Ракомет, Лондон 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Каква игра на хрватска(y),ама да бидемо реални ова не е таа русија што газеше некогаш,посебно поснова не е ни бледа сенка од тоа што беше.
--- надополнето: 1 август 2012 во 23:40 ---
Победа на хрватска,30-28
 
Браво за хрватките, одлична игра во второ полувреме. Само што мислам дека ова им е максимум, тешко дека ќе стигнат до борба за медал.
 
Која игра на хрватиците, секогаш беа блиску до врвот, се надевам дека ќе освојат медал на овој турнир.
 
Интересна утакмица :) Трефилов со ова сакаше да ги спушти на земја малце Русинкиве... знае он што е потребно за успех овој пораз ќе ги среди Русинкиве :)
 
Пенезиќ ги растури сите.
 
28076903-eefac22c2790e75ccd83283974ea155d.jpeg

(y)
 
Финале (М) Хрватска - Данска

Финале (Ж) Франција - Кореја

Посакувам вака да биде.....
 
Вукович го сменил Марковиќ за Шешум. Ептен лошо играше Добривоје , али потегов е со двојна цел, да му се даде до знаење на Илич дека не е незаменлив...
 
Франција се мучи со тунис,ќе биде овде интересно до крајот.
 
Хрватска - Унгарија 26-19........
Пак одлична игра во одбраната,нападот малце послабо.Лупнаа премногу пречки и стативи.
Најдобро од се е што делуваат дека играат таман колку што треба и дека можат уште толку да додадат гас.Стварно се машини.Маџариве ако некако успеаа да дојдат до некој шут тука е Мирко со 17 одбрани.Мамата им ја расплака Мирко.Во одбрана и кога се со играч помалку тоа не влијае на нив.1 на 1 феноменално ги уштопуваат,пикерот покриен и не може топка до него да дојде,сите се доста повижни пожртвувани.,крилата на ќошевите одлично затвараат......Се функционира одлично, секоја чест.Па дури и Балиќ станал одличен одбрамбен играч.Како игра сега во одбраната никогаш не сум го видел ваков.Наџ што е 20 цм повисок и 30 кила потежок го сопира во место и топки ко во баскет им одзима на маџарите.
Ај можеби и Маџарска не е некое мерило......сакам да видам како ќе изгледаат против Данска.Е тоа ќе биде права утакмица.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom