Рамна Земја?

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е проблемот, што ти бараш некому да му веруваш, исто и ЗОТЕ. И двајцата не ја барате вистината, не ги преиспитувате аргументите на кои ја базирата вашата верба.

Taка е. :aplauz:
Нема да верувам во измерени (потенцирам измерени, не претпоставени или претскажани) величини и вредности, измерени со најразлични мерни инструменти и потврдени емпириски, математички, физички, хемиски, географски итн., туку ќе верувам на разно-разни религиозни култови како корешанци, роуботамци, раелијанци, сведенборгијанци...и на нивните „свети“ списи...[DOUBLEPOST=1458426034][/DOUBLEPOST]
Тоа е проблемот, што ти бараш некому да му веруваш, исто и ЗОТЕ. И двајцата не ја барате вистината, не ги преиспитувате аргументите на кои ја базирата вашата верба.

Како истражува овој твојот Wildheretic? Пишува дека Месечината и планетите се оптички илузии? Дали погледнал низ телескоп? Се сомневам.

VkdkvXh.png

Дали ти си погледнал низ телескоп? Или и тебе ти бранат? Ако си погледнал, кажи дали планетите имаат фази.

Доколку имаат фази, нацртај ми ја ортографскатa проекција на твојот модел на Земјата и Сончевиот Систем во која ќе бидат запазени сите актуелни фази и терминатори на Месечината и планетите гледани од Земјата.

Oва е ортографска проекција:

3D-ortho-sample.gif
 
Последно уредено:
Дали ти си погледнал низ телескоп? Или и тебе ти бранат? Ако си погледнал, кажи дали планетите имаат фази.

Доколку имаат фази, нацртај ми ја ортографскатa проекција на твојот модел на Земјата и Сончевиот Систем во која ќе бидат запазени сите актуелни фази и терминатори на Месечината и планетите гледани од Земјата.
Да сум погледнал низ телескоп на скопското астрономско друштво, кој беше вперен директно во полна месечина. Од тој момент пред скоро 3 години, почнав да го преиспитувам она што ни е кажано во астрономијата. Не ти треба да гледаш низ телескоп, доволно е да го посетиш каналот crrow777 на youtube. Човекот користи профи телескоп, впарен со профи камери. Од толку многу снимање и анализа, самиот дошол до заклучок дека месечината не е она што ни е претставено дека е. Дали е илузија или нешто сосема друго, времето ќе покаже.

Планетиве имаат фази, и сега што? Тие мали точки што ги гледаш преку телескопот ти се доказ за хелиоцентричен модел?
 
Планетиве имаат фази, и сега што?

Се гледа колку си истражил. Погрешен одговор!
Некои планети ги имаат сите фази, некои имаат само дел, а некои планети практично немаат фази.

Меркур и Венера ги покажуваат сите фази. И сега, дека Меркур е планета најблиску до Сонцето, а дека Венера е втора планета и дека нивните орбити лежат внатре во однос на орбитата на Земјата, можеш да согледаш доколку само размислиш малку и знаеш барем основи од Нацрт на геометрија:

http://forum.kajgana.com/threads/Дилема.80139/page-14#post-7535494

Марс oд друга страна, покажува само фази на последна четвртина и полна планета. Никогаш не покажува фази на нова планета, млада планета, прва четвртина или полупланета.

Mars-Size-Seq-073011-061012-EMr.jpg

Гасните и ледените џинови практично не покажуваат фази поради нивната оддалеченост во однос на Земјата и на Сонцето.

Оттука произлегува, дека орбитата на Марс поради фазите мора да лежи надвор од орбитата на Земјата, а внатре во однос на гасните и ледените џинови, така што Земјата мора да биде трета планета, а Марс четврта.

Тие мали точки што ги гледаш преку телескопот ти се доказ за хелиоцентричен модел?

Правиш ли разлика помеѓу точка и круг? Знаеш ли како е дефинира точката?

A point is a 0-dimensional mathematical object which can be specified in
Inline1.gif
-dimensional space using an n-tuple (
Inline2.gif
,
Inline3.gif
, ...,
Inline4.gif
) consisting of
Inline5.gif
coordinates.

Point -- from Wolfram MathWorld[DOUBLEPOST=1458468111][/DOUBLEPOST]
Тоа е проблемот, што ти бараш некому да му веруваш, исто и ЗОТЕ. И двајцата не ја барате вистината, не ги преиспитувате аргументите на кои ја базирата вашата верба.

