- Член од
- 19 август 2010
- Мислења
- 4.437
- Поени од реакции
- 11.234
Зошто утре играат.
Да бее стварно, не сум заприметил. Се мислев денес играме. Фала
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Зошто утре играат.
Полека малку, мислам дека се претерани некои од реакциите а се шират и неточно информации.
1. Брестовац е тренер на оваа генерација уште од формирањето на селекцијата пред 2-3 години. Далеку пред да биде тренер на Металург, а не пак селектор на сениорите. Впрочем од позицијата селектор на кадетите и тргна неговото враќање во Македонија. Обратна е логиката - не се повлече од позиција селектор на 2000та со логика дека треба да се истера циклусот до СП без да се наруши разработената кохезија во екипата. Колку е тоа исправно или не, може да дебатираме, ама не мислам дека е проблем за резултатите што е истиот селектор од сениорите(и еден куп други репрезентации ги имаат своите сениорски селектори во некаков капацитет инволвирани)
2. Неточно е дека не сме играле акции со уфрлање на крило. Па секоја втора акција беше таква. Јас напротив мислам дека претеравме со оглед дека баш и не ни одеше иако факт е дека аргентиците доста агресивно и длабоко ја играа нивната 6-0 зона. Тоа што е факт е дека единствено решение за одбраната на Аргентина (која беше одлична, а имаа и одличен голман) беше Карапалевски како единствен брз и експлозивен бек во екипата. Зошто имаме само еден таков играч е друго прашање (дел можеби е до начин на развивање моторички способности на многу помала возраст, дел неспорно е и генетиката), но да не се залажуваме дека во младинска или кадетска екипа можеме да извадиме по еден куп квалитетни играчи од таков тип. Тоа не ги апсолвира Серафимов и до некаде Младеновиќ. Тие мораше да бидат подобри. Серафимов особено мора да најде начин да ја направи поразноврсна играта кога се знае дека сите ќе играат да го неутрализираат неговиот скок шут и ќе го тераат на игра 1 на 1.
3. Во салата бев, и не можам да се сложам со констатацијата дека не се бореле нашите. Борба и желба за победа имаше. Тоа што немаа е психичка способност да се преживее кога не оди. Факт е дека немаа свој ден, но не успеаа да задржат смиреност и ги изгубија главите во финишот.
4. Мора да прекинеме со екстремите. Ако победиме играчите се херои. Ако изгубиме играчите и тренерот се предавници. Вистината никогаш не е во екстремите. Кој ќе победи а кој ќе изгуби зависи од многу фактори, а во случајот ниту ние сме некаква велесила, ниту пак Аргентина е слаба екипа. Истовремено не е ни лош овој состав, што мислам ќе се види во следните натпревари.
Dajte be nekoj link za rakometot
Sent from my CLT-L29 using Tapatalk