Нас ни преостанува само да ја шириме мисијата која ја започнавме, мисија која со сигурност ќе вроди плод како онаа на Кириле и Методије, сигурно и нив не ги поддржувале и им велеле има и појаки, има и појаки, и на крај издвојувале победа над победите. Штета шо дури трае бранот, некои не земаат учество да попливаат во истиот и неговата актуелност. Ама ако, че се свестат на старост и на внуците че им раскажуваат приказни во стилот-Ах бе внуче во мое време шо имаше еден бенд најјак Редиохед, ама не го слушавне ние, го слушаа едни кул чоеци и ни велеа, слушајте бе, слушајте бе ќерата шо е убајна, а ние не, има и поубо, не има и поубо. Ако единствено нешто жалам внуче во животов, е то шо не ги слушав Редиохед навреме, то шо ми помина времето, остарев, а со нив не созреав, пушти внуче Lucky нека свири, пушти да мубам мамицата да надоместиме ако воопшто се надоместува за изгубеното време.