Jaс не барам никого да верувам. Ги образложив хелиоцентричниот модел и обликот на Земјата во претходните постови.
А ти штом не веруваш слепо, туку преиспитуваш, а репер ти се разни типови кои велат: „ми се чини“, „изгледа дека“, „не сум сигурен што се планетите“, „планетите се оптичка илузија“, „планетите се нацртани на стаклен свод кој ја поклопува Земјата како ѕвоно“ и слични будалштини, нацртај ми го твојот модел каде што ќе бидат запазени:

- мените на Меркур и Венера (комплетниот опсег) и нивните терминатори
- оддалеченоста на Меркур oд Сонцето која никогаш не изнесува повеќе од 28°, и оддалеченоста на Венера од Сонцето која никогаш не изнесува повеќе од 47°.
- транзитите на Меркур и Венера
- мените на Марс и неговиот терминатор
- движењето на појасите и Големата црвена дамка на Јупитер и движењето на Галилеевите сателити
- движењето на прстените на Сатурн и движењeто на неговиот сателит Титан
- привидното ретроградно движење на планетите

Повели, @Gorco!
 
Последно уредено:
Се гледа колку си истражил. Погрешен одговор!
Некои планети ги имаат сите фази, некои имаат само дел, а некои планети практично немаат фази.

Оттука произлегува, дека орбитата на Марс поради фазите мора да лежи надвор од орбитата на Земјата, а внатре во однос на гасните и ледените џинови, така што Земјата мора да биде трета планета, а Марс четврта.

А ти штом не веруваш слепо, туку преиспитуваш, а репер ти се разни типови кои велат: „ми се чини“, „изгледа дека“, „не сум сигурен што се планетите“, „планетите се оптичка илузија“, „планетите се нацртани на стаклен свод кој ја поклопува Земјата како ѕвоно“ и слични будалштини, нацртај ми го твојот модел каде што ќе бидат запазени:

- мените на Меркур и Венера (комплетниот опсег) и нивните терминатори
- оддалеченоста на Меркур oд Сонцето која никогаш не изнесува повеќе од 28°, и оддалеченоста на Венера од Сонцето која никогаш не изнесува повеќе од 47°.
- транзитите на Меркур и Венера
- мените на Марс и неговиот терминатор
- движењето на појасите и Големата црвена дамка на Јупитер и движењето на Галилеевите сателити
- движењето на прстените на Сатурн и движењeто на неговиот сателит Титан
- привидното ретроградно движење на планетите

Повели, @Gorco!
Дали немаат или неможе да се видат, релативно од точка на набљудување, на земјава или надвор во "вселената"?

Поради фазите, орбита на планета мора да биде во некоја одалеченост од земјата и тоа тие е еден деказ дека хелиоцентричен модел е точен? Не, тоа ти е претпоставка-теорија, не доказ. Исто како што е теорија пресметката за одалеченост на сонцето и неговиот дијаметар. И пресметка за брзина на светлината. Патем, до сега немаш никаков коментар за линкот што го постирав, кој зборува за закривување на светлината.

И не ми давај слики од некои опсерватории или од телескопи во "вселената", пошто на таков извор неможе да му се верува! Ако ти му веруваш, тогаш тоа е твој проблем, и нема што понатаму да дискутираме.

Дај ми слики од телескоп од кој што ти гледаш, пошто нели ти имаш пристап до него и редовно го користиш, барем таков впечаток добив од твоите постови. Пред да бараш јас да ти скицирам нешто, сакам ти да постираш слики од земјен-аматерски телескоп каде се гледа тоа што го бараш од мене.
 
