Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.411
- Поени од реакции
- 7.871
Прв договор немате право на промена на оддел, продолжување или кратење на договор, подолг одомор и сл.
Издржете еден договор, на следниот ќе биде друга приказна, сум разговарал со луѓе со преку 20г искуство во работа по крузери, прошле низ речиси сите поголеми компании, плус минус тука се некаде сите.
Разлика има во помалите што се екстра луксузни или овие т.н резидентни крузери, за кои колку шо знам треба добра препорака, значи лично од менаџмент на менаџмент поради специфичноста на клиентелата и нивото на услуга шо се бара.
Ако веќе планирате да продолжите со работа на брод, моја препорака е да останете на Карнивал и да барате промена на оддел него да менувате компанија. Плус Карнивал еве @Tonchie вели дека е единствена компанија која има официјална кадровска политика за парови, а и гарантирам дека ги цени повеќе поради тоа што обично подолго остануваат во ротација и општо траат подолго во работа на брод, сум сретнал доста сениор менаџмент парови кои често заедно воделе цел оддел.
Наредниот договор немате буквално никакви давачки, веќе сте навикнати на компанијата а ако нема успех промената на оддел можете слободно да се вратите дома на нивни трошок и пак да потрошите куп пари и време за да си ја пробате среќата на друга компанија, колку ќе биде тоа „друго“ никој ништо не гарантира.
Патем речено, пошто сте прв договор треба да имате добра прва 90 дневна евалуација, да немате во досие писмена опомена никаква и на крај од прв договор исто така солидна евалуација, ако шефот на одделот каде сте сега не даде позитивна оцена, нема нов оддел, т.е шансите опаѓаат ептен.
Има еден куп бесплатни курсеви во центарот за тренинг на екипаж, завршете нешто за да оставите добар впечаток во Human Resources или Кадровско по наше, и онака тие прават првична процена за барањето за промена на оддел.
Сино небо и мирно море.