Рамна Земја?

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
... замарав изгледа и за пандемијата со коронависрус и антиковид вакцини на времето, после 4 години што ќе кажеме сега за тоа?

Само еден сегмент да спомнам,
поранешен виш советник на експертот за заразни болести д-р Ентони Фаучи тогаш на времето на пандемија беше цар, сега се изјаснил за виновен во вторник за заговор за прикривање на федерални евиденции поврзани со истражувања за потеклото на смртоносната пандемија на COVID-19.“ :toe:
За овој муабет има друг дел од форумот, така?
За центрифугата тоа што го имаше пишувано нема никаква логика, не па да го споредиш тоа со ковид..
 
images.jpgсдџ.jpg

... од голема оддалеченост (80 км) сè уште можело да се видат облакодерите на Чикаго, а според математиката за заобленост, тие би требало да бидат скриени зад водната кривина и ништо да не се гледа, цело езеро Мичиген, а тоа облакодерите на Чикаго :(

images.jpgззз.jpg

... ако ја земеме предвид математиката за заобленоста на Земјата, на оддалеченост од 80 километри, хоризонтот би требало да се скрие околу 400 до 500 метри висина, бидејќи највисоката зграда во Чикаго (Вилис Тауер) е висока 442 метри, таа геометриски би требало да биде целосно под хоризонтот воопшто да не се гледа!

За овој муабет има друг дел од форумот, така?
Јас да сум министер за здравство на такви како тебе би им забранил пристап до болница бидејќи изнесуваш вакви глупости.
... за тебе не важи друг дел од форумот, така?
 
Последно уредено:
Прегледај го приврзокот 486450

... од голема оддалеченост (80 км) сè уште можело да се видат облакодерите на Чикаго, а според математиката за заобленост, тие би требало да бидат скриени зад водната кривина и ништо да не се гледа, цело езеро Мичиген, а тоа облакодерите на Чикаго :(
Прегледај го приврзокот 486451

... ако ја земеме предвид математиката за заобленоста на Земјата, на оддалеченост од 80 километри, хоризонтот би требало да се скрие околу 400 до 500 метри висина, бидејќи највисоката зграда во Чикаго (Вилис Тауер) е висока 442 метри, таа геометриски би требало да биде целосно под хоризонтот воопшто да не се гледа!
Види ова и...

go away GIF

Автоматски споено мислење:

... за тебе не важи друг дел од форумот, така?
Јас не го терав да ја оспорува науката на таков начин јбг
 
Види ова и...

go away GIF

Автоматски споено мислење:

Јас не го терав да ја оспорува науката на таков начин јбг
...овде не се оспорува науката, овде се дебатира , секој си го кажува мислењето, ако не знаеш нормална конверзација, барем немој да вреѓаш, тоа повеќе се потврдува зошто нормално не се дава одговор што би ги задоволил двете страни на мислење или само едната мисли со сопствена глава.

...гифот со џанкот покажува твој избор, некои работи не се баш така како се презентираат не е грев човек да се посомнева во одговорот зошто е така, а најмалку е ,,греота", да набедиш дека некој е малоумен зошто прашува или некои работи не се поклапаат со науката, не е коректно,

...исти бевте и со коранавирусот пандемијата, слепо верување во нешто што не е баш така, да се креира генетска вакцина против вирус кој мутира секој ден со делување на човечка ДНК не знам колку научно беше, трчаа луѓето во Врање, Бугарија да се ,,вакцинираат" страшно!
 
Живееме во капиталистичко општество. Да беше земјата рамна, сега ќе имавме илјадници и илјадници агенции кои нудат карти до работ на светот, инстаграм ќе беше преплавен од слики од овие снобовите што сакаат да бидат на секој настан.

Ова е најдобриот агол против теоријата на рамна земја кој не вклучува никаква наука позади аргументот.
 
Па има и записи дека земја е Планета, тело јајцевидно, како и сфи тија такфи тела.
Не е рамна.
Колко и да виделе тија тфои што путувале сс авион.

Старо теле едно.

парва, суртуку низаедан,

де потсети ме куде сам написаја дека верују у рамну Земју?...

Ного ти фала...
 
@Пророкот повеќе од очигледно е дека веруваш во рамна земја, тоа што не сакаш да го напишеш тоа храбро како Зурла, тоа е друга работа. Да не веруваше во рамна земја немаше потреба од овие бесцелни верглања.
 
Погрешно...

Верувам во живиот Бог, согласно Симболот од верата, така веќе имам „во што„ да верувам и нема/м потреба од „двојно„ верување во „уште нешто„ а кое не е Бог.

Што се однесува до обликот од Земјава, се‘ уште го немам видемо со свои очи па затоа не изразвувам „конечен„ став дека „знам„ како изгледа Земјава, туку сомнеж.
 
Па прашај го Бог, нека ти каже. Овие илјадници научници што ги пратил не успеале да те убедат. Срамота е, возрасни луѓе сте. Ајде овие троловите ги разбирам, се заебаваат да им помине времето...
 
Живееме во капиталистичко општество. Да беше земјата рамна, сега ќе имавме илјадници и илјадници агенции кои нудат карти до работ на светот, инстаграм ќе беше преплавен од слики од овие снобовите што сакаат да бидат на секој настан.

Ова е најдобриот агол против теоријата на рамна земја кој не вклучува никаква наука позади аргументот.
... па колку што читам никој не напишал дека Земјата е равна, едноставно се пишува мислење на сомневање на сферична Земја со примери и прашања што е човечки,

...сакаш да кажеш дека има илјадници агенции кои нудат карти за снобови да ги качат нагоре да ја видат сферичната Земја?
Срамота е, возрасни луѓе сте.
...срамота од што, од кого и за што? :toe: јас до денес не сум начисто убедена дека човекот стапнал на Месечина, не сум крива јас, туку тие што го презентираат тој настан.
 
Последно уредено:
...сакаш да кажеш дека има илјадници агенции кои нудат карти за снобови да ги качат нагоре да ја видат сферичната Земја?
Нема, од проста причина што е во зачеток и е прескапо, во овој момент само милионери можат да си дозволат. Патување по рамна земја е друга работа, лесно би се организирало и сите би имале селфи.

...срамота од што, од кого и за што? :toe: јас до денес не сум начисто убедена дека човекот стапнал на Месечина, не сум крива јас, туку тие што го презентираат тој настан.
Постојат буквално стотици докази и начини да се докаже сферична земја, така да, срамота е. Мене би ми било срам да се сомневам во нешто што едноставно се докажува при соларна еклипса која се случи пред неколку недели, или при лунарна еклипса. Истите се до секунда пресметани и предвидени однапред и се случуваат математички точно според предвидувањата. Истите не можат никако да се случат на рамна земја, односно би изгледале поинаку од различни точки на планетава а при лунарна еклипса едноставно сенката на месечината би ја разоткрила „лагата“ за сферична земја.

Значи ова е нешто што може да се утврди со редица едноставни набљудувања.

Целиот концепт на овие троловите што ве заебаваат со рамна земја е да докажуваат "one thing at a time" затоа што ако ги постават сите тврдења за рамна земја истовремено, истите се контрадикторни и се негираат самите себе.
 
Па прашај го Бог, нека ти каже. Овие илјадници научници што ги пратил не успеале да те убедат. Срамота е, возрасни луѓе сте. Ајде овие троловите ги разбирам, се заебаваат да им помине времето...

Па ете...Бог се симна на Земјава пред 2000г., ни онуди вечен живот и ја очекува нашата поединечна реакција на таа понуда, односно Бог не ни донесе знаења од астрономијата и географијата или било која друга световна наука.
 
...овде не се оспорува науката, овде се дебатира , секој си го кажува мислењето, ако не знаеш нормална конверзација, барем немој да вреѓаш, тоа повеќе се потврдува зошто нормално не се дава одговор што би ги задоволил двете страни на мислење или само едната мисли со сопствена глава.
Он ги пишува своите одговори на тој начин и проповеда едно исто на секоја тема.
Тоа не е нормално

Ете ако му ги прочиташ новите одговори пак Господ го умеша.

...гифот со џанкот покажува твој избор, некои работи не се баш така како се презентираат не е грев човек да се посомнева во одговорот зошто е така, а најмалку е ,,греота", да набедиш дека некој е малоумен зошто прашува или некои работи не се поклапаат со науката, не е коректно,
Грев е кога некој посветува вмимание да ти одговори а ти упорно и упорно го праиш будала при здрав памет.
Не е првпат да дискутираме, не изигравај часна сестра кога тоа не е твоја работа.

Ти со цел памет си ги нашла овие слики и не ти текнало да се преиспиташ и да побараш други?
...исти бевте и со коранавирусот пандемијата, слепо верување во нешто што не е баш така, да се креира генетска вакцина против вирус кој мутира секој ден со делување на човечка ДНК не знам колку научно беше, трчаа луѓето во Врање, Бугарија да се ,,вакцинираат" страшно!
Ова е небитно.
 
Па ете...Бог се симна на Земјава пред 2000г., ни онуди вечен живот и ја очекува нашата поединечна реакција на таа понуда, односно Бог не ни донесе знаења од астрономијата и географијата или било која друга световна наука.
Во тоа време да, денес сите знаења ти се на неколку кликови со маусот, потребна е само желба и љубопитност.
 
Back
На врв Bottom