Радио Слободна Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Започна со работа провладиното радио „Слободна Македонија“ – Миленко, Јанко, Весна Петрушевска со свои емисии - Либертас .мк

Од денес започна со работа новото провладино радио „Слободна Македонија“, кое се емитува на фреквенцијата на поранешното радио Равел во Скопје, и на нови фреквенции низ целата држава.

1482841_235536973281934_357838557_n1-540x303.jpg

Новото национално радио, според извори на Либертас, е финансирано од бизнисмени блиски на власта, а приказната започна пред неколку месеци кога радио Равел доби дозвола за емитување на национално ниво, па се случи и ребрендирањето. Сепак, во регистарот на Советот за радиодифузија, објавен и на веб страната, ажуриран на втори октомври, радиото се уште е заведено како радио Равел, како управител е заведен Ристе Здравков, а радиото има 9-годишна дозвола за емитување на национално ниво, од 15 јули 2013 година до 14 јули 2022 година.
За ова радио, како што објави Либертас минатиот месец, задача да направи концепт наводно добил главниот уредник на тв Алфа, Коле Чашуле. Вестите на ова радио, според нашите извори, ќе ги прават провладиниот портал Курир и ТВ Алфа, а и просториите на радиото се наспроти зградата на владата, каде се наоѓаат и просториите на Курир.
Свои емисии на радиото, меѓу другите ќе имаат новинарите блиски на власта, Миленко Неделковски и Јанко Илковски, актерите Весна Петрушевска и Рубенс Муратовски, водителот Викса и многу други.

1487454_10202752820360388_322274099_n1-405x540.jpg

Дополнето (13:16):
Веднаш откако Либертас го објави текстот, актерката Весна Петрушевска реагираше во својата емисија на радиото, и ја негираше поврзаноста со власта.
- Не сум знаела дека сум била толку блиска до власта – рече Петрушевска и додаде дека своето име го градела со години, па не треба да биде блиска до власта за да добие работа.
Сепак, се уште се свежи сеќавањата на гледачите на нејзината емисија „Не ми е јасно“, која се емитуваше на Сител телевизија, а во која најчесто на мета беа опозициската СДСМ, А1 телевизија и нејзиниот сопственик, Велија Рамковски. Емисијата започна да се емитува неколку месеци по „На рапорт со Јофе“, на А1 телевизија, а заврши со затворањето на А1 телевизија, со што се дополни впечатокот дека целта на емисијата била да и контрира на, во тоа време, најгледаната А1 телевизија и емисијата на Јофе.
(Фото – Фејсбук)

Овие Либертас само провладни па провладино радио ,аман веќе :mad: .
 






ФОТО: Дарио Јанковиќ
 
нема за сечиј вкус
(али тоа е, у ствари, добра работа)

Е добро де немој, сеа и ти за т'нко да се фаќаш. :D Сакав да кажам дека мрзам реклами, што кај нив не се присутни многу. Ама па рекламите живот значат за другите (радиа), а за мене смрт посебно кога ќе траат во просек над 7 мин.
 
Предн некоја недела слушнав тој што го викаатј Тик Так од Радио 2 Македонсо радио има емисија на Слободна Македонија во сабота .Во понеделникот слушав Радио 2 и таму сеуште го имаше во утринската емисија.

Како тоа на две радиа работи ?
 
Дополнето (13:16):
Веднаш откако Либертас го објави текстот, актерката Весна Петрушевска реагираше во својата емисија на радиото, и ја негираше поврзаноста со власта.
- Не сум знаела дека сум била толку блиска до власта – рече Петрушевска и додаде дека своето име го градела со години, па не треба да биде блиска до власта за да добие работа.
Сепак, се уште се свежи сеќавањата на гледачите на нејзината емисија „Не ми е јасно“, која се емитуваше на Сител телевизија, а во која најчесто на мета беа опозициската СДСМ, А1 телевизија и нејзиниот сопственик, Велија Рамковски. Емисијата започна да се емитува неколку месеци по „На рапорт со Јофе“, на А1 телевизија, а заврши со затворањето на А1 телевизија, со што се дополни впечатокот дека целта на емисијата била да и контрира на, во тоа време, најгледаната А1 телевизија и емисијата на Јофе.
(Фото – Фејсбук)


Овие Либертас само провладни па провладино радио ,аман веќе :mad: .
Нека не се бламираат дека не е провладино, кога низ канцелариите провејува портокаловата боја :)
 
Предн некоја недела слушнав тој што го викаатј Тик Так од Радио 2 Македонсо радио има емисија на Слободна Македонија во сабота .Во понеделникот слушав Радио 2 и таму сеуште го имаше во утринската емисија.

Како тоа на две радиа работи ?


Медиумите кај нас се глупи. Не ги врзуваат луѓето со Non compete договори.. и се разбира луѓето си тезгарат.. ако не се лажам и Ексклузив што оди на МТВ оди и на Радио Слободна Македонија. Ако човекот си напрајл име и со го продава браво а него.. Имам чуено прикаска дека еден водител на утринската во Загреб, откако му му завршил договорот добивал пуна плата уште 6 месеци за да не почне на друго радио одма и да им ја однесе публиката..За жал, пак ќе кажам, медиумите кај нас уште треба да учат..
 
Радио сега нешто во последно време и не слушам баш повеќе се насочувам кон тоа да си слушам музика од компјутер или пак од јутјуб. Но вчера додека патував кон работа се качив во автобус и шоферот пуштил Радио Слободна Македонија миленко дробеше политики некои негови што искрено мислам дека додека слушав 8 минути стомакот ми се превртуваше и дури мене ме фати срам најинтересно е тоа што додека го слушав како дроби за политики америка - русија откако заврши со неговиот говор пушти македонски стар рок што јас не можам да сфатам како може во политичка емисија да пушта македонски стар рок од 70тите. Што ја погоди песната океј погодена беше но моабетите кои ги прави тоа мислам дека само стари лица можат да го слушаат. Целосна утка е тоа.
 
Многу наоблечени овие во радиото. Слабо греењето изгледа. :D
 
Денеска низ муабет чув дека во Слободен печат парче ги напрајле дека си провладино радио... ама на нет ништо неможев да видам. Некој да видел или чул ова?
 
Радио не слушам, а од телевизии следам само Вести 24 и Телма.
Веќе подолго време на работа кај нас постојано е пуштено радиото на т.н. Радио Слободна Македонија.

Бидејќи секои вести ѝм почнуваат со „Премиерот Никола Груевски ја продолжува посетата на бла бла бла...“ денес прашав дали може каналот да биде сменет на некој непартиски или понеутрален, па ми беше кажано дека „ниту една друга станица не фаќа“. Мислев дека нешто матат, но на враќање од работа во таксито лајна јадеше човекот со криминално досие за проневера, Миленко Брадатата Свиња, за протестите на студентите и професорите со зборови како „таканаречените професори / комуњари / колумњари (опозициските колумнисти) / соросоиди...“

Го замолив да смени, ми рече знам дека ти смета ама од кланица нагоре не фаќа ништо друго, „ги блокираа другите“ со негови зборови.

Значи, Крива Паланка во моментот е во тотален радио-мрак, без ниту каналите на „јавниот сервис“ Македонско радио.

Каде е сега агенцијата надлежна за радиодифузија и ќе интервенира ли за да го спречи ова гебелсово лудило?

Capture1.JPG
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom