Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо од солиден резултат на СП догодина.

Го јадеме стапот лагано од Шпанија и Хрватска, ќе се мачиме до крај со Исланд, се надевам нема да се посрамиме и да отпаднеме уште во групи.

Во втора рунда АКО стигнеме ќе комбинираме со групата на Франција,Германија, Русија/Србија.

Исто и таму лагано го јадеме стапот од Франција и Германија.

Можеби и ги потценувам ама некако Франција,Германија,Хрватска и Шпанија ми се класа над нашиве и очекувам лагано 3+ разлика сите мечеви да ги изгубиме.

Група Д е прелесна ама тоа е, немавме среќа таму да се најдеме :([DOUBLEPOST=1529944345][/DOUBLEPOST]
А квалификации за ОИ од кое до кое место играат?
99% нема да играме :D

Вака идат работите:

Ќе игра Јапонија како домаќин
ќе игра првакот од Светско, првакот од 2020 европското, шампионите на Пан Америка, Азија и Африка и 6 екипи од квалификациите.

За Македонија да направи некаков успех треба Катар да влезе во топ 5-6 екипи негде (нема да влезе) (ова го кажувам дека во таа опција тогаш и деветтото место би носело квалификации за ЛОИ што е пореално за нас)

По некоја логика би требало до седмо/осмо место да носи квалификации за ЛОИ.

А не ми се верува во група со Шпанија.Германија,Франција и Хрватска да бидеме четврти или трети така да.. :D

Значи математиката е дека мора да се победи Исланд и трето пласираната екипа од другата екипа, и плус да се извадат 2-3 бода против другиве 4 екипи[DOUBLEPOST=1529985744][/DOUBLEPOST]Никој не пишал ама сме ги тепале србиве на медитеранските игри 31-29...:ROFLMAO: A изгубија лагано од Египет и Турција..
 
Последно уредено:
Сам даде отказ,да ја води Хрватска на европското зашто само тоа нема освоено,ама затоа му се удри од глава

Па баш за хрватската репрезентација ми беше зборот. Нема везе.
 
Поминаа неколку дена па ајде мал коментар за медитеранците и кадетите.

Медитеранската репрезентација:
1 победа и 2 порази можеби е и во рамки на очекувањата на еден ваков состав, но останува да жалат затоа што мислам дека можеа и повеќе. Проблемите почнаа уште со списокот. Од старт имаше 2-3ца кои реално не беа за репрезентација. И на крај тука беше разликата. Фали во тој тим уште еден бек (лев или среден) што е очигледно и од листата на стрелци. Со уште еден таков играч, јас можам да се обложам дека ќе имаа 3 победи и ќе се бореа за медал...

Но што е тука е. Ги тестираа играчите, сфатија дека нема ништо што вреди за НТ во тие генерации, освен оние кои и досега играа и барем ќе можат да се посветат повеќе на помладите (каде сеуште има надеж).

Едниствено "бел бумбар" за Поповски кој ја користи својата шанса и очигледно ќе биде значајна алка во репрезентацијата во иднина.

Кадетска репрезентација:
Ги гледав натпреварите од турнирот во Романија, но не и во Унгарија. Што да се каже освен големо, огромно разочарување. Наместо да одат напред, се уназадуваат. Сличен турнир играа и есента. И тогаш ги изгубија сите натпревари но беа многу поконкурентни и малку им недостигаше. Сега одиграа далеку полошо.
- Серафимов одигра далеку под ниво (наместо да доминира како есента, сега беше дел од проблемот). Дали бил повреден или друго е во прашање не знам, ама ако Серафмов не е "Лазаров" во оваа репрезентација, нема да имаат никакви шанси.
- Лево/средните бекови влегуваат во просекот на наши "таленти". Каковски, Џигероски, Карапалески воопшто не покажаа нешто со што би отскокнале од просекот. Со оглед дека се генерално физички инфериорни, сега ако не "делат од просекот" не знам како тоа ќе го прават на постари години
- Најпозитивно изненадување - помладиот Костески на десно крило! Одлично одигра на сите натпревари и делува дека има сериозен талент кај него.
- Можеби единствениот играч кој го потврди талентот покажан на репрезентативно ниво есента беше пикерот Митиќ. Можеби најинтересен играч од цела репрезентација. Солидна градба, игра во два правци, имаше одличен прием на топка на овие 3 натпревари, со одличен "мотор"

Се на се големо разочарување генерацијата 2000та. По ова ништо не очекувам од ЕХФ шампионатот. Со исклучок на 2-3 поединци, ништо чудно на крајот оваа генерација да се вклопи во сивилото од почетокот на 90тите. Дај боже да ме демантираат, ама само со победи над Бугарија и клупчиња од Унгарија повеќе не може да се очекува.
 
37049949_1737611016356572_5936560314005848064_n.jpg
 
Кај бе со Јагуриновски на бек, па детево природна позиција му е десно крило, основни предиспозиции нема за бек.
 
Нема, но во овие категории сеуште може да пројде. Во серизона сениорска конкуренција, најверојатно не, иако се уфрлуваше доста како бек и во Пелистер. Може да се искористи таа негова разноврсност во одредени тактички решенија, македонскиот Блаж Јанц :D. Има доста ракомет у него, макар што мене лично карактерно никогаш не ми се допаѓал.
 
Cel play-off vo Pelister igrase na pozicija desen bek i odlicni partii pruzi maliot, go frli vo senka Mitic.
 
Cel play-off vo Pelister igrase na pozicija desen bek i odlicni partii pruzi maliot, go frli vo senka Mitic.

Точно. Реално доста напредуваше во Пелистер минатата сезона. Како тактичко-технички така и физички. Се развива во играч кој може да биде бек и мислам дека на долг рок Јагуриновски ќе биде бек. Само се надевам дека нема да ги изгуби карактеристиките и на крило. Универзални играчи ќе бидат се покорисни во иднина.

Ако продолжи вака ништо чудно и до репрезентација да дотурка. Прашање е дали и колку реално е подобар Велковски.

Како и да е, талентот никогаш не беше под знак прашалник кај него (не случајно и србите сакаа да го украдат пред неколку години). Карактерот е тој кој ќе пресуди дали ќе го биде или не. Колку порано созрее, толку подобро за неговата кариера.
 
Младиве играат во петок во 8... Да не знаете во која сала ад идеме да ги глеаме?
 
Ваљда на Кале ќе се игра.Задутре во 20:00 играат.Само шампионот обезбедува учество на европско првенство наредна година.
upload_2018-7-18_15-31-11.png
 
Ваљда на Кале ќе се игра.Задутре во 20:00 играат.Само шампионот обезбедува учество на европско првенство наредна година.
Прегледај го приврзокот 194142

Сепак е првенство ова (макар и во една ракометна Б варијанта). Сите натпревари ќе се играат во Борис Трајковски (VIP Arena).

http://24rakomet.mk/арената-во-сц-борис-трајковски-доб/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom