Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Бизау највеќе ме плаши. Брз, динамичен, добра промена на правец... профил на играч со кој што ние традиционално си имаме проблеми во дефанзива.
 
ПС Кадетиве нели сега требаше да имаат собир?
Сеуште ни список нема излезено.
 
И Симичу не игра исто.

Уф уф, романците осакатени... Григорас и Симичу им се двата најјаки играчи (или барем најпознатите).

Одлична можност, не смее да се пропушти.
 
Jaнку: Ги имаме сите квалитети да излеземе како победници против Македонија

Овој се заканува :D
 
Мора да искористиме отсуството на Григорас, осакатени идат плус без неколку други играчи, треба мислам лагано да ги тепаме 5-6 разлика најмалце, за да бидиме мирни на реваншот, ако му фалат пак истите играчи и по два дена, имаме шанси и таму, наше е да си ја завршиме работата тука, после таму шо сака нека биди, знаат да бидат заебани дома тие...
 
Малце ризично само со Гоце на десно крило, веројатно тука го планира и Јагуриновски како резерва кој играл порано како десно крило, а и како играч кој можи да покрие на десен бек во одбрана, на среден без Ѓоргиев но со Митев и Атанасијевиќ, Павле најмногу заслужи шанса, е сега ќе видиме колкава улога ќе имаат во еден ваков натпревар.
 
Се' друго освен добро водство тука и егал утакмица таму која со оглед на водството од тука нема да не стави во позиција на неизвесност до крајот на вториот меч - според мене би било незадоволително.

Да, и нашиот состав не е ист од 2018, поостарени се клучните играчи во споредба со тогаш, но се' уште се тука и можат да одиграат 2 утакмици во една недела против една Романија која тогаш во Скопје ја победивме со висока разлика (нас проблемот секогаш ни биле првенствата кога се игра преку еден ден, на овие баражи секогаш сме давале 200%) + сега имаме неколку помлади кои веќе (треба да) можат да влезат и да одиграат барем 5, 10, 15 минути и да одморат други.

Поготово што тие имаат повредени важни играчи. Нас клучните да ни беа повредени уште отсега ќе почневме со припремање терен во случај на пораз преку изјави во медиуми. И Пасквал е со нив релативно од скоро, од есента. Од 2-3 собири по една недела не би требало да може да направи такви промени кај нив што би не загрозиле. Да беше од 2018 наваму тренер па досега, друго ќе беше.
 
Ако изиграат како против Данска пред една година, тогаш може и комотно двоцифрено да заврши.. ама ако! Мене ми личи на некои си 26-20 или 29-23 резултат, па останува да видиме. Мора да се изигра добро за да не им се даде ни малку шанса да се надеваат.
Инаку во 6 е утакмицата или во 7?? Различно пишуваат секаде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom