Работа преку лето

  • Креатор на темата Креатор на темата JohnnyBCool
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто ви е работа уште на 17-18 години? Ќе добиете траума, и после на постари години нема да ви се работи воопшто. Затоа, јас за работа не ни размислувам... (y)

Тебе тато онака, чисто информативно, колку пари ти дава неделно? 1000че? Трауми да немаш ти од нив?
 
Типичен коментар за мрзливо и разгалено дете.

Никој не може да те натера да работиш ама доколку имаш можност и почнеш уште од 18 да заработуваш е многу подобро за тебе како човек па и за родителите.
Не е така, и погрешно ме разбравте. Сега имам училишни обврски, уште малку ќе имам студентски обврски, и затоа реков дека ништо нема да ме натера да работам уште од 18 год. За работа ќе мислам после 25 год. А летото е време за одмор.
 
Абе може не си мрзелив , ама сигурно имаш родители кои заработуваат доволно па немаш такви проблеми... А другите , претежно со слаб буџет пробуваат да се снајдат.
Инаку и јас планирам да работам некаде ЦГ, Грција на крај краева тука кај нас да се работи нешто ...Дај ако налета некој на огласи за на море работа нека стави линк или преку ПП за да пробаме негде.
Инаку за ЦГ најдобар период е сега 1 -15 мај да се отиде на лице место и да се побара работа , бидејќи од, 1 јуни веќе започнува сезона.
 
1. Абе може не си мрзелив , ама сигурно имаш родители кои заработуваат доволно па немаш такви проблеми... А другите , претежно со слаб буџет пробуваат да се снајдат.
2. Инаку и јас планирам да работам некаде ЦГ, Грција на крај краева тука кај нас да се работи нешто ...Дај ако налета некој на огласи за на море работа нека стави линк или преку ПП за да пробаме негде.
Инаку за ЦГ најдобар период е сега 1 -15 мај да се отиде на лице место и да се побара работа , бидејќи од, 1 јуни веќе започнува сезона.

1. На денешницава никогаш не стасуваат доволно пари.. ама мене домашните сами не би ме оставиле уште од сега да се малтретирам со работа.

2. Пробај да аплицираш за работа на брод. Така е најлесно, и барем нема да работиш на црно. Братучет ми ќе замини некаде во средината на мај.
 
Не е така, и погрешно ме разбравте. Сега имам училишни обврски, уште малку ќе имам студентски обврски, и затоа реков дека ништо нема да ме натера да работам уште од 18 год. За работа ќе мислам после 25 год. А летото е време за одмор.
Епа не се сите како тебе бе другар, некој мора и да работи нешто за да може да го подмири финансискиот дел од студиите. ;)
Или па за да отиде на одмор.... Не сите родени со богати мама и тато.
 
1. На денешницава никогаш не стасуваат доволно пари.. ама мене домашните сами не би ме оставиле уште од сега да се малтретирам со работа.

2. Пробај да аплицираш за работа на брод. Така е најлесно, и барем нема да работиш на црно. Братучет ми ќе замини некаде во средината на мај.

Ок , и моите не би сакале јас да работам , ама таква ситуација е :)
А за брод тешко , тоа се оди подолг временски период , јас на факултет идам така да негде 3 месеци сум само слободен ...
 
Епа не се сите како тебе бе другар, некој мора и да работи нешто за да може да го подмири финансискиот дел од студиите. ;)
Или па за да отиде на одмор.... Не сите родени со богати мама и тато.
Не реков дека родителите ми се богати. Само реков дека моментално имам други обврски, и не би можел да извршувам 100 работи истовремено.

И вие сега барате работа, и ако најдете, по 3 дена работа сигурно ќе откажете (зборувам за средношколците и студентите), и нормално е тоа, никој не може истовремено да извршува повеќе работи.
 
Кај живееш ти бре?
Никој не можел да извршува истовремено повеќе работи. Ако ти си неспособен не мора да значи дека сите се ко тебе.
 
Добро де, не ти се богати ама имаат доволно пари за ти да можеш безгрижно да се школуваш. Е сеа треба да сватиш дека некој нема !
А колку луѓе само знам што работат и студираат истовремено..... Секој би сакал да ја има твојата ситуација и да не мора да работи. Али јебеш га брат, го нема секој тој благодет за жал.
 
Кај живееш ти бре?
Никој не можел да извршува истовремено повеќе работи. Ако ти си неспособен не мора да значи дека сите се ко тебе.
Сум видел доста примери, сигурно не зборувам од памет.
Ти изгледа си од оние ретките, што можат да работат постојано, и не ти е потребен одмор. Во ред, разбрав. Не сакам да се расправам сега..
 
Остај го ќе порасне. Не можеш да замериш, оти не знае.;)

Туку дечки, отворајте огласите ако барате работа со време. Овде работа преку ноќ не се наоѓа. Посебно ако немате никој жив да ви помогне ( прашајте паталец ко мене). И немојте да се демотивирате одма, макар и да не земате којзнае какви плати или дневници особено ако досега немате ни ден работно искуство. Најчесто по кафичиве може да најдете работа, а гледам и дека бараат сега деца за помош за местење гипс картони. Не може да загубите ништо, ем ќе поднаучите нешто за да ви се најде некогаш, ем некој динар и што е најбитно контакти ќе стекнете. Овде тоа ви е најбитно, што повеќе луѓе имате толку подобри ви се шансите за да се снајдете понатаму.
Со среќа(y)
 
Сум видел доста примери, сигурно не зборувам од памет.
Ти изгледа си од оние ретките, што можат да работат постојано, и не ти е потребен одмор. Во ред, разбрав. Не сакам да се расправам сега..

Шо си видел, со таков начин на размислување нормално дека само такви примери ќе видиш.
И јас сум видел и такви кои се откажуваат и такви кои после предавања иделе да бидат келнери за да си го платат студирањето, зашто не им стигале парите кои нивните родители им ги давале.

Аман со глупостиве, тоа ако тебе скоро се ти е под конец и не мора да се грижиш за такви според тебе банални ствари, не мора да значи дека на сите им е така.
 
Во ред е. Разбрав. :)

Незнам оти одма почнувате со тоа богати, сиромашни...
 
Граџевина, како и лани :/

Лани успеав да издржам еден месец и една недела. Годинава морам малце да запнам.

И што си работел со тоа?Колку заработи?И колку години си?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom