Како што реков, сакав да го преслушам албумот неколку пати за да не избрзам со заклучокот. Во принцип, треба малку време за да ти остане во главата мелодија на Radiohead, но кога ќе остане не излегува. И ако е така добро е. Обратното не чини, тоа што брзо импресионира лесно се заборава.
Да не должам, вкупниот впечаток од албумот ми е позитивен. Очекував повеќе, а кога ќе кажам повеќе не мислам толку на подобро (а може многу подобро), туку на повеќе песни. Албумот е прекраток, само што почна, заврши. Во секој случај, добра целина, фино средено албумче без песни што се експонираат. Најголем впечаток ми остави од предходниот албум.
Единствена песна која ме разочара од албумот е Feral.
Ете, ви спакував се убаво со линкови
Во секој случај, солиден албум, но од следниот очекувам повеќе материјал како и песни кои ќе се истакнуваат и ќе останат како хитови. Нешто како Jigsaw и Reckoner од предходниот албум.
Инаку не ја сакам баш споредбата помеѓу албумите, кај мене се менуваат периодично а најмногу сум навлечен на Hail to the Thief и In Rainbows. Одамна не сум го преслушал OK Computer, веројатно затоа што го имам слушано безброј пати. Во едно се согласуваме сите, Pablo Honey е на последно место