Ракометни трансфери

  • Креатор на темата Креатор на темата TheTrooper
  • Време на започнување Време на започнување

Davis incoming?
 
Везпрем бунар без дно, не е возможно колку пари имаат а уште немаат ништо освоено
Интересно е што домашната лига ја губат 2 години по ред од Сегед. Во последниве 5, еднаш ја имаат само освоено.
 

Штрлек три години во Нашице
 
Флензбург ги официјализираше Питлик, Смитс, Благотиншек и Јоргенсен за идна година :eek:. Тешко дека ќе стигнат до ЛШ али за германско автоматски избиваат како главен фаворит за титула. Каква бековска линија ќе биде само Питлик-Готфридсон-Смитс...
 
Магдебург се појачал за следната сезона,голман Хернандез,на местото на Безјак го зеле Феликс Клаар и плус десниот бек Лагергрен.
Дали останвит Дамгард?
Не би било лошо Охрид или Пелистер да ги купат Дамгард и Пранди,за битолчани во ЛШ би било супер од влезници ке ги исплатат.
Автоматски споено мислење:

Димче ме изненади со исмејувањето
 
Последно уредено:
Дамгард и Пранди ќе дошле во Охрид и Битола да играат и тоа уште ќе се покриело со парите од влезниците :pos::pos::pos:
Таму пола публика муфте ќе влезе преку спонзори и слично, со тие пари не можат платата на Танкоски да ја платат, а не па на овие што си ги набројал.
На мапа не знаат каде е Македонија овие, не па да потпишат овде, доаѓајќи од европскиот шампион (патем играч кој беше во топ 3 во екипата) и од ПСЖ.
 
Андреас Волф официјално со кам - бек во Кил!

Кил за трансферот на Волф платиле 1.6 милиони евра отштета на Келце, со условна клаузула ако во следните две години стане првак на Бундеслигата или европски шампион ќе доплати уште 200.000 евра, ако ја освои ЕХФ Европската лига, Келце ќе добие уште 100.000 евра дополнително, Волф потпиша договор до 2028 година и ќе заработува 45.000 евра месечно.

Од останатите трансфери ова лето можат да се издвојат:
- Циндриќ во Веспрем наредните 4 години(договор 2+2), претходно Веспрем го договори тренерот Чави Пасквал и пикерот Граховац, си заминаа од клубот Кентин Мае во Гумерсбах и Јахија Омар во ПСЖ.
- Македа и Тео Монар од Нант во Келце, Македа со договор до 2026, Монар до 2027, во спортивен правец од Келце во Нант ќе оди пикерот Николас Турна, исто така во Келце потпиша и Доминик Мате.
- Магнус Род, Лазар Кукиќ, Жереми Тото, Тобијас Тулин и Јонас Смарсон во Пик Сегед, од клубот заминаа Матеј Габер во Нант, Бомбач во Ѓер, Мартинс во Алборг и Лука Степанчиќ кој сеуште нема нов клуб.
- Давид Дејвис, Лангаро, Бранко Вујовиќ, Џукиќ и Прастарсон во Динамо Букурешт.
- Голманот Халгримсон, Митја Јанц, Марко Паниќ, Шишко и Жита во Висла Плок, си заминаа Лучин во Нексе и Миндегиа во Тулуз.
- Иван Мартиновиќ, Хајман и Оскарсон во Рајн Некар, од клубот заминуваат Рајхман во Фуксе Берлин, Киркелоке во Фленсбург, Гисласон во Гепинген и Уве Генсхајмер во пензија.

Микел Хансен и Никола Карабатиќ на олимпијадата во Париз ќе стават крај на своите кариери.
 
Ако нешто покажува Келце во последнава декада е тоа дека се единствениот клуб до сега во историјата на ракометот коj колку-толку има осет за бизнис. Излегоа во плус со Скубе, претходно со Циндриќ, сега со Волф. Веројатно излегоа во плус и со Јанц, меѓутоа стануваше збор за многу поскромни пари во споредба со другиве. Сите други ракометни клубови можат само да учат.
 
Последно уредено:
- Давид Дејвис, Лангаро, Бранко Вујовиќ, Џукиќ и Прастарсон во Динамо Букурешт.
Тука го изоставе Фредерик Ладефог пикер, дечкото ќе биде едно од најдобрите изненадувања во лига шампиони, инаку Трастарсон е уште играч на Киелце и тешко дега Таљат би се откажал од него.

Мелсунген на позиција среден бек добиваат големо појачување тунижанецот Дармол, на лев бек Арон Менсинг и Калваханти а на десен добиваат данец кој има солидни предиспозиции во дефанзива.
Мелсунген ова година ќе бидат во топ 4 во Биундеслига.

Барцелона е малку мирна во трансфер пазарот но на радарот им е Пеле Сегертофт (лев/среден бек) играч кој покрај добрите карактеристики во напад има високи дефанзивни предиспозиции висина од 2м и брзи нозе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom