоци и овие само гнетат и се прават по 200 кила. Но сета тоа треба да се плати. Бидејќи се прекумерно дебели неподобни се за физичка работа, САД не е социјална држава, а и да крадат не им се исплати зашто таму ако влезат во туѓ имот, многу лесно може да им свирнат куршум. Така овие немајќи друг излез и многу избор, се фокусираат на правење кликбејт веб-страници со сликички во Пеинт и наоѓаат пациенти од целиот свет, како што е @Red Zurla, кои се навлекуваат на нив како муви на г..., така што не мора повеќе да се грижат откај ќе најдат пари за плаќање на сметки, стан, кредити и понатамошно товење.
Автоматски споено мислење:

Форумска комуникација се состои во пишување мислења и реплицирање на истите.
За спам со фотки и видеа си имаш Инстаграм.
Галиба не сфаќаш како функционира ваква виртуелна платформа.
Ајде со свои зборови објасни како тоа месечината е лажна, некаков холограм поради кој имаме илузија дека се работи за небеско тело а месечината била измислена од Ватикан, затоа на стари фотографии од 13 век и постари никаде нема месечина!

Со кој мозок да објасни? Постира некои сликички, кои ни самиот не ги разбира, како да е ретардиран. И со целиот пилешки памет прашува кој видел закривена вода? Што имплицира дека никогаш во животот не видел водена капка и не знае зошто има таква форма каква што има, не знае што е вода, не знае зошто водата тече и зошто реките течат и не знае што е површински напод. Да не набројувам за физички и хемиски својства и различните агрегатни состојби на истата.

Така ли е @Red Zurla? Знаеш ли што е вода или да почекаме да ги прашаш твоите виртуелни другарчиња, за да ни одговориш?

Со сликички секако, бидејќи за комуникација во која ќе бидеш во состојба да напишеш повеќе од три реченици, едноставно не си способен.
 
Последно уредено:
Ама докажува дека ти го испрале мозочето и дека никој не отишол на месечината. Дури има филм за тоа ШТО СЕ СЛУЧИ НА ПАТОТ КОН МЕСЕЧИНАТА така нешто...
Двете теми не се поврзани. За Месечината биле или не, можеме настрана од „рамна Земја“ да дискутираме.
Ништо не е очигледно. Ако одиш по таква логика, тогаш ти го испрале мозокот со многу нешта, ама тие нешта (други теми) не докажуваат дека Земјата е рамна или округла.
 
Во САД постојат луѓе кои никогаш во животот во живо не виделе крава, не виделе ѕвезди, не виделе како изгледа снегулка, не виделе месечево и сончево хало. Не излегуваат од дома ни до супермаркет, туку до дома им донесуваат храна и пијалоци и овие само гнетат и се прават по 200 кила. Но сета тоа треба да се плати. Бидејќи се прекумерно дебели неподобни се за физичка работа, САД не е социјална држава, а и да крадат не им се исплати зашто таму ако влезат во туѓ имот, многу лесно може да им свирнат куршум. Така овие немајќи друг излез и многу избор, се фокусираат на правење кликбејт веб-страници со сликички во Пеинт и наоѓаат пациенти од целиот свет, како што е @Red Zurla, кои се навлекуваат на нив како муви на г..., така што не мора повеќе се грижат откај ќе најдат пари за плаќање на сметки, стан, кредити и понатамошно товење.
Има логика твоево :)
Проблемот е што Рамна Земја е веќе меинстрим таму! Имаше анкета во која секој четврт американец се декларира како рамноземјаш! Не е ни смешно ни жално во однос на тоа кои се не други теории на заговор се шират таму! Q Anon, птиците не се реални, Австралија не постои, Бајден е Кинг Лизард, Area 51 итн итн.
Кога вака ќе ги поставиш работите, има сеуште надеж за @Red Zurla !
 
Двете теми не се поврзани. За Месечината биле или не, можеме настрана од „рамна Земја“ да дискутираме.
Ништо не е очигледно. Ако одиш по таква логика, тогаш ти го испрале мозокот со многу нешта, ама тие нешта (други теми) не докажуваат дека Земјата е рамна или округла.

Кој мозок му го испрале? Мислиш на оној каде наместо самиот да отиде и да се подружи со Илина Арсова и да продискутира за нејзиното патешествие на Вилсон или да види за https://worldmarathonchallenge.com/antarctica/ и за https://www.icemarathon.com, тој повеќе им верува на белосветски измамници, кои нос не промолкнале преку прозорец, не пак да излезат од дома и да прошетат во природа.

Или на оној негов мозок, кој не е во состојба да искомуницира со другарчиња од Нов Зеланд или Аргентина и Чиле, да му пуштат лајв стрим од ноќното небо за да ги види Јужниот Крст, Големиот и Малиот Магеланов Облак и да се запраша, ако има со што, зошто истите не кружат околу Северницата и зашто на тоа видео не може да ги види Малата и Големата Мечка или Касиопеја?

Или на оној негов мозок, кој за да измери водорамност на некоја површина, му сигнализира да ја дигне либелата пред очи, оддалечена од објектот кој го мери, држејќи ја во воздух, како на сликичката што тој ја постираше. За таква работа, на било кое градилиште, веднаш ќе му ги удрат клоците, а може ќe му ја скршат либелата и од глава.

Или на оној негов мозок, кој никогаш не може да сфати, зошто кога при правење меури од сапуница, истите се формираат во облик на сфера, а не во форма на палачинка, коцка или пирамида?

На тој мозок мислиш?
Автоматски споено мислење:

Има логика твоево :)
Проблемот е што Рамна Земја е веќе меинстрим таму! Имаше анкета во која секој четврт американец се декларира како рамноземјаш! Не е ни смешно ни жално во однос на тоа кои се не други теории на заговор се шират таму! Q Anon, птиците не се реални, Австралија не постои, Бајден е Кинг Лизард, Area 51 итн итн.
Кога вака ќе ги поставиш работите, има сеуште надеж за @Red Zurla !

Ако продолжи вака, има надеж да налета на сајтови на култови, во кои водачот ќе му рече дека доаѓа крајот на светот на 31.12.2021 и ќе бара од него да му го препише сиот имот кој го поседува, што овој како лојален следбеник и просветлен не-глобусар ќе го стори тоа, така што на 01.01.2022, неговиот водач ќе биде побогат за голем број недвижнини и коли, а @Red Zurla и останатите следбеници на култот ќе останат со Ку-рот в раце.
 
Последно уредено:
...učk na antarktiku
.... Uciteljice jel onaj tamo u Australiji pisa sebi u frizuru?
..... Sunce jebem ti sunce pazi ti Amerikanca lukavog
.....Sevilla tamo gde je Dragutinovic igro...
....ред зурла... Не знам да ли си го постирал ова(милион видеа си ставил за 24саата)
Еве, најдобрата дебата на оваа тема:
Пс Без цитати и коментари... Видеото е за релакс... Ме заболе за формата на земјата.
 
Ако продолжи вака, има надеж да налета на сајтови на култови, во кои водачот ќе му рече дека доаѓа крајот на светот на 31.12.2021 и ќе бара од него да му го препише сиот имот кој го поседува, што овој како лојален следбеник и просветлен не-глобусар ќе го стори тоа, така што на 01.01.2022, неговиот водач ќе биде побогат за голем број недвижнини и коли, а @Red Zurla и останатите следбеници на култот ќе останат со Ку-рот в раце.
Така се почнува, точно! Прво го фрлаш здравиот разум настрана, а ако го немаш во старт уште подобро. Тие водачите плачат за вакви како Зурла!
Не е далеку и моментот кога свемирскиот брод ќе помине и ќе треба да ги спаси "совршениве човечки суштества" од Светскиот Заговор на Натемаго!
Проблем ќе имаат само како да се телепортираат низ фирмаментот! Имам нешто наслушнато дека за тоа требало да раскрстиш со сите земски и материјални ствари кои те врзуваат за плочава, и така целосно предаден да се напиеш од некоја "горка" течност... наравно уз мантри и испружени раце кон спасителот.

@Red Zurla ај наредна сесија распрашај се те молам на кај иде бродот? Која рамна плоча му е следеча станица?
Ако е Проксима Кентаури да се пишам и ја...
 
Зурла, ај објасни ни лунарна еклипса ако е земјата рамна. Да научиме нешто.
 
Без намера да го навредам, само му го вратив назад неговиот коментар што мене ми го напиша тој, дека:


Толку за мозокот и перењето од мене :D
Бреј домаќинка, испран му го вратила :ROFLMAO:
 
Така се почнува, точно! Прво го фрлаш здравиот разум настрана, а ако го немаш во старт уште подобро. Тие водачите плачат за вакви како Зурла!
Не е далеку и моментот кога свемирскиот брод ќе помине и ќе треба да ги спаси "совршениве човечки суштества" од Светскиот Заговор на Натемаго!
Проблем ќе имаат само како да се телепортираат низ фирмаментот! Имам нешто наслушнато дека за тоа требало да раскрстиш со сите земски и материјални ствари кои те врзуваат за плочава, и така целосно предаден да се напиеш од некоја "горка" течност... наравно уз мантри и испружени раце кон спасителот.

@Red Zurla ај наредна сесија распрашај се те молам на кај иде бродот? Која рамна плоча му е следеча станица?
Ако е Проксима Кентаури да се пишам и ја...

Некој тебе те излажал. Тој бродот вселенски е од светците и ќе ги земат кај госпо во рајо и ќе ја видат од високо рамната им земја.
 
Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

The TRUTH is hard to swallow...
 
Последно уредено:
Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Знаеш дека еднаш те опоменаа дека ова не ти е инстаграм или ФБ?!
Ако не си знаел на форум се пишува а опцијата да закачиш слика или видео ти е споредна, и се користи од време на време!
Ова што го правиш ти се вика СПАМ!

А кога подобро ќе размислам, и кој жив би сакал да те прати на Инста или ФБ ако цело време си закачуваш вакви клипчиња од ЈТ(n)

Па си нашол село без кучиња тука, и демек на темата си(а врска нема т.е. ти немаш врска од дискутирање) па досаѓаш...
Мада никој не ни е крив, ние изгледа сме поголеми пациенти што ја следиме темава отколку рамноземјашите....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom