Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Се наоѓа, јас не ни аплицирав на linkedin ме најдоја и ми понудија. И јас се прашував истото претходно и ми кажаја тука да аплицирам http://www.bayt.com/ но никој не ми се јави![]()
За Катар, Дубаи...освен работа како келнер, шанкер, рецепционер, се наоѓа нешто друго?
Кај мене во хотелот се бара персонал. 2 келнери, 1 келнерка - датум на доаѓање би ви било 2 недели од денес ..
Повеќе инфо, ПП.
ПС: Платата не е сјајна за келнери, ама авионска карта, превоз дома-работа-дома, стан, сметки, интернет, 3 оброци на работа, 3 оброци дома, платена карта за дома после 2 години, 30 дена платен одмор .. Груба пресметка, околу 350-400 еу плата со бонуси ..
Ај прати ми информации по пп, јас веројатно нема да можам ама имам другари и другарки што веројатно ќе сакаат.
Исто дали знаеш како оди за барање работа за веб дизајнери, програмери, машински и електро инжењери?
Минимална плата и дали можеш нешто да средиш околу ова ( нормално, за одреден процент) ?
Ај прати ми информации по пп, јас веројатно нема да можам ама имам другари и другарки што веројатно ќе сакаат.
Исто дали знаеш како оди за барање работа за веб дизајнери, програмери, машински и електро инжењери?
Минимална плата и дали можеш нешто да средиш околу ова ( нормално, за одреден процент) ?
Екстра англиски бараат за таму?
IT Security Специјалисти за Саудиска Арабија ако сакаш да се пробаш , договор една година, кука и кола добиваш. Исто 6 билети до дома кога сакаш во годината. Уште две слободни места има.
На таа страната шо беше погоре спомната, пребарав нешто за струкава шо ме интересира, за во Кувајт поточно беше, вика за таа работа просечна плата 2500 кувајтски динари...ко претворив во евра...6000![]()
Нема што да те чуди, на блискиот исток одат да работат луѓе од западна европа и америка затоа што е моментално најмногу платено. Проблемот е што многу тешко се фаќа стручна работа. Но еднаш влезиш на тој пазар , шо се вика на Камила си![]()
Од разговорот со луѓе дојдени на работа од Либан, Сирија, Пакистан и околината кои се веке 7 години во арапските земји секој од нив кажува дека најголема улога за големината на платата што ке ја земаш игра ПАСОШОТ од која земја го имаш. И така овие луѓево кои долго време си работат си земаат пониска плата од оние кои имаат американски пасош, германски, норвешки , британски и слично. Затоа што арапите ја прилагодуваат висината на платата според стандардот од земјата од која што го имаш пасошот.
И така некои ебени индијци со американски пасош земаат високи плати , за разлика од оние со да речиме бугарски пасошБаш и вчера бев на вечера со либанец кој работи менаџер во една компанија овде долго време и човекот сеуште зема за некој процент пониска плата од неговиот колега од Велика Британија само поради тоа што имаат различен пасош.