И не ми давај слики од некои опсерватории или од телескопи во "вселената", пошто на таков извор неможе да му се верува! Ако ти му веруваш, тогаш тоа е твој проблем, и нема што понатаму да дискутираме.
И јас се слагам дека надворешни сетила можат само да те излажат и одвлечат од патот на госпот кон патот на сатаната и СДСМ
Само унутрашње сетило или то шо нинџите го викаат ХАРАГЕРИ може да ти каже шо е вистина а шо не, пример, ќе клајш најјак снајперист скриен во крошна на дрво на 5 километри од нинџа и нинџата не мое да го види ни да го намириса, и сега снајперисто ќе го нанишани нинџата в гла и ќе пукне арно ама харагерито на нинџата ќе му каже дека е во опасност и тој инстиктивно ќе се наведне и куршумо ќе го промаши и нинџата после ќе фрли со шурикен кон крошната на дрвото и ќе го убие снајперисто со директен погодок в чело или некоја од важните артерии иако нема да го види со очи ни слушне со уши али ќе му верува на својо харагери дека таму баш во таа крошња од сите крошњи во цела шума се наоѓа злотворот кој пукаше во него.
Така да за земјата дали е рамна или не треба да си го послушаш внатрешнио глас шо ќе ти каже, секако дека за да се развие тој инстинкт треба обука и тренинг во некоја од древние источни школи али сите нинџи одма ќе ти кажат дали е земјата рамна или не е пошо се истренирани да ги спознаат работите кои не ги спознале
 
@
[URL='http://forum.kajgana.com/members/gorco.398/']Gorco
[/URL]

на она не верувај, на ова не верувај. се се само теории, ништо не е измерено, се е погрешно. e што е точно тогаш?
Ај кажи ти една работа што е точна според тебе. Ти ист како зоте, додека сам не си измериш ништо не е точно за тебе.
 
И не ми давај слики од некои опсерватории или од телескопи во "вселената", пошто на таков извор неможе да му се верува! Ако ти му веруваш, тогаш тоа е твој проблем, и нема што понатаму да дискутираме.

Какви опсерватории со телескоп, какви бакрачи?:tapp:

Со голо око можеш да го видиш ретроградното движења на Венера и нејзините максимални елонгации (ѕвезда Деница и Вечерница), со појак двоглед или аматерски телескоп можеш да ги видиш фазите на Венера, движењето на Галилеевите сателити во однос на матичната планета, промената на положбата на прстените на Сатурн, како и орбитирањето на неговиот сателит Титан.

Или и твоите очи се извор на кој не може да му веруваш?:sneaky:

Пред да бараш јас да ти скицирам нешто, сакам ти да постираш слики од земјен-аматерски телескоп каде се гледа тоа што го бараш од мене.

Eве ти слики од Сонцето, Месечината и планетите од Сончевиот систем направени со релативно евтини aматерски телескопи Advanced VX 9.25" Schmidt-Cassegrain Telescope и C14-A XLT (CGE):

http://www.danielegasparri.com/Inglese/solar_system.htm

Сега, бидејќи според тебе - јас слепо верувам, а ти истражуваш, и да нè убедиш дека тоа твое истражување не се состои во слепо прифаќање на текстови кои црпат инспирација од разни митологии, нацртај ми го твојот модел каде што ќе бидат запазени:

- мените на Меркур и Венера (комплетниот опсег) и нивните терминатори
- оддалеченоста на Меркур oд Сонцето која никогаш не изнесува повеќе од 28°, и оддалеченоста на Венера од Сонцето која никогаш не изнесува повеќе од 47°.
- транзитите на Меркур и Венера
- мените на Марс и неговиот терминатор
- движењето на појасите и Големата црвена дамка на Јупитер и движењето на Галилеевите сателити
- движењето на прстените на Сатурн и движењeто на неговиот сателит Титан
- привидното ретроградно движење на планетите
 
Последно уредено:
Нели Земјата дали е топка или е плоча беше прашањето? Што е сега ова, Венера, Марс, Меркур и слично? Има едноставен доказ за топчестиот облик на планетава. Без математики, без сликање од Месечина и сл.
 
Без Зoте изгубен е кoнцептoт.

Кoгa гo немa мaчoрoт, тoгaш глувците oрo вијaт.
 
Луѓе животот и времето се премногу скапоцени за и секунда да изгубите на ваква тема.
 
Луѓе животот и времето се премногу скапоцени за и секунда да изгубите на ваква тема.
не бе, зошто. поинтересно е од гледање турски серии. и така нема ништо на тв, па место гледање тв тука сите паметни се правиме. занимација и разонода. :D
 
не бе, зошто. поинтересно е од гледање турски серии. и така нема ништо на тв, па место гледање тв тука сите паметни се правиме. занимација и разонода. :D
Тие содржини да се намалуваат, а не да се зголемуваат. Секогаш во даден момент има можност нешто вредно да се направи. Губењето време на оваа тема е целосен срам за дарот на единствениот живот кој го имате.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom