Работи што нѐ нервираат во македонскиот сообраќај

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Точно, по правило не постои.
Но, сообраќајната култура (која не мора да биде опишана со закон) вели дека не треба да си цреп и да возиш со 30-40 во прва лента. Особено ако уличката во која треба да свртиш ти е на километар :) Исто како што не треба да си цреп и да стоиш прв лентата на која има дополнително зелено светло за вртење (лево или десно, а ти си за право) и да им го блокираш патот на останатите кои сакаат да свртат. Се согласуваш?
На последна 23ка, за да свртиш десно кај Цветен, иако таа за право е слободна. Евритајм.
 
На последна 23ка, за да свртиш десно кај Цветен, иако таа за право е слободна. Евритајм.
Океј, разбирам во другата лента да има 5 возила (иако и така не е во ред), ама ПРВ да си и да се паркираш баш во лентата на која има дополнително зелено светло за вртење? Абе да земеш и устата у ауспух да му ја набуташ и да турираш на 5000 обртаи. Не е страшно, ама треба да си цреп за толку да немаш чувство за останатите учесници во сообраќајот.
 
Да да, разбирам, друго е 20 возила, друго е да нема никој. Кога одам на доктор таму ја оставам колата и буквално 9 од 10 идења има клошариште што дреме во таа лента а нема никој во другата. Не е пишано со закон ама си треба малце етика. Исто како што е педерски ако си улетан и ти се упали црвено и фатиш да кочиш, да ја укопаш колата а некој е блиску зад тебе. Тој ќе е крив што не држел растојание и те нагмечил али ипак, не е етички.
 
Велосипедисти кои возат на улица, многу ме нервираат. Ај ќе ги разберам ако нема велосипедска патека но и кога има пак возат на улица како за нив исклучиво да е наменета.

Возачи кои сметаат дека десната лента е всушност лента за паркинг, 4 трепкачи стискаат и готово, исто како на паркинг да се. По Првомајска ака Борис Трајковски по ново нема ден, нема саат кога нема барем неколку идиоти паркирани (буквално оставени и и згасени коли) на десна лента.

Идиоти кои паркираат пред раскрсница/крстосница (мој сосед)! Ми иде му ја испокршам колата :mad:
 
Последно уредено:
Многу помалку се работи кои не радуваат, пошо све друго не ваѓа од памет. Ама то е... толку ни е сообраќајната култура.
 
Возење по средина на лента, претрчување на пешаци преку улица, споро возење по лева лента на автопат и не се тргнуваат кога им даваш знаци, свирење на некој неискусен и брзо возење низ град на места каде се тесни улиците.
 
Страшно многу ме нервираат велосипедисти на булеварот кај Континентал - Автокоманда.
Од двете страни на булеварот има ОГРОМНИ патеки за возење точак, кои ги асфалтираа пред скоро време и се буквално подобри од коловозот. Ама не, они се паметни и храбри па сакаат да возат заедно со шлепери и автобуси кои што таму возат 10 пати побрзо од нив.
Искрено воопшто не ги жалам, кога ќе ги видам инстанто им посакувам да бидат соберени од некој шлепер.
Возењето со точак на булевар, а имаш патека за велосипеди колку една лента од булеварот за мене е обид за самоубиство.

Исто ме нервираат и шофериве на ЈСП кои што влегуваат од една во друга лента како од шала, а понекогаш и по две ленти кратат за да застанат на автобуска. Ако не успеат да стигнат па уште дијагонално стојат и кур ги боли. Треба некој да им каже дека не возат смартови него 10 метарски товарни возила. И кој кур воопшто бараат во прва лента.
 
Страшно ме нервира не потребно свирење во град. Исто така свриење во колона на семафор, а семафорот се отворил буквално пред 1 секунда. Свирење во колона на раскрсница, а полицаец ја регулира раскрсницата. Што ако свирнеш ? Полицаецот ќе ја застане делегацијата за да поминеш ти ? :tapp:
Таксисти што мислат дека можат да чекаат патници/ симнат патници на СРЕД раскрсница, притоа блокирајќи цела лента во 4 попладне.
Моторџии што проаѓаат во гужва со 60 меѓу коли. И така натака...
 
1. Најмногу мене лично ме нервираат оние кои секогаш ги мрзи да чекаат па од некаде никаде ќе ти се створи до тебе и упорно ќе ти се убацува пред тебе а колана возила пред тебе као демек него му се брза.

2. Камиказите кои се кај Градежен,бит пазар,зелен пазар,ѓорче петров,автокоманда овие пешаци така наречени кои мислат дека можат да поминуваат каде сакаат и во било кое време не дај боже за малку да ги поткачиш тогаш те гледаат ко да си ѓавол и ко демек они се у право.

3. Луѓе кои ги мрзи да возат со кратко светло при разминување бидејќи едноставно кој ќе се замара после да пушта долги...и тогаш они ич не им чуе тасе и си возат со долги.

4. Тип на луѓе кои најмногу ме нервираат кои возат +140 км низ булеварите поточно на Партизанска кои мислат дека некоја типка ќе си ги навлажни ако они турираат на семафор и при тоа возат со +140 а уствари одвратни се.

5. Луѓе кои поминуваат на црвено светло кои едноставно незнаат што е за сопирачки а камоли да застана скроз на црвено и да чека зелено па мора да шишне на црвено при тоа без трошка мозок не размислуваат дека ќе се убијат себе си а најстрашно од се некој невин.

6. Факт е дека премногу мал број има на возачи кои возат барем приближно до прописите, навистина е срамота што владее оваа некултура и од пешачка страна и од оние кои возат бидејќи едноставно така им чини.
 
Многу едноставно за изведба
1. Соодветна патна сигнализација на секоја можна улица
2. Ограничување на бројот на возила и зголемување на патната инфраструктура
3. Некорумпирана, реална и строго дисциплинирана сообраќајна полиција

И се ќе си оди лагано и лагано ...
:)
P.S. Знам, знам, доста сањам. :)
 
Точно, по правило не постои.
Но, сообраќајната култура (која не мора да биде опишана со закон) вели дека не треба да си цреп и да возиш со 30-40 во прва лента. Особено ако уличката во која треба да свртиш ти е на километар :) Исто како што не треба да си цреп и да стоиш прв лентата на која има дополнително зелено светло за вртење (лево или десно, а ти си за право) и да им го блокираш патот на останатите кои сакаат да свртат. Се согласуваш?
Се согласувам.
Но текстот е така напишан што читателот ќе добие впечаток дека постои брза лента и дека таму е дозволено да се вози брзо. За жал многу веќе и веруваат дека левата лента е брза и текстот само ќе им го потркепи погрешното убедување кое некојпат може да биде кобно.
Од друга страна сообраќајните правила и прописи се пред сообраќајната култура. Тој што во левата лента вози 10-20 км/ч под максимално дозволената брзина не прави прекршок и не ја загрозува безбедноста на сообраќајот, за разлика од тој што вози исто толку но над.
Се согласуваш?
 
Јас пример ваквите секогаш ги пуштам зошто го правам истото, мора да признаам.
11041810_10155299230040112_1555047680466984781_n.jpg

Не е точна сликава, да беше вака ќе беше супер. :D
Најчесто овој лево НЕ ДАВА ЖМИГАВЕЦ коа ти се пика у лента. :tapp:
Општо недавањето на сингализација коа вртиш ми е најморонската работа. Ај коа нема коли у видик океј, али у гужва втф. Ко да ќе испаднеш фраер ако не дадеш жмигавец, тибам менталитетот глуп. :facepalm:
 
мислам дека е безосетно ова да го правиш без жмигавец :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom