Ај ај порадувај се излезе од хибернација која беше 3 години. Арно влегоја спонзори за да си земеш право да збораш, до пред 3 години само кромид сецкаше за да ја скриеш тагата оти плачиш сега те унапредија свртен си на колбаси.
А најјакото нешто во тоа дупење шо го правите е шо го прифативте зборот кираџија да ви биде прилепена додавка на вашата возвишеност.
Ако си бистар ќе сватиш кое дупење е тоа.
Смири страсти, ако зборуваме за хибернации, вашата последна траеше 17 години. Му се случи на ривалите кризен период, падна и Металург и Вардар привремено, и се понашате као да сте го фатиле господ за јајца.
Збориш за спонзори, а сите недамнешни достигнувања ви се благодарение на Зоки кој го спои Работник со Пелистер. И сите знаеме што ќе се деси ако си го активира Работник пак, ќе држете стандардно место на табела под Бутел и Тинекс пролет.
Најголемиот успех ви е второ место пред 2 децении, а зелената ера ви се сведи на повеќе тренери сменето од победи во ЛШ, и да, некоја победа над Вардар, која кај вас се толкува на исто ниво како освојување ЛШ. Ама до таму е и хоризонтот на Битолчани, подалеку не може да гледате пошто никогаш повеќе не сте нит виделе, нит осетиле. Факт е дека тие се достигнувањата на најракометнио град, јас разбирам дека луѓето во Битола го сакаат и негуваат ракометот, ама капацитетот на тој тим е толку. Тоа е реалноста, па колку вие сакате или неќете да ја прифатете, тоа е на вас.
Во секој случај, апсурдно е само да се споредете со тим и институција која 2 пати ја покори Европа, затоа што и многу европски тимови не можат да се пофалат со истото, а камо ли вие.
Топлинка коментира за 58 годишниот Крсто на Фејсбук, а него најчесто може да го најдеш во коментарите на било кој пост на официјалната страница на Работник или страницата на Декси, кој и самиот по себе е бетер од сите тие стереотипи. Еве и Колштад од Норвешка е во иста финансиска ситуација како Вардар некогаш, ама очигледно третманот за норвешка екипа и третманот за македонска екипа, не се исти. Цел свет научи каква покварена институција е ЕХФ, само вие во Битола сте уште затуцани очигледно.
А за суспензијата на Деки Бој, пошироката слика во вашиот тим ја знаеме сите ние па и самите вие, психолог во екипата исто како да немате. Деки Бој уште коа одби понуда од Лазаров за репка, за светите бои, само искоментирав „глупо дете“, затоа што тоа е реалноста. Деки нема две чисти во глава, а за агресивно понашање по завршувањето на утакмицата, дебела би била казната за секого, во секој спорт. Џабе кењате за суспензијата на Деки, која и те како е заслужена. Охрид инаку доби исто голема парична казна колку и Работник, а помошниот тренер исто ткаа доби суспензија без никаква причина. Ако има со ум од стручниот штаб на Работник, напротив ова ќе им биде поттик да си ги оправат играчите со понашањето и со психата, а не да се жалат и да изиграваат жртви.