Ракометни трансфери

  • Креатор на темата Креатор на темата TheTrooper
  • Време на започнување Време на започнување
Велемаркоски (ко што го викаат нашиве коментатори) изгледа за озбилно ќе оди во Загреб. :D
 
Велемаркоски (ко што го викаат нашиве коментатори) изгледа за озбилно ќе оди во Загреб. :D
http://sportmedia.mk/rakomet/internacionalci/oficijalno-markoski-utre-na-prv-trening-so-zagreb
Официјално е веќе.. :D
Стварно интересен потег е тоа на Вујо, место да ископа нешто од Хрватска тој се реши за Велко факинг Маркоски :pos:
Најмногу влијаеше кризата од Металург на Велко, страотен пад има неговата форма после тие случувања, СП го одигра катастрофално, ко психопат е ..
 
Доминик Клајн ги запали патиките и наредна сезона ќе игра за Нант...
Очекувано,посебно по блескавите настапи на Руне Дамке кој нема да има конкуренција во Кил во наредните 10 години ако продолжи со ова темпо...
Како замена за Дамке се споменува Раул Сантос,ви текнува на Ѓупакот од гумерсбах и австриската селекција...
За него е сериозно заинтересиран и РНЛ,кој мора да искоа замена за Уве, ќе се води сериозна битка за црнчугата,ќе има сериозни бидови....:duel:
 
Глуп потег ќе му е ако ги одбере Кил,на местото од РНЛ.Дамке е подобар каде каде,ќе биде како Манасков што му грее клупа на Дибиров.
 
Дај бе кажете некој играч што може да го земе Вардар а ќе може да игра и лев бек и во средина, може ќе прочитат :icon_lol: @Tomasino
 
Дај бе кажете некој играч што може да го земе Вардар а ќе може да игра и лев бек и во средина, може ќе прочитат :icon_lol: @Tomasino
Абе има еден куп играчи шо можат да ги земат...
Играчи кои играат во послаби екипи од Вардар а со стилот на игра добро би се вклопиле во системот на игра..
Пред се Лука Митровиќ од Елверум,детето стварно доста напредна,одличен играч стана...
Во стилот на игра делува како да не е од Балканот,доста примил од Скандинавците во движењата...
Игра во двата правци..
Сосема различен стил од Горбок,и од Деревен,доста цврст во дуел,влегува доста и во 6 метри,мислам дека дечкото е страшен потенцијал,доста е млад и допрва ќе биди подобар...
Овај е за лев бек,ако бараат среден моментално прв пик на сите (по)сериозни екипи во Европа е Домагој Павловиќ.за дечкото допрва ќе се тепаат....
22 години,страшен преглед на игра,шут,влез,финта со тело,брз прв чекор,допрва ќе биди и подобар..
Ама сигурно Загреб нема да го пушти за семки,овде ќе треба тешка пара да се изброи,сигурно има активен договор со Загреб најмалку на уште една година,ако не повеќе...
Изгледа Вардар се заеба салам со Циндриќ кој ни оддалеку не е од времето во Металург,можеби требаше да си го земат Атман,ама шо би било кога би било?
Од Руската школа засега не гледам некој салам потенцијал,можи онај Кирил Котов средниот е некој интересен играч,ама не е уште изделкан за голема екипа..
Има доста играчи,не само од екипите од ЛШ,има доста добри тимови кои не играат во еврокуповите а имаат солидни играчи,е сега зависи од вкусовите на тренерот и пред се од способноста на управата да договори салам играч,и многу е важно дали би бркал работа играчот,ако се донеси само како играч плус немаш некое фајде.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom