Ракописната азбука - потреба или товар?

  • Креатор на темата Креатор на темата Freedom2say
  • Време на започнување Време на започнување
Побрзо и полесно се пишува. Тоа е факт. Ако не е ракописната азбука ќе треба да го зголемат времетраењето на часот за писмена.

sega imaa pc taka da i za toa ima resenie :)
 
Да фатам сеа да пишувам печатно една реченица, не само што нема да можам самиот да си разберам-него и никој нема да може да ме дешифрира. :pos: А за ракописно, запиши се во некое стручно училиште бидејќи за некој предмети верувам уште нема учебници ќе видиш како ќе пишуваш. Треба секако, во никој случај не би било товар и би било глупост ако ви иднина човештвото се научи сё на компјутер, а ништо рачно. Мислам далеку сме од таа иднина, ако дојде некогаш.
 
Во САД веќе има неколку држави во кои со закон е укинато нејзиното изучување. Аргументите се дека во ера на компјутери и се поголем технолошки напредок, учењето на ракописните букви е непотребно оптеретување на децата. Ионака се е напишано со печатни.

Дали сметате дека овој аргумент држи место и истото треба да се примени кај нас?
Веќе кога ќе го слушнам тоа "непотребно оптеретување на децата" ми се крева коса на глава. Што е со денешниве деца, дебили се? Сѐ им е непотребно оптеретување! Математика учеле дропки, ужас! :eek: Македонски учеле стилски фигури, како ли ќе живеат?! :place: Физика учеле пет равенки во две полугодија, кај се видело тоа?! :mad:
Изгледа родителите немаат доволно време да им посветат на децата и да им помогнат при учењето, веројатно се и размазени (и родителите, и децата), а очигледно "стручниот" кадар во училиштата потфрла во својата мисија.
Мислам најубаво би било децата да го стекнуваат сето свое знаење на Facebook. Најзгодна работа, ни наставници ќе се замараат, ни родителите ќе мора да ги играат. Ракописна азбука им била товар бе... Ај неписмени да ги пуштиме да шетаат... Да си пука човек во колено :facepalm:
 
sega imaa pc taka da i za toa ima resenie :)

Ракописната не може да се замени со компјутерот. Тоа е најмалку што може да го прави човечката интелигенција според мене. Да знае да пишува, а зошто печатно кога ракописно е полесно. Да престанеме да пишуваме ракописно ќе биде како да престанеме да зборуваме. Само ќе куцаме на тастатурите и крајо нема да ни се гледа..
nuff said
--- надополнето: 6 јули 2013 во 12:00 ---
Пред многу векови тие што знаеле да пишуваат биле сметани за напредни циввилизации, а сеа Америте ќе не сметат за заостанати ако пишуваме ракописно..
Кое време дојде..
 
--- надополнето: 6 јули 2013 во 12:00 ---
Пред многу векови тие што знаеле да пишуваат биле сметани за напредни циввилизации, а сеа Америте ќе не сметат за заостанати ако пишуваме ракописно..
Кое време дојде..[/quote]


Не верувам дека на било кого од Америте им е гајле дали ние нашата кирилица ќе ја пишуваме печатно или ракописно. Јас ги зедов како пример бидејќи ме поттикна статијата. Напротив, тие ги величаат различностите и попрво можеш еден американец да го научиш да пишува ракописна кирилица отколку некои наши латиница ракописно :D.
Моите деца годинава тука во САД на школо ја учеа ракописната азбука (во овој state не станува збор за нејзино укинување) и те уверувам дека нивната наставничка си ја изработи работата совесно и максимално.
А бидејќи и јас сум од учителската фела, знам колеги и колешки од МК кои со прст не мрднаа за некои свои генерации ученици кога требаше да им обрнат поголемо внимание. Ракописната азбука ја предаваат во 2-3 часа и не се замараат ни за конзистентноста на буквите ниту пак обрнуваат внимание на квалитетот на ракописот.
Едно време мојата учителка не дремеше во ќош ако не ни беше навезено.
Јас и ден денес имам краснопис.:icon_lol:
 
Децта се оптеретени со многу предмети во школо, тоа да. Тоа треба да се намали. Дете од 7 години секој ден има по 6 часа?!?! Премногу!

Но никако да не се укине ракописното пишување. Дури треба да се вовоедат повеќе работи каде децата прават нешто со рацете. Заради типкањето и игрите, децата немаат трпеливост, не уживаат во тоа што го прават, туку го прават какао било (како да минат ниво во компјутерска игра), битно е да се заврши брзо, за после пак да не знаат што да прават со времето што им останува.

Треба да се воведат работи како во градинка: работа со глина и пластелин, цртање или боење за тие што имаат помалку талент, танцување, везење, плетење.
 
Што е со денешниве деца, дебили се? Сѐ им е непотребно оптеретување! Математика учеле дропки, ужас! :eek: Македонски учеле стилски фигури, како ли ќе живеат?! :place: Физика учеле пет равенки во две полугодија, кај се видело тоа?! :mad:

Полагале "екстерно", харакири. :rolleyes:
 
Потреба - за кого како, мене пример ми е потребна зашо неспоредливо побрзо и поубаво пишувам ракописно.. А товар не е у никој случај, као што напиша некој погоре, децата и родителите денешни се станати лигуши, да можат да не одат до веце да мочаат за да подремат на фб, нема да одат.
Убаво е да знаеш ракописно да пишуваш ебате, пак е 31на буква, колку е тоа тешко да го знаеш -.-
Лешперски муабет.
Све шо може да се изостави, да се изостави.
 
Да, сигурно.

Така било тоа ...

Не веруваш дека ова може да се случи? Па децата сега прво буквите на тастатурата ги учат. Кога ќе ги видиш од мали се седнати пред компјутер, не стануваат, кога ќе тргнат на училиште знаеш ли колку маки имаат родителите со новиве генерации? Ова ти го кажувам од тоа што имам видено.
 
Picture 375.jpg Ај ова напиши го со печатни букви, што не оди - не оди.
Нема да има душа,нема шмек бре,нема емоции,нема носталгии и сеќавања на 60 г...
Ако нас не чекаа да им пишувавме печатно,останавме и ние стари ергени а они...
а оне би одлазиле у Београду, тамо где се грле реке две на удају.
 
Естетски непривлечно,повеќе време ти треба да напишеш..никад не пишувам печатно,дури ни документите,освен ако не стриктно наведено дека мора печатно.
 
Треба да се воведат работи како во градинка: работа со глина и пластелин, цртање или боење за тие што имаат помалку талент, танцување, везење, плетење.
Абе најубо да им поделиме лопати и сите на нива да и пушчиме. А кој нејќит со ќотек ќе го спотераме.
 
Дури треба да се вовоедат повеќе работи каде децата прават нешто со рацете.
Дактилна Анатомија за деца--истражување на телото на учителката преку пипкање.
 
Ја стално пишувам печатно пошто така ќе разберат другите што сум напишала.
Ракописно ако пишувам ќе треба да ангажираат графолози за да прочитаат што уствари сум напишала. Ракописот го расипав во средно школо кога на часови пишував се што зборат професорите. Тоа ми стана навика и до ден денес кога треба да се запише нешто јас стигнувам да запишам се што се збори.
Инаку си го сакам мојот ракопис и кога ми правеа графолошка анализа ми рекоа дека оваков ракопис како мојот имаат само „исклучително интелигентни личности“. :pipi:
 
Инаку си го сакам мојот ракопис и кога ми правеа графолошка анализа ми рекоа дека оваков ракопис како мојот имаат само „исклучително интелигентни личности“. :pipi:

кои се мерак на црнечки...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom