Ракомет - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата DuFFy
  • Време на започнување Време на започнување

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 145 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 272 62,5%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,1%

  • Вкупно гласачи
    435
Овие секоја сезона се во вакви проблеми,очигледно дека ќе почнат полека да се распаѓаат.
Дефинитивно во ракометов освен Барса,Веспрем и Кил нема друга стабилна екипа,штета за спортот што нема спонзори на долги стази.
 
Одлукиве на ЕХФ беа малку избрзани и нефер, ама па и треба да се разберат дека и на нив не им е лесно (како и другите организации како што е УЕФА на пример) и сите се соочуваат со ова прв пат (последен пат ваква ситуација имало пред 100 години кога немало ни ракомет, ни фудбал како денес, ни кошарка).
- Женската ЛШ е прекината за септември каде ќе има четвртфинален Ф8, а ако нема услови, станува Ф4 со најдобро пласираните екипи (тие во моментов се Мец, Ѓер, Брест и Есбјерг). Тука би загубиле Ростов, Будуќност и ЦСМ Букурешт најмногу.
- Женските квалификации за ЕП се прекинати и првите две екипи од секоја група одат директно на ЕП. Сега некако уште толку ми е криво што не ја победивме Чешка. Тешко ќе беше да свртевме, а најголем губитник во овие квалификации е Украина (мислам дека ќе можеа да обезбедат ЕП во нивната група и покрај двата порази во првите две кола).
- Машката ЛШ е прекината и директно во Ф4 одат ПСЖ, Кил, Барселона и Веспрем. За Вардар и за сите нас безвезе одлука, ама тоа е. Уште поголеми губитници се ПИК Сегед и Киелце.
- Останатите купови се прекинати и во машка и женска категорија (ЕХФ куп, Челенџ куп)
- ЕХФ шампионатите кои требаа да се играат летово се откажани за на зима. Македонија беше домаќин на едниот шампионат до 18 години од каде со прво место ќе се трасираше патот кон А-дивизијата. Откажани се младинските европски првенства и сите овие ќе бидат презакажани веројатно за во Јануари.
- Откажани се плеј-оф натпреварите за СП во Египет и директно одат 14 -те најдобро пласирани на последното ЕП. Македонија извиси засега, но веќе аплицираше за вајлд-карта, а се доделуваат две и веројатно е дека едната ќе биде доделена на нас (во игра би била и Русија, ама тие се пласираа многу слабо на последното ЕП, паа...).
- Веројатно е дека и некои од младинските СП ќе бидат откажани или поместени за да не се трупа распоредот со многу утакмици.
 
Најдобрите 14 одат на СП.
Ние сме петнаесетти

Па срамота би било да не ни дадат вајлд карта :D
 
кај може да се најде историјат на македонски куп финалиња во женска конкуренција? најдов само победници, а неможам да најдам кај се одржувале и кои биле екипите во финалето..

*74 ден карантин*
 

Има помрднувања некои кај србите ќе видиме дали пак ќе почнат да стануваат нормална репрезентација.
 
На 24Ракомет пишале дека ЖРК Куманово аплицирал за ЛШ. Тоа е добра вест за женскиот ракомет, па макар ги изгубиле сите шест утакмици (има директно место во ЛШ и тоа треба да се искористи). Кога женскиот Вардар заврши баш ги прашував дали со млад состав ќе одат во ЛШ и одговорот беше дека планирале, ама испадна дека излажаа.
 
Прегледај го приврзокот 253113

чекаме пост на фб /инстаграм од борко.
сега со короната, ако воопшто има ракомет, важно ќе биде салата да биде голема, бидејќи веројатно ќе се пополнува максимум со 30-40% публика, значи разредени да бидат, ама не како на сликата......
 
Штета за Куманово во женска конкуренција. Ги изиграа, иако Македонија имаше загарантирано место. Не дека ќе направеа нешто, ама па пак е искуство.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom