Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Овај Викторче е тој судијата така?:D
Хаха тој ќе кинел глави:drk: ,па да прдни Филе овај пилиштарецот ќе летни во воздух....:D(50 кила(со патики) е тежок)...
 
Ovie site familijarno izgleda imaat impulsiven karakter i tolku... Znaeme kako ide.. Kuce sto lae ne kasa:)))
 
Да не знае некој кој од Начевци ќе изедеше ќотек во публика лани на пријателската со Романија? Да не беше овој набилданиов :pos:
 
Абе вие многу му ја мислите. Да идеме до Федерација и да ја јајцуваме, па да видиме дали после нешто ќе збори...
 
Не ми е јасно само што ќе прави Шутракот со 3 пикери и толку крила? Катастрофа, Мите што го изостави јасно ми е ама Даскаловски мислам дека има место за во репрезентација.
Оној викторче што се пува толку како само ми текнува како ја виткаше опашката и ги полнеше очите солзи кога проба да игра ракомет.... баталете го.
Темава ќе иде под клуч да идеме само од натпревар во натпревар или?
 
Се надевам дека ова е место за една лаичка анализа на поминот на македонскиот тим на Светското првенство во Шпанија. Ако не, слободно преместете го мислењево. Ќе замолам и да не коментирате во стил „Абе врска немаш“ итн, бидејќи навистина не сум длабоко упатен и давам мислење како обичен човек и, на крајот на краиштата, навивач.

Убедливо најслаба алка беше тренерот, не само поради советите на тајм-аутите („Треба да се клај гол“ - жити сè?!!?!?!?), туку бидејќи играше со тројца пивоти и едно лево крило. По секако морал да го стави Ојлески на местото на Димовски, за кого ионака се виде дека не добива толку голема минутажа колку М.Стоилов и Н.Маркоски, зашто во даден момент Манасков влезе во лоша серија, особено во натпреварот против Германија, па во тој случај треба да се врши замена со друг играч на таа позиција. Никако не е решение да се става бек (Ангеловски) наместо крило - дури и ако тоа теоретски може да успее (не сум стручњак, не знам), би требало тој практично да има искуство дека такво нешто не успева: на олимписките квалификации го стави Митков на десно крило наместо Темелков и пак ништо не испадна. Понатаму, ако тренеров мисли дека Манасков со своите 20 години може да го понесе целиот товар на една позиција на големо натпреварување без помош, сериозно нешто не е во ред со него (тренерот).

Георгиевски ја искористи шансата што му се укажа и се надевам дека многу повеќе ќе биде присутен во репрезентацијата. Стоилов веќе прераснува во пивот од светска класа, а Н.Маркоски кај и да е ќе го стаса, со повеќе големи натпревари. Н.Мојсоски малку затаи; дали поради тоа што бил добро чуван или едноставно не му одело, не можам да кажам. Миркуловски беше во ред - не даваше многу голови, но имаше неколку добри проигрувања и пробиви. Ф.Лазаров лично ме изненади - на натпреварот со Данска знаеше да погоди тешки голови, па сепак изгледа има нешто во него. Многу мерак ми направи што голови даваа и В.Маркоски и особено Јоноски, коишто се гледа дека во даден момент се корисни и во нападот.

К.Лазаров како да не беше на нивото на коешто сме навикнале да го гледаме, иако капитенски се носеше со сите ситуации, па и со медиумите. Најголемиот проблем останува што за него нема соодветна замена на таа позиција - Левов (сè уште?) не му е дораснат (ако во даден момент било предвидено Левов некогаш да игра и десно крило, тогаш земањето на З.Мојсоски од старт било грешка). Тука треба на сцена да стапат клубовите и нивните младински школи - да се најде десен бек и да се форсира неговиот развој, зашто К.Лазаров веќе влегува во залезот на неговата кариера, а не знам колку Левов ќе може да го замени.

Ристовски бранеше добро, а и Митревски имаше свои моменти, особено против Русија. Се гледа дека му недостасува искуство и ова натпреварување одлично ќе му дојде. Сепак, според мене, се виде дека Ристовски е прв голман, а Митревски е втор - на вакви натпреварувања би требало да се оди со *двајца први* голмани, зашто ако на едниот не му оди, на другиот да му оди, а да е со ист квалитет. Доколку била целта ова натпреварување да се искористи само за некои играчи да се воиграат, тогаш целта е остварена и веќе на следните натпреварувања треба да се размислува Ангелов да биде вратен во комбинација, во зависност од важноста на натпреварот.

Благодарам на вниманието.
 

Едно 6 месеци покасно од што требаше.

П.С. СТЕВЧЕ АЛУШЕВСКИ ЗА СЕЛЕКТОР!!!!
Пошо и на 40 години се буни зашо не го викнале, вака барем ке си патува на секое првенство.

П.П.С. Шундо цитат: "со најмакедонската селекција во сите спортови и на сите времиња".
The fuck? Зашто оваа селекција е "помакедонска" од селекцијата во шах, на пример ?
 
Едно 6 месеци покасно од што требаше.

П.С. СТЕВЧЕ АЛУШЕВСКИ ЗА СЕЛЕКТОР!!!!
Пошо и на 40 години се буни зашо не го викнале, вака барем ке си патува на секое првенство.

П.П.С. Шундо цитат: "со најмакедонската селекција во сите спортови и на сите времиња".
The fuck? Зашто оваа селекција е "помакедонска" од селекцијата во шах, на пример !?!
Лаичка PR школа се вика тоа.
 
Очекувано беше чим го закачија владините медиуми од типот на курир да си иде деновиве...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom