Рамна Земја?

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
@Let 3 , можеш ли да си замислиш што би било кога @ZOTE би бил командант на ПВО, Воено Воздухопловство или Воена Морнарица? До кај би ги одвел со неговите пресметки?
Ништо нема да се смени, закривеноста на Земјата од Евзони до Табановци не е ни пола сантим, а на површината на Охридско езеро не е ни милиметар :D ... така од ракав тресам, ама тука си е...
 
Нам ни значи. Не си свесен колку ултра-корисен идиот е Зоте. Да го немаше, ни на крај памет не би ми паднало волку да истражувам и да посетувам научни сајтови, а со тоа да си го проширам своето знаење. Истово важи и за другиве дискутанти.

Дури ги најдов и пресметките за радијација во Ван Аленовиот Појас, за кој овие дегенерици повторуваат како папагали дека не можело да се помине, а врска немаат (божем има област од која имаат врска) колку таа радијација изнесува.

Apollo and the Van Allen Belts
Точно брат истото и јас го велам.
 
Ти секој ден ги гледаш знаците на креаторот. Твоето тело, органите, се е тоа совршена креација и не настанало од биг бенг. Ти можеш колку сакаш да негираш но еден ден ќе се соочиш со креаторот, дали после твојот живот, или можеби ќе се појави креаторот додека си жив. Тоа никој не го знае, но со сигурност ти ќе имаш средба, дали на овој или на оној свет.

pent%20drift.gif

http://www.lunarplanner.com/HCpages/Venus.html
Креаторот го создал целиот универзум, заедно со сите сијалици и планети во него. Венера е негова креација. Венера црта пентаграми и сатански симболи. Креаторот = Натемаго.

Слава му на Луцифер што постојат сатанисти како Зоте, кои ни ги отвораат очите за да ја дознаеме вистината за нашиот креатор.

2itq8lt.jpg

5d615ebb2d34e604479d0bd03e9c625c.jpg
 
@Let 3 , можеш ли да си замислиш што би било кога @ZOTE би бил командант на ПВО, Воено Воздухопловство или Воена Морнарица? До кај би ги одвел со неговите пресметки?
камо среќа да беше, за да стигнеш макар и на пониско командно ниво, треба да изучиш школи, прочиташ книги, поминиш доста пракса, положиш куп испити.....
Да изучеше школи, ќе знаеше дека земјата е планета со своја орбита и патека околу сонце
 
Земјата има своја патека околу сонцето под услов заедно со венера да прави мистични пентаграми околу сонцето, во спротивном си е едноставна и равна, со купола, сонцето си кружи и слично.
 
Земјата има своја патека околу сонцето под услов заедно со венера да прави мистични пентаграми околу сонцето, во спротивном си е едноставна и равна, со купола, сонцето си кружи и слично.
земјата на својата патека го испишува името на Јордан Пиперката али на хетитски јазик шо е уше еден доказ дека госпот ја создал Македонија и Македонците најпрво па после земја сонце евреи СДСМ....
 
Овој леден ѕид ја опкружува целата земја во круг. Тоа е вистината.

ice%2Bshelf.jpg

Ajде на сликата кликни со десен клик со глушецот и одбери „Save Image As“, па потоа прочитај што ќе ти напише во прозорчето.

Ќе ти напише ice shelf.jpg

Ice shelf
не е никаков ice wall (леден ѕид), туку:

L8huwFV.png

Quick Facts | Quick Facts on Ice Shelves

Е тоа е вистината, мисир еден.
 
Последно уредено:

хахахха
се знае дека десен клик на слика го измисли компанијата Рајтклик дооел чие седиште е на истата улица каде е седиштето на големата масонска ложа, светската агенција за време која диктира колку сат е во секоја земја и која и мести светските часпвници, фирмата Лајка која има апарати за тајно вакцинирање на деца и вградување на чипој кај луѓето, Национал географик која е единствен овластен за праење на карти и атласи и глобуси, НАСА, како и фирмата која единствена во свет смее да прави игли за компаси и сите тие имаат сметки во прва јеврејска банка во Ватикан и на чие чело е Менде вон Рохтмајлер барон на Шлезија и големиот војвода на долна Абхазија со руско турско еврејско америчко потекло
 
Скоро 2 страни нема глас од Зоте, сигурно запалил кандилце и се моли на госпо да му прати нови линкови со рамната земја :)
 
Зоте јави се! Без тебе темава ја губи смислата на своето постоење. :)
 
И друг пат сме го барале. И, ќе се појави, како ништо да не било. И, одново ќе почне со тоа дека никаков доказ немаме дека Земјата е топка. И, ќе опнеме уште 50-тина страници...
 
И друг пат сме го барале. И, ќе се појави, како ништо да не било. И, одново ќе почне со тоа дека никаков доказ немаме дека Земјата е топка. И, ќе опнеме уште 50-тина страници...
Ceга е на гугле бара ФЛАТ ЕАРТ ПРУВЕ ЕВИДЕНЦЕ и праи копи пастте во ворд на текстови и слики кои и самио не ги разбира
Ќе имаме наскоро пак смеење и разонода
 
И ете, земјата докажаа дека е рамна, желката си ја брка вечноста, слонот држи рамнотежа...
Сонцето нема попаметна работа па се врти околу Земјата (од едната страна) нормално, инаку сите ќе паднат и ќе бидат изгазени од слонот...
Оф сешто во овие проклети времиња...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom