Започна со работа провладиното радио „Слободна Македонија“ – Миленко, Јанко, Весна Петрушевска со свои емисии - Либертас .мк
Од денес започна со работа новото провладино радио „Слободна Македонија“, кое се емитува на фреквенцијата на поранешното радио Равел во Скопје, и на нови фреквенции низ целата држава.
Новото национално радио, според извори на Либертас, е финансирано од бизнисмени блиски на власта, а приказната започна пред неколку месеци кога радио Равел доби дозвола за емитување на национално ниво, па се случи и ребрендирањето. Сепак, во регистарот на Советот за радиодифузија, објавен и на веб страната, ажуриран на втори октомври, радиото се уште е заведено како радио Равел, како управител е заведен Ристе Здравков, а радиото има 9-годишна дозвола за емитување на национално ниво, од 15 јули 2013 година до 14 јули 2022 година.
За ова радио, како што објави Либертас минатиот месец, задача да направи концепт наводно добил главниот уредник на тв Алфа, Коле Чашуле. Вестите на ова радио, според нашите извори, ќе ги прават провладиниот портал Курир и ТВ Алфа, а и просториите на радиото се наспроти зградата на владата, каде се наоѓаат и просториите на Курир.
Свои емисии на радиото, меѓу другите ќе имаат новинарите блиски на власта, Миленко Неделковски и Јанко Илковски, актерите Весна Петрушевска и Рубенс Муратовски, водителот Викса и многу други.
Дополнето (13:16):
Веднаш откако Либертас го објави текстот, актерката Весна Петрушевска реагираше во својата емисија на радиото, и ја негираше поврзаноста со власта.
- Не сум знаела дека сум била толку блиска до власта – рече Петрушевска и додаде дека своето име го градела со години, па не треба да биде блиска до власта за да добие работа.
Сепак, се уште се свежи сеќавањата на гледачите на нејзината емисија „Не ми е јасно“, која се емитуваше на Сител телевизија, а во која најчесто на мета беа опозициската СДСМ, А1 телевизија и нејзиниот сопственик, Велија Рамковски. Емисијата започна да се емитува неколку месеци по „На рапорт со Јофе“, на А1 телевизија, а заврши со затворањето на А1 телевизија, со што се дополни впечатокот дека целта на емисијата била да и контрира на, во тоа време, најгледаната А1 телевизија и емисијата на Јофе.
(Фото – Фејсбук)
Овие Либертас само провладни па провладино радио ,аман веќе
.