ПРЕСИНГ: Лазаров мора да одбере "помало зло, заради заедничко подобро" - 24 РАКОМЕТ (24rakomet.mk)
Има добри поенти, но некако брзо забораваме што ни се деси во Египет, 12 разлика од Русија, 20 разлика од Египет, 10 разлика од Словенија, 4 разлика од Белорусија и едвај една победа на мускули против Чиле во која голема разлика направи Крстевски тогаш.
Да на ова првенство го имаме Миркуловски, ама ги немаме Манасков и Марковски, Столе не е истиот Столе од пред 3-4 год, истото важи и за Лазаров, Георгиевски.. така да сепак не гледам од каде толку оптимизам дека имаме добри шанси за некаков резултат, имаме реални но мали шанси да направиме нешто, ќе ни треба мнооогуу среќа против Словенците.
Но најбитно е за добри голмани да имаш добра одбрана, инаку предност на нашите голмани е што се добри во 1 на 1 зицер ситуации, кој со оваа одбрана веројатно ќе ги има многу.