Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Не... На Хари Панов или Павлов во Прилем 197 е мислам али треба мн работа кај него и на Симон Мирчевски во Пелистер 2 има шут и брзина 18г е малиот.
Хари Павлов е тој, го гледам овде некогаш, макар што јас не сум убеден дека е голем потенцијал, ама рано е се уште мал е. Него често и десно крило го играат, проблемот кај него е што почна со ракомет дури на 15 16 години и многу доцна ги учеше некои основни работи.
 
Не... На Хари Панов или Павлов во Прилеп е мислам али треба мн работа кај него и на Симон Мирчевски во Пелистер 2 има шут и брзина 18г е малиот.
Некој играчи е многу заебано да процениш како ќе напредуваат, пример Игор Георгиев го пратев во Голден Арт кога имаше 18 некако ми беше дрво играч, покрупен, потромав не изгледаше дека во него има некаков потенцијал.
Во репрезентација кадети Брестовац го играше само во одбрана и чат пат на лев бек по некоја минутка во напад, дури и бевме принудени тогаш за светското кадети во Скопје да го натурализираме Младеновиќ од шо немавме лев бек.

Едноставно никогаш не се надевав дека од Игор може да биде играч, Џигерот пример беше тој период со светлосни години пред него, после незнам шо се деси како смена со телата да направиле наредна сезона, сезононата Голден Арт кога влегоа во супер лига, играа со Охрид прво коло мислам, човече на терен ко да гледав сосема друг Георгиев, и баш со @Chronysync го искоментиравме се сеќавам тој негов настап и неочекуван скок во квалитет.

Инаку овие двајцава шо ги наброја не се на ниво на пример Атанасијевиќ или Митев, ама тврдам дека се подобри од 18 годишната верзија на Георгиев, и треба да му се дава шанса и минутажа, и баш ме интересира како ќе изгледа нивната верзија на 20 години и на многу други играчи кој ги пратам од оваа 2002 и 2004 генерација, пример Б,Илиески (реално можда најинтелегетен среден бек од 2002ра, фактички 2003та овај нејсе, само физички малце лимитиран), Михаил Ивановски (доста борбен играч, има и кај него напредок), Тодевски (има добар габарит за во одбрана а и почна да игра добро во напад) има и други сега мака ми е да ги набројувам, а особено интересни има во 2004,2005та и најмногу позитивно некој кој ме има изненадено со талент после браќава Атанасијевиќ е едно дете од пионери во Алкалоид, среден бек, играчот со број 17 може да го погледнете на натпреваров. https://www.youtube.com/watch?v=zzzqETqOaHI&ab_channel=RFMHANDBALL
Автоматски споено мислење:

проблемот кај него е што почна со ракомет дури на 15 16 години
И Фитиљ тогаш почнал наводно :D
 
Немаат врска многу години и Ласло Наѓ почнал со ракомет на 17-18 години па после стигнал до топ 3 десни бекови во историјата на овој спорт.
Самба и Столе исто касно имаат почнато со ракомет па еве двократни европски шамиони се денес.
Ракометот не е многу развиен спорт и затоа може многу лесно да се напредува и со малку среќа да се дојде на врвот,треба само да имаш желба,упорност и муда.,останатото ќе си дојде.
 
Битно е пред тоа да биле активни во некаков спорт, инаку сега кај новиве генерации ако сакаш успех мора да тренираш од мал, конкуренцијата во ракометов се зголемува и многу е битно да извадиш антрополошки максимум.
Тие шо се гејмери до 18та година а пред тоа биле слабо спортски активни ако сакаат нека се исркшат од тренирање после 17та,18та год од нив играч не бива, клучно е во рани години да си активен додека ти се развива телото, да не си закржлавен во нозете ко некој билдер од 130 кг на 300та стероиди шо е, во таков случај максимумот ти е Рк Ринија или Рк Текстилец таман за од наредна сезона во трета лига.

Еве во каква средина е растен мајсторов, зато кондициски се подобри од цела сениорска репрезентација заедно.
1641779309860.jpeg
 
Прегледај го приврзокот 318877
кој се на сликава?? овој од десно личи на павле.
 
Уште нема резултати од денешните тестирања?
Автоматски споено мислење:

Ајдее, таман пишав, 5 позитивни:popce::popce:
 
Почитувани,

Во рамки на подготовките за претстојното ЕП 2022 (Унгарија - Словачка) македонските репрезентативци утре наутро ќе го одработат последниот тренинг пред заминување во Дебрецин.

Во текот на подготовките согласно протоколарниот режим на тестирање одреден од Европската Ракометна Федерација, беа извршени ковид ПЦР тестирања на 4ти и 7ми и 10ти јануари.

Според резултатите од денешните ПЦР тестирања направени во овластена лабораторија за сите членови на таборот на Ракометната федерација на Македонија, кај 5 (пет) претставници кои утре требаше да заминат на Европското ракометно првенство 2022, детектиран е вирусот SARS-CoV- 2 (Covid-19).

Македонската ракометна репрезентација утре во 14:10 часот попладне заминува за Дебрецин - Унгарија , а првиот меч од групната фаза нашите машки сениори ќе го одиграат на 13 јануари (четврток) во 18:00 часот против репрезентацијата на Словенија.

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија
Автоматски споено мислење:

Кој се позитивните ? Има некои информации ??
 
Кој баксуз, мене ми изгледа дека чим се држат во тајна имињата, веројатно не се заразени само членови на стручен штаб туку и играчи.
 
Се очекуваше, ма да ништо чудно да имаат втор тест негативен. Сега по ново колку ја скратија изолацијата?
 
Наводно 2ца голмани имало заразени, ама не знам кој
 
Отидоа шансите за добар пласман... Токму ова најмногу ме плашеше. Немаше карантин, имаше слободен ден за Божиќ - исходот е очекуван, со оглед на експлозијата на нов бран во Македонија. Се знаеше дека токму третиот тест после Божиќ ќе биде најопасен за Македонија и така и се покажа.

Единствено останува да се надеваме дека ќе остане на овие 5 (можно е и да не се сите играчи) и дека нема внатре во репрезентацијата да се шири вирусот (што гледајќи по другите репрезентации е малку веројатно). Ама дури и да не се важни играчи во прашање, фокусот во критичен момент оди во тотално друг правец. Џабе и чартер и се ако сами си го носат вирусот.
 
Амаан веќе со коронава и све...
Баш се надевав дека имаме некој мали шанси поради голманите и плус Кире селектор.:mad::(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom