Ракија

  • Креатор на темата Креатор на темата daydream
  • Време на започнување Време на започнување
Друже да бидеме искрени добра ракија неможе да биде толку евтина , барем според мене.
Може,во Велес сите ја продаваат толку домашната ракија,без разлика на квалитетот.
 
Сливова ми е прв избор за алкохолен пијалок, втор ми е вино.

Од сливови, што ги има кај нас сите сум ги пробал.
Оваа е топ 3, според мене:

Манастирка на Прокупац, исто, а другите (Бадел, на Таково и на Рубин препечениците) се за нијанса полоши од овие, али со преодна оценка.
 
Драга,

Среќен први мај на сите робови и работници. Смрт на капитализмот, слобода на народот!!!Прегледај го приврзокот 248735
аплауз!
и ја ја пијам сливовата, строго од чоканче

иначе, ми снема и сега сум на некој домашен вињак (добар) и бела лозова од Тиквеш (лоша)
 
Последно уредено:
аплауз!
и ја ја пијам сливовата, строго од чоканче

иначе, ми снема и сега сум на некој домашен вињак (добар) и бела лозова од Тиквеш (лоша)

Имам од сестра тетка одадена во Србија и соседот им пече од секакво овошје ракија. И пред да излеземе навечер во диско не викна и ми сипа од 5-6 различни. Саат време не знаев кај се наоѓам. А од чоканче е онака, аристократски. ;)
 
да, ја у замрзивач ги чувам празните чоканчиња
Автоматски споено мислење:

66178785_2569268363084970_2786139435169742848_n.jpg
 
Последно уредено:
Најубава ракија ти е домашна ракија сам да си ја правиш...

А не купена од некој човек што не го познаваш. Од кај знаеш таа ракија дали е природна или е брзосмртка?
 
Дали знаете како најлесно ќе се препознае дали ракијата е природна или е брзосмртка?
Одиш кај некој човек што првпат купуваш ракија и ќе му речиш:
Aj прво ти напиј се една чаша, а потоа јас три ќе испијам...
И ако рече јас не пијам ракија никогаш тогаш со сигурност таа ракија е брзосмртка...
 
Нема да е будала тој што продава, тој ќе земе од шише со квалитетна ракија ќе му понуди на потенцијалниот купувач ракија.
Се знае оригинал роба се нуди за пробување.
 
Нема да е будала тој што продава, тој ќе земе од шише со квалитетна ракија ќе му понуди на потенцијалниот купувач ракија.
Се знае оригинал роба се нуди за пробување.
Искусен потенцијален купувач го знае тоа...
Вчера сабајле ги слушам во двор кога купуваа едни стални муштерии му викаат на татко ми дај од таа дома шо ја чуваш по една да се напиеме само.
Задоволни и презадоволни се со ракијата што ја добиваат ама претпоставуваат дека има некоја подобра.
Ракијата што ја пиеме ние дома, пријатели, гости и сите што ни доаѓаат е истата со таа што ја продаваме, во тоа е и убавината мислам, да споделиш нешто добро, подомлно е да ти продавам некое срање кое ни јас не го конзумирам. Квалитетот на ракија се цени, кој знае да го препознае. Сега нормално дека ќе има и некоја подобра на залиха за специјални прилики, но таа не е ништо друго освен што е само повеќе одстоена. За пијаници важи тоа ''за добра свиња нема лоша помија", тој ќе пие што и да е само да плати поефитно.
Домашна ракија баба ми произведува некаде од 1960та год. Можеби ќе ве чуди, но тоа беше нејзина работа во фамилијата. Веќе неколку години неможе па превзема татко ми да ја прави. Се произведува од наше лозје, вино не вадиме никогаш што е еден од клучните фактори за квалитет, а исто така игра улога и ѕидан vs монтажен казан и нормално пожолтувањето со гранче.
Квалитетна домашна ракија е голема филозофија само ако ја правиш без малверазии со додавање шеќер и не знам кои други работи. Уживање и љубов едноставно.
 
Последно уредено од модератор:
Од друга страна нема шанси да ја продаваат по таа цена што иде просечно ракијата, а да не биде ракијата... Таква каква што е. Јас лично ни за дупло повисока цена (од просечната) немам сметка да ја продавам својата ракија, правена по сите можни процедури за квалитет (да не навлегуваме во детали).
 
Нема да е будала тој што продава, тој ќе земе од шише со квалитетна ракија ќе му понуди на потенцијалниот купувач ракија.
Се знае оригинал роба се нуди за пробување.
A дали човек има право да му опни тужба на продавачот што продава сомнителна ракија?

Пример земаш литар ракија и ја носиш во лабораторија на испитување... И дали тогаш резултатите од испитувањето можат да послужат за доказ...
 
Ретко кој има право и дозвола домашна ракија да произведува легално, во тој бизнис се е сведено на доверба и ретко кој се замара за тоа како тужби глупости и слично. Ако те заебат нема да купиш пак од исто место и тоа е тоа.
 
Како не, три тужби ќе му опне.
 
Ретко кој има право и дозвола домашна ракија да произведува легално, во тој бизнис се е сведено на доверба и ретко кој се замара за тоа како тужби глупости и слично. Ако те заебат нема да купиш пак од исто место и тоа е тоа.
Ако знае човек да ја процени по вкусот каква е ракијата нормално дека нема да купи пак од исто место...
Но секој човек нема пристап да се информира дека има сомнителна ракија... Пример некој што е прост, необразован, со благи пречки во развојот од каде може да процени тој дека ракијата што ја пие е сомнителна?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom