Со C1/D виза можеш да останеш на територија на САД до 29 дена без прекин, по потреба тоа да се продолжи.
И да имаш комбо со B1/2 виза немаш пак social security number или матичен, така да или бараш контакт на брод преку некој да останеш на копно легално со работна виза, или премногу ризикуваш да завршиш во имиграциски притвор шо можи многу да трае и после тоа да заборавиш на влез не само во САД, туку и некои други земји кои се пожелни како дестинации за емигрирање.
За некои членови на екипажот кои доаѓаат од земји шо се сметаат за високоризични според некои процени да останат како илегалци по завршување на договорот, од брод со се пасош се испраќаат до качување во авион со обезбедување, така да треба да се размисли добро дека не е ова заебанција, неколку грешки последователно и компанијата носи одлука да не најмува повеќе државјани на одредена земја.
Компаниите имаат непресушен извор на работна сила, ако не е МКД ќе биде др. земја, ама дали македонците имаат толку многу алтернативи за работа во странство со МКД пасош и добра заработка, па да се затвори и таа врата треба сериозно да се размисли пред да се преземе таков чекор.