Ако во некој не беше проблемот, то е Ѕвонко...
Не го бранам воопшто, сметав и тогаш ко го кладоја селектор дека не е квалитетен за ваква работа, ама се она шо постигна е само за капа долу.

Неговата функција беше амортизер, на оние суети шо ги имат Кире, Борко и Наумче... кој и да дојди за тренер ќе си замини после првио собир. Колку шо сака нека големи имиња, нивното понашање е бахато, арогантно ни дома немаат таква слобода колку шо ја имаат во репрезентацијата.
Мислам дека е неправедно шо се прат заебанци за 'шуткајте на голо', 'бекојте да работат' и уште неколку совети кои некои си ги сфатија како бисери. Јесте звучат смешно, ама то е улогата на селекторот, сеа можи звучат пофенси на српско-хрватски Вујо и Червар ко ќе делат совети на тајмаут, ама во суштина то се советите.
Жалосно е шо на ваква генерација, немавме селектор со одврзани раце... (можи звучи парадоксално) ама мене ми сметаше кога во второ полувреме редовно почнувавме со Миркуловски кој беше меѓу најслабите, а Филипче го седеше цело второ на клупа

Исто, Темелков прво, второ Гоце... Пикерите одеа по редослед Марковски, Столе, Ванчо, Столе... Значи однапред е одредено кој од кога до кога ќе игра, независно кој во каква форма е и како игра, затоа беа и оние црни дупки 6, 7, 8... минути без гол.
Во иднина очекувам да го сиктеросат Михајло од РФМ, најверојатно ќе превземи Левче или Минчо лично евентуално, и тогаш цела багра со Чокрев на чело ќе ни ебат мамата. Начевци под дифолт ќе сменат страна итака и сега се во добри односи и со автокомандосите, така да... ќе се сменат улогите а нема да биди ништо подобро, јас ќе сум задоволен да остани како шо е а да не е полошо...