Ракописната азбука - потреба или товар?

  • Креатор на темата Креатор на темата Freedom2say
  • Време на започнување Време на започнување

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Верувам дека сите од средовечната генерација се сеќаваат на книжулето наречено „Краснопис“ во кое не учеа да веземе убаво извиткани ракописни букви. Некаде во второ одделение. И денес се уште ракописните букви се изучуваат и кај нас и во најголем дел од светот.
Пред неколку дена читајќи за еден криминален случај во САД, известувачот имаше ставен голем акцент на тоа што сведокот во судницата не можел да прочита одреден текст бидејќи „не знаел да чита ракописни букви“. Ова ме потсети на една полемика од пред година-две во Македонија (која мислам е уште актуелна) за судбината на ракописната азбука. Во САД веќе има неколку држави во кои со закон е укинато нејзиното изучување. Аргументите се дека во ера на компјутери и се поголем технолошки напредок, учењето на ракописните букви е непотребно оптеретување на децата. Ионака се е напишано со печатни.

Дали сметате дека овој аргумент држи место и истото треба да се примени кај нас?

Иако ракописното писмо станува нешто ептен индивидуално еднаш кога ќе се усвои, мене лично би ми недостигал тој индивидуализам на изразот.

За ракописните букви нели има и цела една наука - графологија, која досега се покажала како некаков фактор во криминалистиката и психологијата при анализа на профилот на некоја личност.
Какво е Вашето мислење?
 
Побрзо и полесно се пишува. Тоа е факт. Ако не е ракописната азбука ќе треба да го зголемат времетраењето на часот за писмена.
 
Па како што почнаа да се користат компјутерите се повеќе, наредните генерации не сум сигурен ни дали ќе знаат да пишуваат со пенкало. Ќе почне да се користи ракописот само за потпис што никако не е добро. Мислам дека секој треба да знае да пишува ракописни букви, затоа и се измислени, за да го олеснат пишувањето. Во секој случај не се сложувам со тоа дека ракописната азбука е товар.
 
Ракописно побрзо се пишува пошто некои букви ги пишуваме споено. А печатно не знам кој пишува во ова време, една реченица дури да напишиш пошла една минута, па и повеќе. Сепак зависи од тој што пишува.
 
Јас пишувам :D и многу полесно и побрзо ми е печатно да пишувам отколку со ракописна азбука.. да бидам искрен ракописнава страшно ме нервира тоа вртење на буквите и скоро и да ја имам веќе заборавено што се вика.
 
Браво за тебе, ретко сретнувам некој кој пишува печатно. Брзо пишуваш или..?
Мене страшно ме нервира печатно пишување.
 
Па како што почнаа да се користат компјутерите се повеќе, наредните генерации не сум сигурен ни дали ќе знаат да пишуваат со пенкало.

Да, сигурно.

Така било тоа ...
 
Браво за тебе, ретко сретнувам некој кој пишува печатно. Брзо пишуваш или..?
Мене страшно ме нервира печатно пишување.

Да брзо, барем дупло побрзо отколку да пишувам ракописно на пример. Колку проблеми имав со професорките по македонски јазик во средно кога ме тераа (ама не им успеа) да пишувам ракописно оти немало да ми ја важат писмената :LOL:
 
Браво за тебе, ретко сретнувам некој кој пишува печатно. Брзо пишуваш или..?
Мене страшно ме нервира печатно пишување.

Еве уште еден што пишува печатно.Има,има бајаги што пишуваат печатно. :)
 
Еве и јас исто така си пишувам печатно. Веќе неколку години. :) Побрзо ми е печатно отколку ракописно.
 
Ракописно побрзо се пишува пошто некои букви ги пишуваме споено. А печатно не знам кој пишува во ова време, една реченица дури да напишиш пошла една минута, па и повеќе. Сепак зависи од тој што пишува.

И јас се согласувам дека е побрзо од печатното, секоја чест на исклучоци. Но некако се помалку како да пишуваме. Некако, се повеќе и повеќе пишувањето се сведува на типкање на тастатура...а тоа иако е печатно...верувам на сите ни оди со брзина на светлината. :D
 
Јас незнам ракописно да пишувам ... не ми ни текнува како идеа буквите. Само П ја памтам заради Пи у математика што сум го употребувал .. Али срамота е бе да незнаеме да пишуваме.. и шиптарине у земја кај што се родиле и израснале незнаат ни да читаат ни да пишуваат им ебам крфта .. ај нема везе тоа е друга тема преку кур се нека иде и ние они... извињавам се...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom