Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
Вработен во МВР удрил колега со кола
Коментари (1)
06.02.2009 14:14
26-годишниот Л.С., вработен во ЕБР при МВР, со патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски таблички удрил во униформиран полициски службеник, кој ја претресувал куќата на неговиот брат во скопското село Арачиново.
Полицискиот службеник по претходно добиени сознанија за недозволено држење оружје и распрскувачки материи, денеска околу 8 часот, во Арачиново вршел претрес во куќата на А.С. (38), пренесува МИА.
Откако Л.С. управувајќи со возилото удрил во него, тој се здобил со повреди, поради што е пренесен во Градската болница.
Од страна на СВР Скопје, во тек се мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот, при што во истиот е вклучен и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР.
Од МВР информираат дека при претресот, извршен по наредба на истражен судија од Основен суд Скопје 1, не е пронајдено оружје.
Според полициската крим-евиденција сопственикот на објектот каде е извршен претресот, претходно е пријавуван во врска со кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“ за што му се изрекувани и казнени мерки.